-Бетли во Олимпија
-Престон Шамперт во Улкер поточно Фенербахче
-Александро Ничевич исто во Фенербахче
Перо Антиќ ја напушта ЦРВЕНА ЗВЕЗДА Перо Антиќ, кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, следната сезона сигурно нема да го носи дресот на српскиот прволигаш Црвена звезда. Според неговиот менаџер Јоргос Патапатиу, од менаџерската агенција „Интерперформанс“, Антиќ веќе нема никакви договорни обврски ко белградскиот тим и својата кариера ќе ја продолжи во друга екипа, која, според него, ќе биде од некое од посилните европски првенства.
- Антиќ не останува во Белград, тоа е единственото сигурно нешто во моментов. Веќе имаме неколку квалитетни понуди за него, но сето тоа се уште е во фаза на преговори, поради што не можам да ги кажам имињата на заинтересираните клубови. Мислам дека најдоцна за две недели ќе се знае името на новиот клуб на Антиќ - вели менаџерот Патапатиу.
„Време“ неофицијално дознава дека во изминатите десетина дена најсериозе во контактите со Антиќ бил шпанскиот прволигаш Џирона. Сепак, последните информации велат дека дошло до преки во преговорите и дека најверојатно ќе пропадне шансата македонскиот репрезентативец да се пресели во Шпанија, барем во таборот на Џирона, ланскиот победник во ФИБА-Еврокупот.
Патапатиу работи како менаџер и на уште двајца македонски интернационалци, Мирза Куртовиќ и Душко Боцевски. Според него, Куртовиќ останува во грчкиот прволигаш Олимпија Лариса, каде што настапуваше минатата сезона, додека за Боцевски, кој лани играше во полски Анвил, се бара нова средина.
- Куртовиќ лани потпиша двегодише договор со Олимпија Лариса и тој според сегашната ситуација ќе остане во Грција и следната сезона. Луѓето од клубот се задоволни од неговите игри и засега нема најави за некакви промени. Боцевски, пак, не останува во Анвил. Преговараме со неколку екипи што се заинтересирани за него, но засега нема ништо конкретно - завршува Патапатиу. И.К.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1164&ArticleID=74771