Кошаркарски актуелности

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
За оние кои не знаат. Кевин Гарнет и Реј Ален отидоа во Бостон. Значи во комбинација и Пол Пирс со нив мислам дека ќе имаат најдобра тројка во НБА
 
Тоа е од дамна..:)..мада сите знаеме дека они се најубиствена тројка оваа година односно годината што претстои!
 
Вебер: Сакам прстен од НБА, а не пари!Крис Вебер нема да игра во Европа, поточно за Олимпијакос. Крилниот центар на Детроит Пистонс ја одби баснословната понуда на пирејците вредна меѓу 10 и 12 милиони долари за две сезони, пред с$ поради тоа што "не ги сака парите по секоја цена"."Знам дека е глупаво да се одбие толкава количина пари, но јас не играм само заради тоа. Желба ми е кариерата да ја завршам во НБА и да дојдам барем до еден шампионски прстен. А во овој момент најреално е тоа да го направам со Детроит Пистонс"- кажа Вебер, кој веќе имаше понуди од Далас, Орландо и ЛА Лејкерс. Вебер с$ уште не е сигурен играч на Пистонс за следната сезона. Во Детроит знаат дека неговата цена не е баш мала и поради тоа калкулираат со составот на тимот за следната сезона. Ако го задржат Вебер, ќе мора да се откажат од некој друг играч со цел да не се пречекори лимитот.

www.sport.com.mk
 
Улкер или сега по ново Фенербахче го сонува Марко Јарич во својте редови...дали тоа ке се оствари?:)
 
Каја Пекер и дефинитивно...во Бешикташ

Овенс..поранешниот НБА кошаркар кој играше за Милвоки и Мемфис...е донесен во редовите на Галатасарај!
 
Конечно еден центар,тромав ама ке заврши работа со 2.21 :)
-Славко Врањеш во Партизан!
-Ненад Чанак во Лукоил
-Павел Гравојко доби одобрение за играње за Звезда

Повеќе трансфери набрзо:)
 
Мелвин Букер незнам кој колку се сеќава на неговите брилијанти партии во дресот на Улкер е на тестирање во Словенска Олимпија![/QUO

ја гледав Олимпија-Цибона и црномурестиот играч на Унион Олимпија е Крис Букер
 
Како што читам по се изгледа го отпуштиле Заре Марковски

Како што читам во форумот на газета навивачите на Олимпиа го фалат Заре а го обвинуваат раководството

http://www.gazzetta.it/Sport_Vari/Basket/Italia/Primo_Piano/2007/10_Ottobre/23/ntali.shtml


Можно е да го отпуштиле. Заре беше еден од 10те најплатени тренери во Европа и со најскапата екипа во лигата, врза 3 или 4 порази по ред.
 
Можно е да го отпуштиле. Заре беше еден од 10те најплатени тренери во Европа и со најскапата екипа во лигата, врза 3 или 4 порази по ред.

ЗАРЕ МАРКОВСКИ по првичната победа врза 5 последователни порази кои беа причина за негова смена (штета бидејќи ќе го гледавме во евролигата оваа година)
 
*"Авантурата на Марковски кај нас е како онаа на Марчело Липи во Интер" - изјавил, Корбели Џорџо
Само четири месеци траеше дружбата меѓу Армани Џинс и Заре Марковски. По дебаклот со Монтепаски Сиена, претседателот на тимот од Милано, Корбели Џорџо, по консултацијата со новиот спортски директор, Дино Менегин, одлучи да му каже ЧАО на македонскиот стручњак.

Пет порази по ред во само шест одиграни кола беа доволни за Армани да му најде замена на македонскиот стручњак. Атилио Каја е новиот шеф во оваа екипа кој седнува на местото од Марковски.

"Авантурата на Марковски кај нас е како онаа на Марчело Липи во Интер" - изјавил за тамошните медиуми, претседателот на Армани Џинс, Корбели Џорџо.

"Иако уште на стартот бевме свесни дека ангажираме тренер со доста невообичаена кошаркарска тактика, сепак не очекувавме толку слаби резултати. Многу очекувања, малку резултати" - додал во продолжение првиот човек на тимот од Милано.

Со својот неславен почеток Марковски се запиша во историјата на Армани Џинс. Тој е првиот тренер кој уште на стартот доживеал голем неуспех.

За потсетување Марковски на кормилото на Армани застана на 28 јули оваа година откако претходно го напушти Монтепаски Сиена, од кого беше убедливо поразен во последниот натпревар.

www.sport.com.mk
 
SUNARA NOVI TRENER CIBONE

Овој натпис седи на почетната страна на секој хрватски весник или сајт...
Значи нов тренер на Цибона е Сунара..Како што наведуваат од Цибона негова задача оваа година е да ја однесе Цибона што подалеку во Евролигата...не само во Топ16 туку и подалеку...
Како што знаеме оваа година Цибона се засили со нови искусни играчи како Лери Ајусо и други...hehe
 
Дамир Ранчич поранешниот играч на Задар и Цибона преминува во редовите на Панелиниос
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom