прележаните во моментов се супермени за корона вирусот, посебно за делта, каде вакцините значително потфрлуваат.
...супериорни САМО за иста варијанта на вирус со која претходно се инфицирал, но не му важи за друга варијанта измутиран вирус, ете прашај ги членовите тука има кои прележале два па и три пати (го нема шеф кук) за рок од 2,3 месеци но сигурно не од ист сој на коронавирусот!
...еве пример со сезонскиот вирус, прележуваме три дена грип со сите симптоми, после две, три недели ако имаме контакт со некој инфициран, повторно и ние ќе се инфицираме со сезонскиот вирус, зошто? нели, би требало да имаме супермен имунитет на сезонскиот вирус, но немаме, пак се заразуваме, е па ако си е друг сој од сезонски вирус, нормално дека пак ќе се заразиме со новиот сој, не ни важи антитела од претходниот сој сезонски вирус, па пак ќе го поминеме прележувањето,
...така да само изолација на инфицираните (било да се прележани, невакцинирани или вакцинирани), почитување растојание, носење заштитна маска во затворен простор со луѓе, а тие кои се инфицирани првите денови НЕ да им се даде антибиотик (сумамед) поради појавена покачена температура не значи и давање антибиотик, туку брзоделувачки антивирусни лекови кои за 24/ 48 ч ќе го средат вирусот,
...институциите снабдиле брзо делувачки антивирусни лекови, со ударна еднократна доза или евентуално два дена, моноклонална антитела, со што пациентот добива во време и брзина на уништување на коронавирусот, бенефит неможност ниту телото да се изнемошти, ниту да се појават поизразени несакани дејства поради краткорочно пиење лекови,
...арно ама на позиции во институции стојат таки кадри, имаме комисија за заразни болести од членови што не знам каде им е стручноста, Лекарска комора не превзема никаква активност, МАЛМЕД повеќе спие отколку што работи (и тоа што го работи како најитно давање дозвола и упатства за лекови па и за вакцини го прават со временско кочење, неекспедитивно нефикасно), кои не знаат дека во примарното здравство треба да се менаџира антивирусните лекови, зашто пациентите првите денови таму се јавуваат и таму треба да делува брзо ефикасно, а не како што е сега,
...јавување кај матичен, замајување уште полошо со антибиотик 3,5 дена во што се губи драгоцено време за убивање на коронавирусот, за тие пет дена пациентот ќе си развие и бактериска инфекција, па потоа тие пет дена слошување на состојбата и трчање во болница, каде веќе е касно да им се дава антивиротични лекови, џабе да се третира вирусот, кога веќе тој се проширил во телото, па дополнето со бактериска инфекција...пневмонија и ете компликации, а во болница ги има низа антивиротични лекови кои делуваат во првите 48 ч од појавување на симптоми, моноклонална плазма, а пациентите се јавуваат во болница после 5 дена што таа терапија веќе не е ефикасна, која иронија и непрофесионалност, нестручност,
... или пациентите да се јават веднаш во болничките амбуланти и веднаш непосредно да се третираат со антивиротични лекови прескокнувајќи го матичниот или тие антивиротични лекови кои делуваат во првите 48 ч на инфекција да се дадат кај матичните или во тој смисол да се организира во примарно здравство, вака се решава проблематиката, а не све наопаку се менаџира во позадина, а во јавноста само антиковид вакцина, вакцина па вакцина, заштита не можеме да направиме со вакцина против вирус кој си ја менува РНК структурата, протеинскиот носач, едноставно мутира како сака и кога сака и инфекциите ќе бидат присутни и кај прележани и кај вакцинирани,
... понекогаш ме тера мисла дека вака се однесуваат намерно, не ми се верува дека сме до толкаво ниско ниво на непознавање како треба да се однесуваме кон еден вирус кој мутира, сега во 21 век!