Синовак, па и Синофарм ќе бидат многу подобри за Омикрон од било која друга вакцина. Омикрон има 50 мутации, 2/3 се во спајк протеионот.
Следни се Спутиник, АЗ и ЈЈ, затоа што прават подобри мемориски клетки од mRNA.
mRNA ќе бидат најлоши за Омикрон, посебно после 6 месеци од вакцинација.
За среќа засега Омикрон е полесна верзија, ама тоа е само од податоци од Јужна Африка, што е недоволно за да се тврди со сигурност.
Има еден случај од пред неколку дена од Норвешка, на вечера од 100 гости, сите вакцинирани и тестирани со ПЦР, еден гостин бил во Јужна Африка пред неколку дена и сега 50 се заразени.
Тврдат дека ПЦР тестовиве не се невалидни, ама јас не сум сигурен дека е така. Впрочем во Јужна Африка така и го сетиле, PCR тестот давал чудни резултати.
Дростен и компанија викаат дека се развивал напоредно со Алфа уште од средината на 2020 година. Изгледа уште од верзија B.1.1.1 се разделиле со Алфа и се развивал најверојатно во некоја изолирана околина и не е исклучено да се развивал во животни па да се вратил пак кај луѓето годинава.
Тоа е сумирано за денеска. Не клавам линкови, затоа што и така сето е рекла казала, иако го прочитав од релевантни извори како Science