Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Оние што ги пакуваат во лимени ковчези или што ги земаат починатите со скафандери е зашто не може да се детектира или воопшто пренесе. Верувајте на сајтови напишани на српски. Може да прашате и зашто ја прават обдукцијата со опрема како оние што ги лечат заболените.

Мајсторе официјална изјава имаш на министер за здравство на Република Српска Ален Шераниќ.
 
Мајсторе официјална изјава имаш на министер за здравство на Република Српска Ален Шераниќ.
Вирусот умира со умирање на домаќинот, но тоа не настанува инстантно бидејќи не постојат такви механизми, туку постепено, зависно од физичките услови, по слични принципи како за сите други површини, некаде се задржува кратко, неколку часа, а некаде и повеќе денови. Лешот содржи влага и на оптимална температура вирусот ќе опстои неколку дена, секако нема да се размножува, но може да биде детектиран со назофарингеален брис.

Изјавата на министерот што го спомнуваш се однесува на отсуство на ризик од ширење на вирусот преку обдукција, а не дека не може да се детектира пост-мортем.
 
Мајсторе официјална изјава имаш на министер за здравство на Република Српска Ален Шераниќ.
Убаво е да има убави новини,па били те и невистини. Нема како вирусот да умре на 1 секунда откакто некое лице умре. Тоа е фантазиja.
 
Во лимени ковчези ги погребуваат починатите од корона низ цел свет, се избацува некој кликбејт новинар со двојка биологија од средно и рехашува изјава на министер за постмортем анализа. Авториве на ваквите статии треба да ги пратиш hard labor на инфективна додека трае срањево.
 
Не знам зашто на вести не го кажаа јавно името на новинарот, сепак гледам е познато лице и сигурно би го препознал во продавница, може се шетал без маска и бил пред мене во ред... Ајде разбирам за овие што не се јавно познати да ги држат во тајна.
 
И јас не те разбирам тебе, буквално на 2 клика ти е одговорот и помалку време се троши на пребарување отколку ти што си потрошил за пишување на постот.

И јас не те разбирам тебе, буквално на 2 клика ти е одговорот и помалку време се троши на пребарување отколку ти што си потрошил за пишување на постот.

Јас прочитав, инаку на пресот и ете на 24 вести не кажаа, има луѓе што не користат Интернет, што гледаат вести еднаш на ден итн... Информација во вакви моменти се пренесува насекаде.
 
Јас прочитав, инаку на пресот и ете на 24 вести не кажаа, има луѓе што не користат Интернет, што гледаат вести еднаш на ден итн... Информација во вакви моменти се пренесува насекаде.

Какви информации, за Гоце Михајловски од Канал 5? Познато лице бил, ќе си го познал во продавница. Абе ало, смири нерви.

Толку е битно да го кажат ликов, кој и да е? Со што е он повеќе од сите други заразени, освен што ете бил во контакт со Муртињо и Мицко? Тоа што работи во телевизија и е новинар не значи ништо. Повеќе за плашење се луѓе како фризеров од Кочани или рандом полицаец.
Па има луѓе заразени од вирусов што имаат повеќе контакти 5 пати повеќе од него и не ги кажуваат јавно. Зашто да ги кажуваат, да ги шиканираат јавно?
Дај да земеме да ги кажуваме и тие заразени од ХИВ, ако така гледаш на работите.

За другиот дел, луѓе што не користеле интернет и гледале вести еднаш во денот. Тоа се истите луѓе што чекаат временска прогноза на крајот од вестите за да се информираат, така да...
 
Мајсторе официјална изјава имаш на министер за здравство на Република Српска Ален Шераниќ.
Ете мајсторе ти одговорија погоре.
Еве прост гугл срч што дава, потроши 1 минута пред постирање на српски преводи и слободни интерпретации.

@Vucjak знам дека не може да ти се искашла мртовец, ама претпоставувам дека сепак постои можност за пренос при обдукција, и линков погоре вика дополнителна заштита исто како да третираш заболен. На друго место прочитав дека најголема шанса има преку белите дробови (логички)
 
Последно уредено:
Шо има да се споредува тука некој лаже, кој тоа ќе покаже времето.
мислам западњаците во почеток, додека имаа помалку случаи, правеа обдукции, можеби спрема оштетување на алвеолите одредуваа што е причината ??

околу Гоце Михајловски сега прочитав, ама некаде како да видов имаше, Мицковски се тестирал и негативен, а за Заев сега читав..
Од друга страна една глумица ли беше, од УСА, кажа ѓоа на познатите имиња дури им давале и пари? да кажат дека се заразиле и обавезно да кажат Stay Home...
 
Последно уредено:
Ете мајсторе ти одговорија погоре.
Еве прост гугл срч што дава, потроши 1 минута пред постирање на српски преводи и слободни интерпретации.

@Vucjak знам дека не може да ти се искашла мртовец, ама претпоставувам дека сепак постои можност за пренос при обдукција, и линков погоре вика дополнителна заштита исто како да третираш заболен. На друго место прочитав дека најголема шанса има преку белите дробови (логички)
Апсолутно, обдукција спроведува трениран професионалец во полна заштитна опрема, но и покрај тоа ризик секогаш постои, особено при маневри кога се создава аеросол, односно се распрснуваат секрети во воздух. Но изјавата на министерот на српска е во насока дека обдукциите не се ризични за општо ширење на вирусот, а не дека вирусот не се детектира, како што беше отечено тука.
 
@bucio ако си постирал нешто и приметиш дека го нема не го сфаќај тоа како предизвик да го постираш повторно туку како предупредување дека ако го постираш пак ќе биде бришењето во пакет со казнени.
@Ireal повеќе пати е кажано дека “цитирање” на српски сајтови не е пожелно, а уште помалку ако се работи само за наслов. Имај го тоа предвид и филтрирај што ќе постираш.
 
филтрирај што ќе постираш.
Уште тоа да го видиме, „филтрирањето“ :lolzz:

Мора да се извинам, многу ми е жал, пошо луѓе умираат и темава треба да е многу озбилна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom