МАКЕДОНИЈА
Тројца починати и 25 нови случаи на ковид-19
Во последните 24 часа се регистрирани тројца починати пациенти од ковид-19. Регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Според информациите, направени се 250 тестирања на коронавирус.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412
Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода -18 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациент
Скопје дефинитивно е жариште и избегано од контрола.Од 286 теста вкупно извади 124 теста за градинките кој се сите негативни тоа испаѓа дека на 160 тестови ние имаме 25 нови тоа е скоро 20 проценти од кој само во Скопје 16.Нека се фалат дека имале се под контрола а во реалност имаме едни од најлошите резултати од почеток на кризата.КАТАСТРОФА

Нека излезе Филипче сега да каже дека бројките се варијации и нека олабавува мерки.