Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Денес е 18.11 точно една година од официјално првозаразениот со ковид19 во провинцијата Хубеи,во Кина.
За многу години јубилејот!
Неточно.
Вчера беше.
 
Јас сум во исчекување на симптоми деновиве, малиот е позитивен.

Следете ме за повеќе интересни објави :D
... се сомневате од каде? со каков тест? може е лажно позитивен?
 
... се сомневате од каде? со каков тест? може е лажно позитивен?
Контакт имаше со позитивен, баба му (она работи во градинка, скоро сите вработени се заразени). По 7 дена од контактот со неа, крена 37.4, се раскива и тн. (благи симптоми). Три дена од првите симптоми (денес) направивме прво брз тест, па откако испадна позитивен - направивме и PCR (исто позитивен). Денес не чувствува мирис (парфем), ама цел ден е без температура и поретко кива.

Така да, нема утка. Се надевам дека симптомите ќе останат на тоа, а за нас - ќе видиме деновиве :)
 
Контакт имаше со позитивен, баба му (она работи во градинка, скоро сите вработени се заразени). По 7 дена од контактот со неа, крена 37.4, се раскива и тн. (благи симптоми). Три дена од првите симптоми (денес) направивме прво брз тест, па откако испадна позитивен - направивме и PCR (исто позитивен).

Така да, нема утка :)
37со 4 не е температура, кивањето уште помалку дека е од актуелниот коронавирус SARS-CoV-2 и тој мал % што може да биде лажен позитивен токму детето да има инфекција од друг вирус од таа група на корона, а да реагира позитивно на тестот, ама да нема SARS-CoV-2 вирусот! ... па прашање и за неговата баба да е ист случај!
 
Ама тестот е и за другите сарс вируси, на нив е негативен :) Бабата е во прилично тешка состојба веќе 11 дена, денес дури почна да се подобрува ситуацијата. Сите колешки позитивни. Зошто би се тешеле и би си давале лажна надеж дека е "лажно позитивен"? :)

За температурата и кивањето се согласувам, ако одиш "по книга". Ама и други позитивни имале кивавица и течење на нос. Кај деца па, нема правило. Башка, тука е и губењето на осет за мирис :)
 
Има некој донирано крвна плазма ? Како оди процедурата ?

Под ова мислам протоколите кој се и дали е безбедно. Пред испитувањата ако се на инфективна не сакам да се вратам со пола кило крв помалку и гратис корона.
 
Пред дарување, минимум 28 дена по комплетно повлекување на сите симптоми ( по завршувањето на изолацијата), или по комплетно повлекување на сите симптоми минимум 21 ден пред дарување потребно е негативен ПЦР тест и позитивен серолошки тест за ИгГ анти САРС КоВ 2 антитела.
 
Деновите се поминати и се пријавив во трансфузиологија, проблемот е што преске прочитав информација дека има огромен број на заболен персонал на инфективна, а не ги разбрав точно кај треба да одам(утре ќе ги барам повторно) ама мислам спомнаа дека треба на инфективна да одам за тестирање и малку ме страв фати да не се заразам повторно.
 
37со 4 не е температура, кивањето уште помалку дека е од актуелниот коронавирус SARS-CoV-2 и тој мал % што може да биде лажен позитивен токму детето да има инфекција од друг вирус од таа група на корона, а да реагира позитивно на тестот, ама да нема SARS-CoV-2 вирусот! ... па прашање и за неговата баба да е ист случај!
39.7 температура ли е? :)

Еве, по син ми, сега и ќерка ми позитивна. Он веќе втор ден е без температура (и со намалено кивање), додека малата (година ипол) и тече нос, кива и варира до 39.7. Направен е е брз тест - позитивна. Во моментов, не гледам причина да правам и PCR за неа, се надевам дека ќе поминува со лесни симптоми. Значи сепак имало и течење на нос и кивање и не е секогаш се' „по книгата на СЗО“, така? :)

Јас и сопругата, уште без симптоми, ама очекувано е од денес до понеделник да се појават. Ама од кај знаеш, можда од што сме примале по мали дози при бришење на мрсули ни дошло како „вакцина“ :)
 
Еве ми го дома возрасен, КОВИД-19 позитивен, и нос течење и кивање (само првите денови), и кашлање, и сатурација мериме паѓаше до 92 (купивме апаратче), спиеше три дена без престан, а десеттиот ден се крена на нозе, температура до 37 ако ја крене, кислородот во крвта се качи на 98, и само кашлицата остана константа.
Сега јас и син ми со 36,9 сме, течење на нос неколку дена (веќе помина), син ми грло го гребе, мене плуќата ме чеша, ме тера на поткашлување. Матичната вели можда не ти е ковид, што ако дома имаш болен од ковид?
Заборавив да пишам и главоболка, сите тројца имаме цело време ...
 
Последно уредено:

може информација каде има вакви апаратчиња за сатурација (и пулс евентуално)?
 
може информација каде има вакви апаратчиња за сатурација (и пулс евентуално)?
Јас го купив 1900 денари во аптека, мислам Еурофарм, по нет со достава дома се веќе 1300 денари, барем такви реклами ми се појавуваат на ФБ. Мери и пулс исто така
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom