Teшко да му бил 19 поени просек. Со таков просек, ти како гледач на кошарката, треба да знаеш дека се игра во НБА, од причина што просек на кошеви во НЦАА е 65-70 на цела екипа и играчи со вакви просеци се бирани меѓу првите 15 на драфт
Грешна информација како по обичај

...14.5hehe..
Он топик:
Ако и ги имаше, веќе дилеми нема. И во следната сезона Синиша Аврамовски ќе игра надвор од Македонија, поточно на Кипар.
Како што пред неколку дена најави "Македонски спорт", репрезентативниот центар и официјално е нов играч на екипата на Аполон од Лимасол.
Високиот центар се обврза на едногодишен договор со Кипраните и веќе го имаше и своето официјално деби во новиот клуб.
"Во следната сезона ќе играм на Кипар. Иако имаше и други опции, се одлучив за оваа. Мислам дека не погрешив, и дека по ЦСКА и Черно Море и понатаму ќе напредувам во кариерата" - вели Аврамовски.
Аврамовски го имаше и своето деби во дресот на новиот клуб. Беше дел од екипата на Аполон, која одигра контролен натпревар со Пафос.
Тој ќе има поголем простор за "побрза аклиматизација" на условите за работа, особено ако се знае дека покрај себе ќе го има Бугаринот Бојко Младенов, кој беше дел од ЦСКА, но и Гркот Василис Кицулис, лани играч на Струмица.
Што е можеби и најважно, тренер на оваа екипа е нам добро познатиот Стратос Кукулекидис, кој кормилареше со струмичкиот брод с$ до она несреќно финале од Купот на Македонија во Битола.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=FDD94BFE8B4FFB45AB3FE3EC9634CFDF