Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
CREPetuXAAAHXxC.png:large
 
можеби има врска со ова:

Кој е следен на списокот на Путин: Нека се подготват Саудиска Арабија и Турција!
tocka-173446.jpg

10.10.2015 | 17:01
Извор: Точка
Прочитано: 11398 пати
icona-pismo.png
Испрати на пријател
icona-a.png
Зголеми го фонтот
icona-a.png
Намали го фонтот


Геополитичката ситуација денес е многу поинаква од онаа која што владееше пред неколку месеци. Не постои нормално сценарио во кое што Русија би одлучила да го лансира својот прв удар, но сепак, сегашната дистрибуција на сили укажува дека таа стекнала сигурна стратешка предност.


Создавањето на "Коалицијата на праведници" (Русија, Иран, Ирак, Сирија) е составен дел од Новиот Близок исток според рускиот модел, процес кој што може да има важни геополитички последици на трошните столбови на Саудиска Арабија и Турција. Одредената идеолошка синергија од новиот сојуз и нејзиното влијание на Курдите и Либан, во светлото на Новата студена војна чини овој сојуз да биде американски непријател број 1, бидејќи тоа е единствената сила која што е во состојба да возврати и да го блокира влијанието на САД во клучните географски точки на Блискиот исток.

Успесите на сојузот предизвикуваат непријатност кај Саудијците, бидејќи тие гледаат како нивните сојузници исчезнуваат во корист на ривалскиот Иран. Овогодишените Руско-саудиски дипломатски преговори зад затворени врати веројатно требало да ѝ обезбедат на Русија чесно повлекување од Сирија. Предлогот звучел добро, но Саудијците се обиделе да одиграат двојна игра, принудуваќи ги своите соседи сојузници во "арапското НАТО" да сносат поголем дел од теретот на бруталната копнена војна во Јемен, додека мислеле дека ќе издејствуваат некаква дополнителна корист обвинувајќи да ги повлечат своите марионети од Сирија. Тоа се покажало како голема грешка во првичните пресметки, бидејќи тие сили сега само во текот на една недела се десеткувани, што режимот во Ријад буквално го доведе до паника.

koj-e-sleden-na-spisokot-na-putin-top-01.jpg

Од надмоќнa силa до второстепенa државa

Целиот Близок исток бил свесен за руско-саудиските разговори, а кога Русија склучи сојуз и директно тргна во борба против тероризмот во регионот, саудиските марионети, како на пример Џаиш ал-Фатах, сега мора да се запрашаат зошто нивниот покровител ги напуштил и ги оставил да гинат како гулаби.

Нема основа да се помисли дека Русија на било кој начин ги известила Саудијците за текот на своите воени кампањи, но за исламитите кои што гинат директно на теренот, тоа може да изгледа како можност, поради што тие би можеле да се преполни со бес. Повеќе од 3.000 терористи веќе побегнале од Сирија во Јордан, додека нивното враќање во Судиска Арабија би значело и голема опасност по нејзината стабилност, особено бидејќи во земјата веќе се случиле инциденти кои што биле предизвикани од страна на домашните џихадисти кои што се здружени со ИСИС.

Саудијците се едноставно премногу заглавени во Јемен, за да можат на одговарачки начин да се посветат на внатрешните закани, особено ако нивните сојузници како Катар и Обединетите Арапски Емирати би ги повлекле своите сили од Јемен. Тоа веројатно саудиските параноидни фантазии за "шиитското заобиколување" чини да бидат уште посилни, што значи дека не може да се гарантира дека таа земја рационално ќе реагира на заканите кои што се бележат. Во врска со тоа, можно е дека ќе дојде до тешки внатрешни пресметки, што против осомничените терористи, што против шиитите, што дополнително ќе придонесе за дестабилизација на земјата.

koj-e-sleden-na-spisokot-na-putin-top-02.jpg

Евидентно е дека регионалното влијание на Саудиска Арабија опаѓа, и во блиска иднина, кога ИСИС и останатите терористи ќе бидат поразени, Саудијците (ако сè уште бидат единствена земја) ќе бидат принудени да го прифатат второстепениот статус на Блискиот исток. Всушност, тие ќе мора дури и да ѝ се обратат на Москва за посредништво за помош околу одржувањето на ладниот мир со Иран, додека слабеењето на нејзината економија поради падот на цената на нафтата ќе донесе исто толку негативно влијание.

Геополитичките прогнози за Саудиска Арабија изгледаат прилично безнадежно, и сигурно е дека тие се движат кон најтешките времиња во својата историја и предизвиците токму за сопствениот опстанок.

Неизвесност во Турција

Турција на својот внатрешен план минува низ такви потешкотии (граѓански конфликти, левичарски тероризам, исламистички бомбашки напади, кои што се можеби и режирани), што постои навистина реална можност за тие да станат следна Сирија ако владата и/или војската (преку државен удар) наскоро не ја повратат целосната контрола. Ситуацијата беше несигурна и пред антитерористичките акции на Русија, но сега Турција се соочува со многу реална закана од страна на сопствените исламистички марионети, исто како и Саудијците.

Налетот на искусни терористи е буквално последно нешто кое што ѝ е потребно на Турција, а во зависност од нивото на политичката неизвесност после ноемвриските вонредни избори, би можело многу лесно да се случи за војската повторно да одлучи да ги преземе нештата во свои раце и да воспостави ред во земјата. Ако се случи такво нешто, тоа може да биде одлучувачки момент кој што ќе ја насочи земјата кон полн евроазиски правец, што во потполност би ја демонтирало регионалната безбедност на архитектурата на САД и би го "раздрмало" и остaтокот од НАТО.

koj-e-sleden-na-spisokot-na-putin-top-03.jpg

Воениот ангажман на Русија во Сирија има тешки негативни последици по Турција, бидејќи на Москва ѝ овозможува целосна контрола на Црноморскиот регион и ја проектира нејзината поморска сила на северните граници на Турција, како што воздушните сили тоа го чинат и на југот. Во тој контекст, енергетскиот проект Турски / Балкански ток претставуваше само еден вид "гранка на пријателство". Но, и покрај тоа, разговорите го прекинаа проектот, а Ердоган "будалесто" се обиде да го следи саудискиот обид за голема геополитичка игра. Исто како и кралот Салман и "Султан Ердоган" исто така не успеа во својот гамбит.

Имагинарната војна на Ердоган против Русија

Геополитичката ситуација е многу поинаква денес, отколку што била пред неколку месеци. Не постои нормално сценарио според кое Русија било кога би се одлучила да го лансира првиот удар против НАТО соседот, но сепак, сегашната дистрибуција на сили укажува на тоа дека Русија стекнала сигурна стратешка предност.

Претераната реакција на Турција на ненамерните повреди на својот воздушен простор овие недели е во голема мера предизвикана од паранојата на политичкиот естаблишмент на Анкара, што секако го искористија САД и НАТО за своите стратешки цели. Сепак, како што турската војска е растргната помеѓу Курдистан, сириските граници и терористите, последно нешто кое што им треба е замислената војна на Ердоган против Русија. Всушност, колку повеќе политичкото раководство се обидува да ја потенцира руската "агресија", сè поголема е веројатноста дека војската ќе се побуни и ќе преземе чекори кон државен удар, бидејќи на неа, повеќе отколку на било кој друг актер во Турција, ѝ е јасно лицемерието и апсолутните залудни тензии со Русија, посебно во светлото на заканувачките егзистенционални околности во кои што Ердоган потполно непотребно ја вовлече својата земја.

Русија дојде во ситуација да може да ѝ нанесе значајна штета на земјата, што секако не е во ничиј интерес, дури ниту на оној на Ердоган. Значи, во случај на било каков хипотетички антагонизам на Турција против Русија во Сирија, руско-курдско-иранската оска би можела да обезбеди некаков облик на опиплива поддршка на курдските сепаратисти во Турција, што би можело да го промени сегашниот однос на силите и да доведе до отстранување на турската војска од целиот југоисточен дел на Турција.

koj-e-sleden-na-spisokot-na-putin-top-04.jpg

Ако се говори реторички, ако Турција може да се меша во внатрешните нешта на Русија на Крим (потенцијално дури и со воени средства), не постои ништо што би ја спречило Русија да го направи истото во Курдистан. Запомнете, ова е реторичко-хипотетичка ситуација – нема докази дека Русија има било каква намера за тоа и да го направи – но воените стратези, во овој случај оние од Турција, според природата на нивната работа мора да ги земат предвид сите сценарија, па веројатно е дека и вакво нешто им паднало на ум барем на неколку луѓе во Анкара.

Геополитички благослов

На војската ѝ е јасно дека е многу подобро за Турција да го избегне провоцирањето на Русија, бидејќи тоа многу брзо би можело да доведе до уништување на турската државност. Тоа е причината зошто турската војска реално може да размислува за идејата за државен удар ако премиерот Ердоган продолжи со своите провокации кон Русија. Всушност, пост-ердоганска Турција би можела да биде исклучително корисна за развојот на руско-турските односи, бидејќи земјата конечно ќе има доволно способно водство кое ја разбира суштината на билатералното партнерство и кое може да ја интензивира максималната обострана корист, особено низ напредокот на Турскиот / Балканскиот ток и де факто отстапувањето од НАТО.

Турција е веќе исклучително блиску до воен пуч, а анти-руската програма на Ердоган може да биде точка која што ќе го скрши трпението на војската. Промената на режимот би била во потполност без било какви надворешни влијанија, но таа би можела да прерасне во геополитички благослов, кога новата воена управа би одлучила земјата да ја сврти кон мултиполарната заедница Евроазија.

http://tocka.com.mk/1/173446/koj-e-...-neka-se-podgotvat-saudiska-arabija-i-turcija

Вакви текстови и анализи од некои квази новинари не вреди да се прочита, неколку пати ги повторивме истите работи, војна меѓу Русија и Турција нема шанси да има, ниту теоретски ниту практично, напад против Турција ќе значи напад против НАТО. Русија неможе да ги нападне дури ни саудијците, доколку се нападне Саудиска Арабија муслиманите ширум светот ќе се кренат на нозе бидејќи светото место им се рачуна дека е таму, евентуален напад против Арабија ќе се смета дека Русија објави војна против Исламот, така да како да ги вртиш работите нема шанси војна да се направи ниту против Саудиска Арабија ниту против Турција. Напад против Саудиска Арабија ќе се смета напад против Исламот, Напад против Турција ќе се смета напад против НАТО..

А иначе НАТО без размислување ќе пука

НАТО ЌЕ ПУКА НА НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ РУСКИ АВИОНИ
11 октомври, 2015

http://365.com.mk/199629/nato-ke-puka-na-neprijatelskite-ruski-avioni



Москва бара објаснување од Лондон за наводната дозвола неговите авиони да ги гаѓаат руските

http://makfax.com.mk/svet/vesti/mos...-dozvola-negovite-avioni-da-gi-gagaat-ruskite
 
Конечно... Време беше 28кава да види малку акција. Ако е вистина дека се префрлени во Сирија.
Покрај Су-34ката, oстанува уште 160ката да фрли 5-60 бомби и најсовремените оружја што ги има Русија ќе бидат докажани на борбеното поле.

Се надевам а и има логика да биде точно. Им фали ноќна подршка на Сириската армија, ми 24 веќе се со изминат рок на траење и се во опасност да паѓаат како муви од тепалка ако почнат да применуваат Исосвците антивоздушни системи кои наводно се шпекулира дека СА им ги доставила. А и доколку се точни шпекулациите за доставени такви системи, мислам дека со м28 токму навреме ќе им ги поматат сметките.

К52 нема да испрати Русија според мене. Ако приметувате во Сирија многу малце има од новово оружје на Русија,речиси ништо. Претежно се модели од советско време, модернизирани. Си ги штити Русија од шпиунирање и изучување од страна на САД.



Кога сме кај Саудијците, денеска во Сочи се сретнаа рускиот претседател В.Путин и министерот за одбрана на С.Арабија.
Според Лавров, целите на Русија и С.Арабија во Сирија се совпаѓаат.:icon_lol:
Цели России и Саудовској Аравии в Сирии совпадајут

Им гори под нозе на Арапите, нема веќе збеснување откако почна да имаат дефицит во буџетот па почнаа да ги трошат девизните резерви и да намалуваат со луксузите.
 
https://www.youtube.com/watch?v=lnsYLSVZ-Z8

подарок од саудијците за умерените терористи, или какоо сакат да ги наречат побунениците, сега се легална мета на русите, да не пукат на магарето саудијците пукат на самарот, сепак е исто, влогот е кренат, следен на потег е Путин
 
ИРНА: Во вчерашниот напад, ранет е лидерот на Исламска држава


При вчерашниот воздушен напад на ирачките борбени авиони против конвој на терористичката организација „Исламска држава" во западната провинција Анбар Ен ранет е лидерот Абу Бакр ал Багдади, тврди државната иранска новинска агенција ИРНА.

Во бомбардирањето убиени се тројца негови заменици - Аш Шишани, одговорен за пропагандата, Ал Сури и Абу Саид ал Карбули, се вели во соопштението на иранската агенција.

Прецизниот воздушен напад бил извршен по добивањето разузнавачки информации дека конвојот предводен од Ал Багдади патува за средба во градот Карабах со команданти на ИД.




(y)
 
Да, а ако ги оставиме слободни со остварени цели на насилствата во Блискиот Исток ќе престанат да индоктринираат?
И во двата случаи ке прават опити да индоктринират, разликата е тамо,дека единиот пат ке са ти дома,а другиот пат далеку от границите ти.
 

Одлично визуелно прикажување на хронологијата на исламистичките ѓубриња во Сирија и во Ирак.

И неразбирливо е како никој досега не ги критикувал бомбардирањата на САД, Велика Британија, Австралија, Турција, Франција и останатите држави од нивната таканаречена коалиција против ИСИЛ/ИСИС/ИД, а на Русија и се нафрлија како хиени бидејќи одговорила позитивно на барањето на сириската влада за воена интервенција во Сирија.
 
ОБАМА: „ЗНАЕВМЕ ДЕКА ПУТИН Е НЕРВОЗЕН ПОРАДИ АСАД“
........Според засега непотврдени информации, американската армија изминатата ноќ од воздух фрли 110 палети со оружје и муниција, пренесува Б92.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=48236384E4250543A0ADB0C31E937E6B
 
Министрите на ЕУ ги осудија руските воздушни напади во Сирија
%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0%bb(24).jpg

Шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија на денешниот состанок во Луксембург ја осудија руската воздушна интервенција во Сирија.

- Неодманешните руски напади кои не се насочени само кон Исламска држава и другите терористички групи од листата на Обединети нации, туку и врз умерената опозиција, предизвикаа длабока вознемиреност и веднаш треба да престанат - се наведува во заклучоците од седницата на министерскиот совет.

Министрите ги повикаа сите сириски политички фактори, вклучително и претставници на Владата на Башар ал Асад да се согласат на дијалог и со помош на ОН да изнајдат политичко решение за запирање на војната, во која досега загинаа 250.000 луѓе, а над 11 милиони се раселени.

Во соопштението остро се осудуваат нападите врз цивилите и уништувањето на светското културно наследство од страна на терористите од ИД.
http://www.plusinfo.mk/vest/43318/ministrite-na-eu-gi-osudija-ruskite-vozdushni-napadi-vo-sirija
 
Па добро, освен осудување ништо друго не им преостанува...

:kafence:
 
Па добро, освен осудување ништо друго не им преостанува...

:kafence:

Па не би рекол, ако мислиш за ЕУ да, но ако мислиш за НАТО тогаш има разлика

НАТО ЌЕ ПУКА НА НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ РУСКИ АВИОНИ
11 октомври, 2015


http://365.com.mk/199629/nato-ke-puka-na-neprijatelskite-ruski-avioni


Москва бара објаснување од Лондон за наводната дозвола неговите авиони да ги гаѓаат руските

http://makfax.com.mk/svet/vesti/mos...-dozvola-negovite-avioni-da-gi-gagaat-ruskite
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom