Секоја екипа си има различен стил на игра, во зависност од квалитетот на играчите.
Ние од секогаш сме биле шутерска репрезентација. Едино Финците ни го превземаа приматот во последниве години

Нема ништо погрешно во тој стил на игра, доколку навистина се оди на таква акција во која ќе се направи добра позиција за некој да заврши со шут за три, или шут од рекетот без да биде направен некој влез. Во моментов имаме брз проток на топката и доаѓаме до такви ситуации. И тоа е дел од кошаркарската игра, не мора само влезови да се прават

Истото го имаме во моментов кога играме во населба, едната екипа имаат добар центар и играчи кои имаат одлични влезови, и акциите си ги прават на тој начин да се направи блок за плејот или да се изигра центарски. Нашата екипа нема такви играчи, повеќето сме шутери. Затоа мора многу повеќе да трчаме и да имаме брз проток на топка, за да дојдеме до чисти позиции за шут. Кога и да победиме, одма се лутат другиве, како било можно со таква игра да се победува

Е можно е, да беше се еднолично немаше да биде добра кошаркарската игра.
Проблем во минатото беше што ние немавме никаква смислена акција, туку уште од старт само шлакавме тројки, никој не се извлекуваше на добра позиција, па да се дојде до чиста ситуација како онаа на Симоновски, туку уште не тргнал нападот ќе распалевме некоја тројка од пола терен.
Тие ситуации се намалија, иако сеуште сме таква run & gun репрезентација

[DOUBLEPOST=1408461823][/DOUBLEPOST]
Мекелеб можеше да остани и да растура во напад,а за висок играч да комбинираа некако,Хендрикс и не е некој висок центар 206цм така да лоша зделка направиле,ако веќе целта била да донесат висок играч тогаш да донесеа висок,Мекелеб беше,а и сеуште е еден од најдобрите плејмејкери во европа (топ 15) не смеевме да изгубиме таков играч,јас кога би било прашанје дали Антич или Мекелеб да остани,би го одбрал Мекелеб,а не па Хендрикс за Бошко,во секој случај голема загуба
Со кого ќе искомбиниравме, ајде кажи ми?
Ќе комбиниравме ако останеа и Антиќ и Самарџиски, ама во оваа ситуација со кого би комбинирале?
За да комбинираш треба да имаш играчи, ние немаме...
Кај е тежок криминал што играчи како Јанески и Ѓуровски се во репрезентација бидејќи нема други повисоки, па уште и Хендрикс да не беше, не знам кој ќе го земевме.
За разлика од високите позиции, на плеј не сме толку слаби, плус имаме играч кој треба допрва да напредува и ова му е шансата (Магдевски).
Бо не ги правеше туку така тие влезови, голема улога тука имаа и високите играчи (Антиќ, Чековски, Гечевски) кои му искачаа на блок. Кој од сегашниве репрезентативци ќе му направеше блок?
Кошарка без ВИСОКИ играчи во составот не се игра, тоа секој што барем малце играл кошарка може да ти го потврди. Улогата на Хендрикс во тимот е голема, само што вие цените само според бројот на кошеви, ништо друго не е битно за повеќето тука.