Кризата пристигна и во Македонија
Гошев: НБМ не прима притисоци. Сугестиите за намалување на каматите не можеме да ги прифатиме
Александрија Стевковска
Светската економска криза зазема драматични размери и во земјава, притискајќи ги компаниите и принудувајќи ги да отпуштаат вработени и да го намалуваат обемот на својата работа, како резултат на падот на цените на берзанските производи и откажаните нарачки. Според стопанствениците, ударот од кризата допрва ќе се почувствува во практиката особено по Нова година, кога се очекува нов бран отпуштања, стопирање или сведување на минимум на сите договори за извоз и нарачки. Намалувањето на обемот на работа во реалниот сектор го доведува во прашање одржувањето на проекцијата за макроекономските показатели, кои Владата ги вгради и во Предлог-буџетот за идната година. Што се однесува до финансискиот сектор, надлежните засега уверуваат дека тој е стабилен.
„Состојбата во државава може и да се влошува, што може да доведе до корекција на стапката на економски раст за идната година и таа да биде помала од 5,5 отсто. Засега кризата ја чувствуваат над 1.000 работници кои се на принуден одмор, а за еден-два месеца можат да бидат и отпуштени, а се' уште не се знае до кога ќе трае кризата, колку ќе се продлабочува и во кои сектори ќе се рашири.
Во секој случај, намалените нарачки и намалениот извоз ќе резултираат со нови отпуштања и раст на и онака високиот трговски дефицит“, истакна претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Јован Манасиевски на вчерашната седница, на која беше усвоена информацијата за влијанието на финансиската криза врз земјава, која понатаму ќе биде доставена и до пратениците.
Дека има проблем во реалниот сектор потврди и Јелисавета Георгиева од Стопанската комора на Македонија, која даде поразителни бројки за намалениот обем на работа во реалниот сектор.
„Фени“ отпушти работници на принуден одмор. „Силмак“ згасна четири печки, што предизвика, исто така, отпуштања вработени. Како резултат на нивната намалена активност, редуцирана е работата на транспортерите кои го пренесуваа нивното производство. Како резултат на нивната намалена работа, намалена е и побарувачката на амортизери за возилата, а запрено е и производството на огноотпорни тули кои се користеа во производните капацитети. Побарувачката на бојлери е намалена за 50 отсто, пласманот на хемиски производи е сведен на една петина од претходно, за 60 отсто е намален пласманот на хемиските материјали, кои се користат во градежништвото. Намалена е побарувачката на ламели, кабли, жица. Чевларската и текстилната индустрија немаат нарачки за идната година, а и аграрот бележи намалени нарачки за финални производи во идната година“, објасни Георгиева.
И Сојузот на стопански комори изразува страв дека проблемите во реалниот сектор ќе се мултиплицираат претстојниов период, поради што бараат помош од државата преку олабавување на даночната политика за извозноориентираните компании.
За разлика од реалниот сектор кој ја чувствува кризата во целата нејзина суровост и кој веќе бележи загуби, фискалната и монетарната власт убедуваат дека овој сектор е безбеден и сигурен и дека во случај на потреба ќе се преземаат дополнителни мерки за заштита.
„Подготвени сме да реагираме доколку има потреба за тоа. Во контекст на тоа, има можност со закон да ги заштитиме депозитите во нивната вкупна вредност, посебно со оглед на тоа што во изминатиот период во одреден период имаше поголемо повлекување на депозитите. Што се однесува до кризата, нејзините последици засега ги чувствува реалниот сектор, посебно металците, но Владата смета дека со пари на даночните обврзници не треба да помага одделни компании. Во светот државите поддржаа одредени компании и финансиски институции, но тоа го направија преку купување префренцијални акции во тие фирми“, и' образложи министерот за финансии Трајко Славески на собраниската Комисија.
Тој, како и гувернерот на НБМ Петар Гошев, уште еднаш цврсто застанаа во заштита на стабилниот девизен курс, кој според нив нема воопшто простор да се менува. „Интенција на НБМ останува одржување стабилен девизен курс. Тоа најмногу се должи на стабилната монетарна политика и банкарскиот сектор. Кај нас директните ефекти од кризата доаѓаат од реалниот, а не од финансискиот сектор. Немаме проблем со неликвидност и недокапитализираност на банките, како што беше случајот со банките во САД и во Европа. Нашиот банкарски систем е конзервативен, поради што е стабилен и ликвиден, со низок степен на ризичност на портфолиото. Доколку бидеме во ситуација целосно да се вратат пласманите на средствата кои се од поризичните групи, од Б до Д, тоа ќе зафати само 17 отсто од капиталот на банките“, истакна Гошев.
Тој додаде дека НБМ веќе презела мерки за заштита на банкарскиот систем преку обесхрабрување на растот на кредитирањето, со зголемување на каматните стапки.
НБМ засега не планира да ги олабавува каматите. „Централната банка не прима притисоци и не одлучува врз основа на притисоци и нашите согледувања се дека сугестиите за намалување на каматните стапки во овој момент не можеме да ги прифатиме“, објасни Гошев.
Како последица на глобалната економска криза е голема веројатноста дека во блиска иднина ќе се намали приливот на странски директни инвестиции и дознаките од странство, што дополнително ќе ја влошат економската ситуација во земјава. „Во светот има две кризи, финансиска и рецесиска. Со оглед на тоа дека 60 отсто од нашиот извоз оди во ЕУ, во која некои земји се во рецесија, тоа ќе се рефлектира врз намалување на нашиот извоз. Ќе се ревидира и најавата за влез на странски инвестиции, а ќе се намалат и дознаките од странство, поради контракциите на стопанствата во кои се наоѓаат нашите иселеници“, објасни Манасиевски.
Тој нагласи дека со згаснувањето на производствените капацитети ќе се намалат и приливите на даноци во буџетот, што може да резултира со многу помал економски раст. „Со оглед на тоа дека откако беше изготвен буџетот и предаден во Собранието, стапката на раст се стопи од 6 на 5,5 отсто, тоа значи дека таа може и да не ја достигне таа вредност“, смета Манасиевски.
За влијанието на глобалната криза врз пазарот на капитал, директорот на Македонската берза Иван Штериев рече дека Берзата во Македонија, како и другите берзи во регионот, ја почувствувале многу порано поради природата на пазарите тие да реагираат на дневна основа. „Колку за споредба, ако во 2006 година се остварувал дневен промет од 500.000 евра, во 2007 година тој се зголеми до 2 милијарди евра, а сега е паднат на 5.000 евра“, истакна Штериев. Тој уште еднаш потенцираше дека кризата на Берзата е повеќе психолошка.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B4B520523F39E74DA5D98B7CD72754DB