Од секогаш ме интересирало, доколку се заклучи воланот со вртење без да се даде контакт, дали воланот ќе остане блокиран доколку крадецот ја запали колата?
Ќе остане...
Тоа е едно склопче како заб на стубот на воланот кој дејствува независно од палењето, иако на повеќето возила стои на самата контакт брава, и се активира со помош на клучот.
Од Ксарата, фала Богу, ми немаат украдено ништо

Сега стои во гаража, така да не се секирам, под надзор е
Порано ми имаат дигано радио, бензин, резервна гума (!!!????) некои работи од багажникот (периодот кога го запуштив ФИАТ-от пред да се зафатам со него). Радиото беше релативно ново, ама не ми е мака за него, онаа кое ми е мене битно, од 1969 ми е дома
И, неколку совети:
Апашите можат да отворат и да украдат секаква кола.
Сите заштити кои се ставаат на колата се со цел да им се продолжи времето за кое би влегле и би ја дигнале колата.
Говедото апашко ќе се откаже ако му е потребно многу време за отварање и палење.
Најдобро, комбинација од аларм и некоја механичка заштита како оние рачките кои го заклучуваат воланот со педалот за кочница или куплунг, мул-т-лок на менувач или Зедер.
Никогаш не оставајте ништо на видно место, радиото вадете го од колата.