Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Даваш потполно неточна информација!
Само на кратко да пишам, оти за разлика од вас, мене ме мрзи да пишувам и некого во нешто да убедувам.
- болниците беа исполнети со 30 проценти капацитет.
- многу одделенија беа скроз затворени, не работеа.
- персоналот беше на ротирање.
- мој термин немаше.
- сите термини се откажаа, многу операции исто така.
Ако не веруваш, побарај статистика на вкупен број хоспитализирани лица и види колку вкупно болнички легла има во државава.
- сеуште не се отворени многу одделенија.
- @bijons е во право.
Не е во право за клиниките што ги споменав, ама ок не можам да се докажувам како мало дете. :D

За градска болница веќе спомнав дека се беше откажано, како и на други места. Значи, не го спорам тоа откажувањето и неработењето на дел од персоналот за сметка на оние кои работеа. Затоа и реков страдаат инфективни и неинфективни пациенти. А по игра на случајности имав потреба и од хирушка интервенција во семејството, па дури до Охрид појдов за операција. И бидејќи немаше простор за никакво чекање на приватно си средивме работа. Патем и приватните беа полни со ковид позитивни.

Заборавив да спомнам дека сеа при крај и физикална медицина и рехабилитација ги спремаа за ковид центар. А што и како бидна таму, не знам.
 
Последно уредено:
и приватните беа полни со ковид позитивни.
Повторно грешиш.
Приватните болници беа полни со СЕ само не со ковид болни.
На жалост, таму се примаа ургентни случаи кои неможеа да добијат здравствена услуга од државното здравство а имаа пари да искешираат огромна сума.
Сиромавите го изедоа стапот( неубаво кажано, но тоа е).
 
вие тренирате да бидете вакви? биле полни со се само со не ковид болни, затоа еден кревет у приватна болница беше неколку илјади евра и сите оделенија им беа ковид оделенија.
 
вие тренирате да бидете вакви? биле полни со се само со не ковид болни, затоа еден кревет у приватна болница беше неколку илјади евра и сите оделенија им беа ковид оделенија.
Рон душо, престани да измислувааш глупости.
Будали се приватниците цела болница карантин да ја направат.
Гледаше ли Жан каде правеше тестови за корона, пред болница, на паркинг, директно преку прозор од возило..а од како се наполни со пари, тури еден контејнер.
 
вие измислувате лаги и глупости, не знам како ве трпат у чувствителни теми некои шалтеруши да оправаат криви дрини.
 
Еве ти и мета анализа:

Е добро де, и ја и ти споделивме мета анализи. Сега на кои ќе им веруваме ?

Ај да ја земеме реалноста. Во сите држави, откако се воведе задолжително носење маски, бројот на позитивни случаеви енормно се зголеми. Претходно не беше таков случајот. Тука влегува и Македонија. Земи графикон, вметни датумот кога се донесе задолжително носење маска, стави ги бројките на позитивни од ковид, ќе видиш дека имаме вертикална нагорна линија. Објаснување?

Врска смртноста нешто научно ова она...
Јас пак ќе се повторам (бидејќи си поткована со знаење за разлика од Ронче целофанче и Вотче ботче):
- Врвен научник од најмоќната држава во светот, на чело на највлијателната и најспремна здравствена организација, направил истражување со други научници и дошле до заклучок.
- имавме идеален пример да се испита колкава е смртноста од Бетмен на крузерот.
https://www.nature.com/articles/d41586-020-00885-w

Another team used data from the ship to estimate2 that the proportion of deaths among confirmed cases in China, the case fatality rate (CFR), was around 1.1% — much lower than the 3.8% estimated by the World Health Organization (WHO).

The WHO simply divided China’s total number of deaths by the total number of confirmed infections, says Timothy Russell, a mathematical epidemiologist at the London School of Hygiene and Tropical Medicine. That method does not take into account that only a fraction of infected people are actually tested, and so it makes the disease seem more deadly than it is, he says.

Значи ова се факти, научни потврдени и докажани, не вашите обични непоткрепени верувања. Врз основа на што ти тврдиш дека нивното е погрешно, дека згрешиле. Причината за зголемената бројка, зашто не ја бараш на друго место...
Починатите може да умреле и од други работи. Ќе те замолам за мислење дали овие работи, (заборави на короната, не постои, дај мислење врз основа на тоа што учеше 10години и искуството) предизвикуваат подобрување на човечкото здравје или влошување:
Страв, затворен во 4 ѕида, нервоза, маски 24/7, нефункционирање на здравството, не примање на потребните терапии, ненавремена дијагноза и откривање на проблеми, труење со антибиоитици и други непотребни лекарства, ред други мерки, сигурно се за подобар имунитет и долговечен живот.
 
вие измислувате лаги и глупости, не знам како ве трпат у чувствителни теми некои шалтеруши да оправаат криви дрини.
Зошто кога ќе те фатат у лага почнуваш да навредуваш!?
Мајката ли работи на шалтер некаде?
Кои се тие чувствителни теми?
Аххх бе Ронче, горко бонбонче:pos:
 
Ај да ја земеме реалноста. Во сите држави, откако се воведе задолжително носење маски, бројот на позитивни случаеви енормно се зголеми.
Исто така, од коа беше редуциран бројот на (авионски) летови се јави пораст на заразени лица. Од друга страна коа дојдоа штрковите нагло се намали бројот на заразени лица, а следствено и починати.

Заклучок: Прелетите влијаат обратно пропорционално врз ширењето на короната. :icon_lol:
 
...познат израз на вреѓање на медицински соработници, што си го научил од некој друг што овде така се изразуваше за свои соработници, а се тупкаше во гради дека ги почитува сите медицински работници и соработници, како не можеш да научиш нешто паметно и културно, све негативностите да се апсорбираат чудо едно!
Не е во право за клиниките што ги споменав, ама ок не можам да се докажувам како мало дете. :D
За градска болница веќе спомнав дека се беше откажано, како и на други места. Значи, не го спорам тоа откажувањето и неработењето на дел од персоналот за сметка на оние кои работеа. Затоа и реков страдаат инфективни и неинфективни пациенти. А по игра на случајности имав потреба и од хирушка интервенција во семејството, па дури до Охрид појдов за операција. И бидејќи немаше простор за никакво чекање на приватно си средивме работа. Патем и приватните беа полни со ковид позитивни.
Заборавив да спомнам дека сеа при крај и физикална медицина и рехабилитација ги спремаа за ковид центар. А што и како бидна таму, не знам.
... пандемија е прогласена во декември 2019 со коронавирусот, цела година сите болници работеле токму како што пишавме само инфективните оддели , а све друго затворено, за да ти ги памтиш отварањата на неколкуте клиники во фебруари и март 2021 кога имаме навала на многу заразени и се отворени помошни оддели за да се сместат пациентите па во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле имало интернирано со ковид 25 пациенти, на ГАК имало 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, на Интерните клиники имало 36 приеми со ковид позитивни, поради зголемениот број на пациенти кои имале потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло, но тоа не значи дека се наполниле болничките кревети и тоа зборуваме за месец фебруари/март 2021, што не е случај за цела 2020 година, не знам зашто толку кратко памтење се има.... и да посебни кревети на други клиники во 2021 иако можеби имало место на инфективна е поради ВИП личности кои се третирале изолирани од другите обични смртници на инфективна, не знам зошто не сум јасна? :toe:

...ама да се каже дека сите клиники биле полни болнички кревети во 2020 година нема смисла, греота за тие што починале од последица токму од затворени клиники и немање мој термин и прегледи за своите хронични болести!
 
Последно уредено:
mkd-509962.jpg

... ги гледам сите овие што се вакцинирале, седнати на столче со стисната рака со парчето вата на местото на боцкање, се држат цело време, како да се од куршум повредени :facepalm: , а не некоја мили течност примена со малтене инсулинска игла, што значи тоа како убод од комарец, зошто така се држи раката на местото на боцкање? :toe:

... зарем истите, кога примаат во бут десет пати повеќе инјекциона течност со два пати поголема игла се држат за задница со минути да не речам пола час? :toe:

...толку ли не се знае дека е тоа обична вакцина инјектирана како секој лек, што би било толку посебно да се држи раката така на местото на боцкање?
Скролај надоле кај Филипче и види си ја статистиката. Ваљда министерот за здравство не се занимава со теории на заговор. Колку и да е политички со испран мозок, релевантен извор за информирање е по тоа прашање.
:pos:едно зборуваат, друго самите прават, а во трето веруваат, ама пред јавноста истапуваат во еден единствен пакетич координирани,
да се потсетиме, самиот Филипче кажал ,,само до 2000 заразени со коронавируси се очекува во пикот со првиот бран,
... ејјј министер да даде јавно таква констатација, па уште би бил релевантен извор :facepalm:
 
Последно уредено:
Едно време се збореше дека тие што примиле од кинеските полувакцини,ке треба и трета да примат.Знае ли некој нешто околу ова? И после колку време од кинеската може да се вакцинира повторно но со вакцина од друг производител?
 
Прегледај го приврзокот 300446

... ги гледам сите овие што се вакцинирале, седнати на столче со стисната рака со парчето вата на местото на боцкање, се држат цело време, како да се од куршум повредени :facepalm: , а не некоја мили течност примена со малтене инсулинска игла, што значи тоа како убод од комарец, зошто така се држи раката на местото на боцкање? :toe:
Се држат затоа што така им рекле. И јас се вакцинирав вчера и ми рекоја држи го памучево некоја минута дури седиш на столон. А луѓе ко луѓе слушаат што им се кажува. Тоа не ги прави нив глупи туку тие што им кажуваат така, а и тебе шо се смееш со нив.
 
Едно време се збореше дека тие што примиле од кинеските полувакцини,ке треба и трета да примат.Знае ли некој нешто околу ова?
Кај нас сеуште е планот со две дози.

Трета доза и по светов не знам баш кој процент има администрирано негде. најверојатно станува збор за минорен процент на посебни случаи.

Сега за сега на муабети е тоа трета доза. У пракса не знам баш колку имат примено по земјите кои со вакцинација се даааалеку пред нас.

Ја барем така мислам.
 
Турција почна да им нуди можност на здравствените работници кои се вакцинираа во јануари да примат трета доза Синовак(претходно примиле две дози Синовак) или една доза Фајзер како бустер доза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom