Kraftwerk - СЦ Борис Трајковски - 27.02.2018

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.459
Германските пионери на електронската музика, легендарните KRAFTWERK ќе настапат во Скопје со извонредното 3D шоу од нивната актуелна и исклучително успешна светска турнеја. Концертот на KRAFTWERK во Скопје, како ексклузивен настан во организација на ТАКСИРАТ и Password Production, ќе се одржи на 27-ми февруари 2018 година во Вип Арена „Борис Трајковски“.

Спојувајќи ги музиката и перформативната уметност, 3-D концертите на KRAFTWERK претставуваат вистински „Gesamtkunstwerk“ – тотално уметничко дело кое ја открива сложеноста на односот помеѓу човекот и машините.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за настанот, како и цените на билетите кои ќе бидат пуштени во продажба во среда, 11-ти октомври во 10:00 часот, преку продажната мрежа на МкТикетс.

KRAFTWERK е една од највлијателните и најзначајните електронски групи во светот чие музичко наследство е легендарно и вонвременско! Како предводник на експерименталната сцена, со својата визија за иднината KRAFTWERK ја создаде музичката подлога за дигиталната ера на 21-виот век. Музиката на KRAFTWERK изврши огромно влијание врз цел спектар на музички жанрови: од електро до хип-хоп, од техно до синтпоп и не постои речиси ниту еден германски бенд кој толку често се наведува како извор на инспирација и авторитет за илјадници музичари. Поради пресудното влијание и применливоста на електрониката во музиката тие важат за бендот без кој модерната музика денес не би звучела исто.
Мулти-медијалниот проект KRAFTWERK е оформен во 1970 година кога Ralf Hütter и Florian Schneider го уредуваат нивното култно електронско студио „Kling Klang“ во Дизелдорф, Германија каде што се зачнати и продуцирани сите албуми на KRAFTWERK. Нивната музика, многумина веднаш ја нарекоа авангардна, а тие уште со дебитантскиот албум „Kraftwerk I“ ја наговестија револуцијата во современата музика. По некое време KRAFTWERK почнува да функционира како квартет и до средината на ’70-тите години на минатиот век KRAFTWERK достигна меѓународно признание за нивните револуционерни електронски звучни пејсажи и нивното музичко експериментирање со роботика и разни технички иновации. Меѓу останатите признанија за нивната работа, Ralf Hütter и неговиот поранешен партнер во 2014 година ја добија наградата Греми за животно дело.
За време на речиси 50 години постоење KRAFTWERK објавуваат десет успешни студиски изданија, како и неколку компилациски и два live албум, од кои последниот „3-D The Catalogue“ го објавија во мај годинава. Аудио и видео материјалите од ова издание ги сумираат бројните и значајни 3-D перформанси на бендот во најпрестижните музеи и концертни арени низ светските метрополи, кои ги одржаа од 2012 до 2016 година, а токму ова спектакуларно 3D остварување на KRAFTWERK ќе имаме прилика да го погледнеме во живо на концертот во Скопје.

FB event.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Колку се карти?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ги гледав првиот пат кога беа во Скопје. Стварно беше еден посебен настан. Целиот перформанс е сериозно разработен од уметнички тим, со посебна, уникатна за нив естетика, која луѓе или ја разбираат или не.
Штета што само Ралф Хутер е сега дел од оригиналната постава. Флоријан мислам дека пред неколку години ја напушти екипата.
Како и да е, светски настан е ова за Скопје. По вакви настани град се одвојува од село, а порано многу повеќе ги имаше у Скопје.
Интересен момент е од тогаш што се сеќавам, дека доаѓаат и ги носат точаците со себе. Претходниот пат возеа на Водно :)
И уште еден детаљ, мислам дека мизо педерчето успеа Карл Кокс да го донесе у ист ден, што беше многу педерски за сцената тогаш затоа што целиот аранжман на двете места беше околу 2500-3000 за да идеш на двете свирки....ама тоа е факинг Скопје.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.459
Минатиот пат кога дојдоа во Скопје јас не отидов бидејќи бев накурч поради еден друг настан кој испадна фијаско.
Другарчиња што отидоа на Крафтверк викаа дека било предобро. Другарчиња што отидоа на Карл Кокс исто викаа дека ТоБ си поминале.
Другарчиња што биле и на двете у истата вечер не знам, не се дружам со луѓе што имаат доволно хемија за да ги издржат двата настани :pos:

Овој пат само ако заминам на брод нема да присуствувам. На 11ти таман треба рано да станам, ќе си ставам потсетник да купам карта :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Браво. Не бев претходниот пат, тогаш позелен и само Продиџи стил настроен бев од елетроникава, али години отпосле ми беше криво. Овојпат не ги пропуштам, мило ми е што повторно имаме шанса да ги гледаме.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
uste da bese petok ili sabota , ama toa e
Поефтин букинг и други трошоци ваљда? Додуша не знам дали би важело тоа за Kraftwerk, ипак не се работи за DJ :) Исто и Jean Michel Jarre беше некој работен ден и до полноќ ќе заврши... Единствен проблем е за луѓето надвор од Скопје.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Земав карта за фан пит, некој ако е за дружба нека пише. Сега за сега сум соло за концерт.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.459
Земав карта за фан пит, некој ако е за дружба нека пише. Сега за сега сум соло за концерт.
И јас сум сеа за сеа соло артист. Чекам едно другарче да ми пише дали успеал да купи карта, па да бидеме дуо-трио :)

Edit: Потврдено дека земал карта за фан-пит, ете тројца ќе бидеме :) можда ќе најдеме уште некое другарче попат :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom