Многу факти напиша, а сеуште не ти е јасно како може во фамилија еден да е позитивен, а другите иако со коморбидитети негативни...
Фактот што на почетокот бевме затворени и бомбардирани со лажни информации од Кина, кој и зашто така одлучи ?
До 2020, за да прогласиш пандемија си постоело правило, кое требало да биде поткрепено со % на болни (со симптоми) и смртни случаеви. Во 2020 пупу не важи тоа.
Зашто на почетокот не затворија, а кога имавме 4цифрени позитивни, никому ништо?
Зашто пола свет е затворен, другата половина не е? Зашто државите кои не воведоа карантини како Флорида, Тексас, Шведска, Белорусија имаа помала смртност од тие што воведоа?
Кој воведе мерки кои 100% гарантирано ќе ја влошат здравствената состојба кај луѓето, за вирус со мала смртност и мала преносливост (научно потврден факт)? Колку треба да не мислиш за да воведеш мерки кои гарантирано ќе го уништат здравјето на луѓето, за вирус што ништо не се знае? Нема вирус што може на цела популација да и наштети, но затоа имаш мерки со кои гарантирано тоа ќе го постигнеш. Нема никаква логика во такво нешто, освен ако некоја друга цел имаш.
Кој не држеше затворени и исплашени, а дозволи отворени граници, собирања за избори и пописи?
Кој им бранеше да извадат полиција и војска 21 ден за да го снема вирусот... демек некои права почитувале, а сите права ни беа укинати. Кои борци за права се бунеа ???
Право не може да ти биде укинато, ако ти е укинато, значи тоа е привилегија, да не се лажеме.
Јас никого не терам да не се вакцинира, ниту пак сметам дека некоја штета ќе има народ. Ја не се вакцинирам, бидејќи немам никаква корист од тоа, освен да покажам дека сум верник на системот.
Вакцината дека ќе допринесе да го снема е
лага, посебно кога нема шанса во краток период цел свет да го вакцинираш. Имаш десетици други вакцини, ниту една болест не е искоренета со нив.
Основно за воведување на тоталитаризам е СТРАВ. Не се заебаваме со вирусот, туку нас не заебаваат со вирусот, ама поради страв и слепо почитување на авторитет, не сакате тоа да го согледате.
Чаре, нема чаре сега, уште народ ќе губи, и материјално, и психичко, се треба да изгори, па нов систем да произлезе. Дигитализацијата е неминовен процес, но тоа треба да е по природен пат. Вака присилно, само системот ја насочува водата кон него, без никаква заслуга.
Се надевам
желбата за полиција и војска по улиците во скоро време ќе ти се оствари, па после пиши тука дали резултатите ќе ти се допаднат