Конвертирање на обичен автомобил во електричен ?

  • Креатор на темата Креатор на темата The One
  • Време на започнување Време на започнување

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
Сакам да знам дали има некаде на балканов кај шо може да се конвертира автомобил од обичен (бензин) во електричен и колку/дали е исплатливо ?
 
Сигурно има некој на Балканов, ама за исплатливо во никој случај не е. Дури и најевтина модификација, значи старо возило, стари делови и сл. би коштала неколку илјади евра и тоа ова е само за деловите, електромотор, акумулатори и контролна електроника. Работната рака е плус. И со ваква модификација нема да добиеш не знам каков домет, можда 20 - 30 км при некоја скромна брзина (до кај 50 км на час)

За посериозна модификација со подобри акумулатори (литиум јонски) цените се боли глава, само акумулаторите потребни за пристоен домет може да коштаат над 10 000 евра, а нови фабрички електрични возила имаш на запад веќе од 20 000 илјади евра.
 
Како што гледаш погоре, на мала шасија 70км градска се ваѓаат со едно полнење.

Цена на чинење?...Најголемата цена кај конверзијата се акумулаторите (се разбира ако земаш нови). Со оглед на фактот што најефтиниот акумулатор е околу 50 евра (зборам добар не ...некој што ќе ти зоврие на второ полнење) е сеа удри математиката.

Моја слободна проценка, со мотор купен на старо, контролер италијански нов (околу 100 евра е), би те фатила конверзијата околу 1000 евра.

Ова се исплаќа ако имаш куќа, па да си ја уштекаш. Ако живееш во стан каде?...На паркинг? :)

Иначе исплатливо е спрема бензинот и плинот.

Најдобра комбинација е Фичо, Пегле или за поголема комоција Буба :) Се разбира можеш и Југо, 101, 128...вотевер...
 
Се` е изводливо во зависност од тоа со колкав буџет располагаш и колку ја познаваш електрониката. Зборувам во второ лице затоа што вакви работи не ги прават мајстори и тргнувам од претпоставка дека ако толку си заинтересиран ќе се засукаш и сам ќе истражуваш.
Oна што ми е мене интересно е што цело време го имаш на располагање вртежниот момент (за разлика од моторите со внатрешно согорување) што повлекува добар старт. Е сега, ако ги погледнеш двата клипа од погоре (а има и милион други) ќе ги забележиш проблемите кои уште не се надминати - мала автономија, бавно полнење, животниот век на акумулаторите, и секако цената.... Сега за сега во ваква авантура се влегува само од истражувачки аспект и ако имаш кој да те поддржи финансиски, но и со знаење за да не трошиш време и труд залудно.
Ако си заинтересиран само за купување, или чекај Nissan Leaf (не знам дали го има кај нас) или оди со алтернатива - хибрид (актуелни се кај нас Тојота Приус, Хонда Инсајт и некои модели на Лексус)
Волкс, ако сакаш да направиш електро возило кое стварно ќе ти брка работа, 1000 евра се премалку.
 
Под стварно да ти брка работа ~ 70км :) градска па 8 часовно полнење...хмм... :)

Стварно да ти брка работа се знае, се зема хибрид и тоа онај на Пежо (дизел). 2-3 литра нафта...100км :) Ќе го има од НГ само не знам која цена ама сигурно не под 35 000
 
Ако сакате убава кола потполно електрична со сите нишани, побарајте на Google Tesla motors. Имате разни опции од 160 км до 450 км на едно полнење и со многу солидни перформанси. Само што малку е посолена цената, барем засега, ама за некоја година кога ќе почнат со производство на големо ќе бидат добра конкутренција и за најдобрите „еколошки“ возила како хибридните или слично. Еве ви линк каде моќете да ги видите:

http://www.teslamotors.com/
 
Само додека да стигне до Македонија...
Тесла Моторс е многу понапредна од другите производители, таа технологија што ја имаат во Модел С ја нема во ниту една друга кола на светот. Осеќам дека за 5 години ќе доминира на пазарот.
 
Редовно го следам овој пазар зошто веќе подолго време сум запален за елекрична кола. Најновото е што Илан Маск, основачот на тесламоторс најави евтина електрична кола во произвотство во 2015 година чија цена би се движела од 20000 до 30000 $. Секоја му чест на дечкото направи револуција во светот за електрични коли. Освен тесламоторс не гледам ниту една друга сериозна компанија која произведува толку добри автомобили. Хибридит Волт не ми се допаѓа затоа што е хибрид. Според мене мислам дека не е возможно да имаш хибридна а добра кола. На крај ќе завршиш со дупли трошкови за одржување одржувајќи два мотора.
Моделот С од друга страна е страшна работа. Сепак за наши услови мрсен е. Најевтиниот модел е 35000 евра. Споредено со БМВ добиваш сепак многу ама сепак недостишно за наши стандарди. Во јули ќе почнат првите достави на моделот С. 5000 примероци (повеќето купени во предпродажба!!!) во 2012 и 20000 2013 се планирани. Неодамна Тесла го пушти прототипот X. Пошто е голем американците се попалија ептен на него. Ќе треба уште многу време. Сепак е добро што револуцијата на електричните возила започна. За конверзија размислувам дого време ама мисла дека не бива. Можда освен за во град ако возиш многу. еве неколку линкови.

http://www.e-volks.com/

http://www.electric-cars-are-for-girls.com/

Ако успееш те молам едно крукче :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom