Kraftwerk - СЦ Борис Трајковски - 27.02.2018

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.239
Поени од реакции
4.413
СЀ Е ПОДГОТВЕНО ЗА КОНЦЕРТОТ НА KRAFTWERK! ПОЧНУВА ТАКСИРАТ 2.0!

Утре со концертот на KRAFTWERK - една од највлијателните и најзначајните електронски групи во светот чие музичко наследство е легендарно и вонвременско – започнува 20-тиот ТАКСИРАТ во Скопје! Како предводник на експерименталната сцена, со својата визија за иднината KRAFTWERK ја создаде музичката подлога за дигиталната ера на 21-виот век, а овој легендарен состав се враќа во Скопје по 13 години од нивното прво гостување кај нас и концертот кој сѐ уште важи за еден од најдобрите кои досега се одржале во Македонија. Уште повеќе, KRAFTWERK овој пат гостуваат со 3Д концерт од нивната исклучително успешна турнеја со која официјално ја отвораме и програмата за прослава на 20-ката на Таксират!

Прво и најважно: ДА, KRAFTWERK ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ! Утре (27-ми февруари) легендарниот колектив KRAFTWERK гостува со КОНЦЕРТ ВО ЖИВО кој ќе биде надополнет со специјалнo 3Д визуелно шоу. За таа цел, секој посетител при влез на концертот ќе добие и брендирани 3Д очила.

Концертот на KRAFTWERK ќе се одржи во вторник (27-ми февруари) во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите од 19:00 часот, а почетокот на концертот е во 20:30 часот. Во холот на арената ќе бидат сместени и продажни штандови за официјалниот merch, посебно подготвен за оваа турнеја.

Поради големиот број на посетители и со цел да се избегнат гужвите, за време на концертот во арената „Борис Трајковски“ во функција ќе бидат повеќе влезови: главен влез (југ), ВИП влез (запад – од страна на лизгалиштето) и страничен влез (исток – од страна на базенот).

Сите оние кои билетите ги купиле онлајн ги известуваме дека нема да се врши замена на ваучерите за билети, туку задолжително треба да ги испечатат електронските ваучери (PDF документот во нивниот и-мејл) и да ги приложат при влез на концертот заедно со документ за лична идентификација. Оние онлајн купувачи пак кои сепак преферираат да имаат класичен билет за нивните колекционерски потреби, ќе можат да ја направат оваа замена веднаш по завршувањето на концертот, на билетарницата во арената „Борис Трајковски“.

При влегувањето на концерт сите посетители ќе се претресуваат за проверка на предметите кои се внесуваат. Во концертната сала, покрај храна и пијалоци како и вообичаено забранетите предмети, нема да смее да се внесува професионална и полупрофесионална аудио и видео опрема за снимање и пренос на концертот, што вклучува камери и фотоапарати со кои може да се користи објектив.

Ве молиме имајте предвид дека паркингот на Вип Арена „Борис Трајковски“ е со лимитиран капацитет, а поради големиот број на посетители и со цел да се избегне гужвата, наша препорака е да го користите јавниот превоз и околните паркинзи за возилата.

Сите заинтересирани посетители кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници за концертот на KRAFTWERK ги известуваме дека фан-пит и партер билетите се целосно распродадени, а преостанатите билети за трибините, можете да ги купите прекупродажната мрежа на МКтикетс или онлајн на овој линк.
 
Последно уредено:

Almeida

гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.153
Поени од реакции
13.182
Моја препорака е да си одите на време, пошо претходниот пат многу малку доцнеа.
Многу ми е криво што нема да можам да одам упм...

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.239
Поени од реакции
4.413
Никој не пишува рецензија?

Јас си поминав многу убаво. Можеби очекував повеќе од техничка гледна точка, мада у принцип беше ТоБ.
Почнаа со 1 минута доцнење и завршија по 2 саати со 1 минута доцнење.
Се видов со интересни луѓе.
Единствена негативна забелешка е што картонските 3Д наочари ми пречеа, ама па и онака поголем дел од концертот можеше да се ужива и без нив.

Сателитот кој леташе околу земјава беше баш добар 3Д приказ :)
И фотографиите од Скопје од пред некоја година :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.787
Поени од реакции
7.555
Вчера имав еден тон работа, па малце и заглавив, имав време да дојдам дома да се пресоблечам да јадам и одма да излезам, за да стигнам кнап, негде во 20:20. Причина плус зашто не најдов време да се договорам со Тончи и отидов на концертот соло, како и што бев на почетокот.

Генерално си пројдов многу добро и задоволен сум што ги фатив, пред да отидат во пензија. Едина маана ми беше што на поедноставните нумери се осеќаше дека звукот не е доволно силен, додека на оние малце побесните (со повеќе бас) и покомплицирани мене звукот ми беше таман. Друго што ми пречеше на моменти е постојаното снимање и сликање со телефоните, имаше луѓе што не ја симнаа раката од телефонот снимајки и постирајќи, го пропуштија јебениот концерт, али ова е веќе стандардна работа на денешните концерти така да, тоа е.

Германциве точни и систематски, навреме почнување и два часа концерт, без многу паузирање и обесување муда. Првата појака енергија се осети на Man Machine и стварно добро звучеше. После еден од подобрите моменти беше Spacelab и тука 3Д-то беше многу добро, особено на сателитот што го спомна Тончи, она кога се движеше накај публиката мислиш ќе удри во тебе. 3Д-то на некои нумери и го немаше многу и не се осеќаше ама и самите тие визуелни проекции не беа со потенцијал за 3Д, а на некои нумери 3Д-то беше коска, пример нотите што се разлетуваа имаа супер 3Д. Крафтверк немаат некои многу комплицирани визуелизации, претежно минималистички беа проекциите али аранжманот, комбинациите и прелазите знаат да дадат истрипани моменти. На Spacelab исто интересен момент беше летечката чинија низ Скопје и слетувањето нејзино пред Борис Трајковски салата. После нејзе идеше Das Model, така да овие 10-12 минути беа топ. Radioactivity ми беше еден од подобрите моменти на концертот а мислам дека врвот беше после затворање на завесите првиот пат. После саат и кусур свирење се затворија завесите и после некоја минута кога се отворија завестите наместо членовите на бендот беа поставени роботизираните кукли направени според нивниот лик и нормално, почна да иде The Robots, многу јак момент! После ова се вратија германците на бина и отсвирија уште неколку нумери и тоа беше тоа. Се на се супер искуство.

Убаво би било некој што бил на двата концерти, на овој и на тој од пред 13 години да пише искуства и разлика во настапот и сл.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
1.538

Бев на Концертот во 2005та. Речиси 80-90% беше исто само што немаше 3Д. На тој во 2005та повеќе уживав зошто незнаев што ќе добијам. Не сум огромен фан на Крафтверк. Но и на овој бев бидејќи на предходниот бев ептен позитивно изнеднаден. Овој беше истотака супер ама немаше фактор изненадување дури и на моменти ми беше досаден па си пиев КокаКола одев во ВЦ итн. Но сепак вредеше за парите. А тоа со мобилните е отров...Само раце горе а се погодија некои високи дечки и се изнагледав на екран. Како и да е задовлен сум. Следно нешто на програма позанчајно ми е Лајбах...пак германски да слушам. :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.787
Поени од реакции
7.555
Инаку не наведов дека нумери кои сакав да ги чујам ама знаев дека нема се: Antenna, Showroom Dummies, The Telephone Call, Metropolis и можеби омилената The Hall of Mirrors.
 
Almeida

гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.153
Поени од реакции
13.182
Немаат албум после Tour de France Soundtracks - таа е програмата. Од составот си замина еден од двајцата останати оригинални членови во меѓувреме.
 
На врв Bottom