Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Ј

После овие 2 натпревара воопшто не сум оптимист за Европското.

Еј бре,па то је припремни период. То не мора ништа да значи...
Ја одавно не гледам припремне утакмице. Гледао сам кад сам био млађи и само сам се нервирао јер Србија углавном игра лоше у тој фази.
А кад год је Србија играла добро пријатељске утакмице пре првенства...увек је на самом првенству лоше прошла.

То је до тренера...Тренер мора да зна темпирати форму тима. Да екипа игра све боље и боље како турнир одмиче и да врхунац достигне у 1/4 финалу и 1/2 финалу.
Е ту је Дуда Ивковић мајстор. Зато је он вероватно најбољи тренер у Европи. Обрадовић, Пешић, Вујошевић, Маљковић су само његови ученици.

Зато полако са проценама. Македонија са Мекејлебом има солидан тим.
 
Kako sto mi izgleda ke si odime so tri poraza i zadnjo mesto i toa samo po nasa vina se izbrukavme koga ne uspeaa da ja kompletiraat selekcijata i da trgnat poenergicno oni uste na prvata igraa kako vo maalo pa sega barame opravduvanje vo mecot so Srbija.
 
Изгубивме два натпревари од доста силни репрезентации и тоа со мала разлика, 5 и 8.Замислете ја екипата со Бо и Гечевски :D
 
Абе со Србија добро игравме само како и секогаш судиите изедоа гомна. Секој мал допир со наш играч лична го судеа. Можеби не очекувавме да ја победиме Србија али и не очекувавме дека ќе дојде време Србија да ја тепа Македонија со помош на судии. Само се надевам дека на Европско ќе играат нашите како против Србија и дека судиите нема да бидат гејци.
 
Изгубивме два натпревари од доста силни репрезентации и тоа со мала разлика, 5 и 8.Замислете ја екипата со Бо и Гечевски :D
Босна го имаат само Телетович кој игра во Каха Лаборал, да не се залажуваме дека се толку силна репрезентација, тука некаде е и Домеркант и тоа е се што имаат тие.
 
Ајде нека иди Бо нека платат да заигра репрезентацијата оти вака со 3ки кошарка не се игра ..ЧЕКОВСКИ = АНТИТАЛЕНТ !!
 
Ајде нека иди Бо нека платат да заигра репрезентацијата оти вака со 3ки кошарка не се игра ..ЧЕКОВСКИ = АНТИТАЛЕНТ !!

Чековски си го има муабетот со Докузовски и ради него игра. Докузовски се покажа како голем дебил на последниве две утакмици посебно на последнава и кога се кршеше резултат со Србија на клупа му седеше Самарџиски и Николовски пред да добијат и двајцата по 5 лични. Кога беше тренер Антич немаше место за таков аматер.
 
Чековски си го има муабетот со Докузовски и ради него игра. Докузовски се покажа како голем дебил на последниве две утакмици посебно на последнава и кога се кршеше резултат со Србија на клупа му седеше Самарџиски и Николовски пред да добијат и двајцата по 5 лични. Кога беше тренер Антич немаше место за таков аматер.

Не беше баш така... Николовски веќе имаше добиено пет лични грешки. Четвртата и петата ги доби ми се чини и во еден напад... А пред тоа веќе беше излезен Самарџиски затоа што имаше 4 лични. Башка, кога го стави при крај, овој изигра само еден напад и една одбрана, значи брзо ја заработи и петата.

Ме интересира против Црна Гора како ќе изиграат нашите центри, затоа што играта на Црногорците најмногу се темели на игра под кош...
 
Не беше баш така... Николовски веќе имаше добиено пет лични грешки. Четвртата и петата ги доби ми се чини и во еден напад... А пред тоа веќе беше излезен Самарџиски затоа што имаше 4 лични. Башка, кога го стави при крај, овој изигра само еден напад и една одбрана, значи брзо ја заработи и петата.

