Благодарам за убавиот пост. Јас мислев дека државите се задолжуваат, а да ги субвенционираат своите стопанства.
Дали можеш да ми објасниш, од каде им се на банките толкави средства?
И уште нешто. Сигурно ти е познато дека модерниот свет настана во 18 век, кога апсолутистичките феудални монархии влегоа во должничка криза. Дали оваа должничка криза може да се изроди во нешто ново?
Субвенција како поим прво не ја сакам,второ и државите исто како и луѓето се задолжуваат некој за ова некој за она,значи некој(а) вложува во инфраструктура која ќе донесе профит по одредено време некој за да купи телевизор,автомобил,или да го исплати државниот апарат или некој како што кажа за да го субвенционираат стопанствата.Тоа си го одредува секоја влада на една држава а последиците за жал ги трга народот.
Второ, Банките одкога постојат како банки практично се озаконети ЛИХВАРИ,значи дел од сретствата ги прибираат од камати од оние кои што се задолжени кај нив(ако немаш пари а си се задолжил ти го земаат имиотот,на тој начин се влегува во тој водовртеж).Значи банките како банки мора да генерираат побарувачка за нивните пари кај нас луѓето,за ние да им генерираме заработувачка во вид на камати и пенали кои ние ги исплаќаме.
Второ банките добар дел од нивните приходи исто така ги добиваат со чување на пари од депоненти(демек на сигурно) а ти за тоа добиваш некој минорен процент камата додека тие генерираат заработка од нивните вложувања во акции, обврзници(државни) , меници(допирни точки со инвестициските фондови) и исто така во некои држави можат да дејствуваат дури и како брокерски куќи.
Значи во суштина целиот овој систем е сведен на тоа да се генерира еконмски раст кој би генерирал се поголема потрошувачка која би го подигнала стопанството,низ кое би дошол уште поголем раст.
Е арно ама тоа не оди така лесно на пример за на берзите да има позитивен економски раст и да бидат стабилни мора да има оптимизам дека ситуацијата ќе се подобри за да луѓето се повеќе работат за пари и се повеќе трошат,или купуваат акции на берза на пример (МАГИЧЕН КРУГ

).(Од ова што го напишав, практично излегува дека капитализмот не е ништо подобар од робовладетелското општество,односно дека парите се еден вид на средство за да не натераат нас луѓето се повеќе и повеќе да работиме).
Значи ние сме тие кои ги богатееме озаконетите лихвари-банките(значи луѓе кои ги поседуваат тие банки и кои се историски наназад доста богати).
Трето, баш порди таа должничка криза на феудалистичките држави беше измислен капитализмот,за кој верувам дека сеуште не му е дојден денот а верувај ми и да му е дојден денот тоа што ќе го измислат ќе биде исто, енормно богатите ќе останат енормно богати кои ќе сакаат уште да се богатеат а останатите ќе бидат робови со привдни права (договори за права, плата) со други зборови кажано, Србите велат:-Исто срање, друго паковање.