Ме интересира против Црна Гора како ќе изиграат нашите центри, затоа што играта на Црногорците најмногу се темели на игра под кош...
Многу го форсираат Пековиќ, за жал, ние под кош сме доста лоши, посебно во одбрана.
Би требало да бидеме ефикасни против Црногорците, но за победа ќе мора во одбрана да го запрат Пековиќ.

Убаво си кажав дека на Европското најмногу шанси за трета победа ќе имаме против Црна Гора, на Грција и Хрватска можеме да им плукнеме под прозор.
 
Овој Пекович ебате волот што е :pos: Наш Самарџиски џабе 215 ЦМ има неможе зицери да погодува камоли да игра 1 на 1 xD
 
Што бе Пекович бил висок видете го Врањеш со 230 цм :D
Црна Гора има страшни центри али па немаат добри шутери под кош ќе не пунат.
 
Сепак ова се само подготовки. Мислам дека она што Докузовски сака да прикаже на овој турнир не соодејствува со реалниот квалитет на репрезентацијата, а се со цел да не ги открие сите адути кои ги имаме.

Лично очекував повеќе од Владо Илиевски. Го немам многу следено, но фактот што има играно за Барселона и веќе неколку сезони по ред е во самиот врв треба неговиот квалитет повеќе да дојде до израз. Барем на подготвкиве игра некако со страв, и тој знае дека може многу подобро, а и сите ние очекуваме многу повеќе.

Разочаран сум и од Предраг Самарџиски. Со 215 сантиметри тој треба да владее под кошот. Делува трапаво и неискусно ( а веќе има доста настапи зад себе). Не користи ниту половина од својот потенцијал. Позитивно сум изненаден од Николовски, дечкото делува доста слободно, не паничи, знае да погоди од дистанца. Понизок е од Самарџиски, но според мене е доста поспретен по кошот.

Имам големи очекувања од Европсково. Босна, Хрватска, Црна Гора (и секако квалификантот) се репрезентации кои можеме да ги победиме. Во дуелот со Грција можеби ќе биде најдобро да се сочуваат силите ( за ова секако би имало многу негодувања поради добро познатата ситуација).
 
Проблемот на најголемиот дел од нашите играчи е слабата игра во одбрана, посебно на влезови и директно чување. Кај центрите/високите крила, Самарџиски барем се труди нешто да направи, за разлика од Чековски на кој нозете му се камен тешки, додека Николовски тек треба да ги научи првите лекции за одбрана. Антиќ игра т.е. не игра според моменталната желба и инспирација, а капитен е. Гечевски на 34 години тешко може нешто да поправи, плус гледам дека нешто не е заинтересиран да игра за репрезентација, штп е разбирливо со оглед на годините. Од останатите а и во целина гледано, браќата Стојановски убедливо најдобро играат одбрана. Останува мистерија зошто Чековски, Симоновски и Костоски се повикани, според кои критериуми. А најголем проблем ќе настане за 2-3 години, кога повеќето од главните играчи ќе се повлечат од репрезентација.
 
Пекович е вистински ѕвер под кошевите. Сепак не за џабе играч на НБА клуб, додека нашите центри можат само да сонуваат да играат во НБА па макар 2-3 минути по натпревар. Чековски и не треба да игра во репрезентацијата, дрво е тешко, само гледа како да се ослободи од баскетот веднаш штом ќе му го дадат соиграчите, па еден Перо Блажевски подобро ќе изигра за репрезентацијата отколку што игра Чековски. Едноставно Самарџиски и Антиќ не играат како што играат за своите клубови, се чуваат од дуели и евентуални повреди и не ризикуваат ништо. На европското се ќе зависи од Бо, но и тој нема да може се сам, посебно доколку центрите и крилните центри си продолжат како на овој турнир, да играат незаинтересирано во дуели под кошевите. Очекувам денеска од 15 часот да победи Црна Гора, не им е на нив толку важен играч Пекович како што ни е на нас Бо важен, имаат тие и други адути.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom