можеби има врска со ова:
Кој е следен на списокот на Путин: Нека се подготват Саудиска Арабија и Турција!
10.10.2015 | 17:01
Извор: Точка
Прочитано: 11398 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
Геополитичката ситуација денес е многу поинаква од онаа која што владееше пред неколку месеци. Не постои нормално сценарио во кое што Русија би одлучила да го лансира својот прв удар, но сепак, сегашната дистрибуција на сили укажува дека таа стекнала сигурна стратешка предност.
Создавањето на "Коалицијата на праведници" (Русија, Иран, Ирак, Сирија) е составен дел од Новиот Близок исток според рускиот модел, процес кој што може да има важни геополитички последици на трошните столбови на Саудиска Арабија и Турција. Одредената идеолошка синергија од новиот сојуз и нејзиното влијание на Курдите и Либан, во светлото на Новата студена војна чини овој сојуз да биде американски непријател број 1, бидејќи тоа е единствената сила која што е во состојба да возврати и да го блокира влијанието на САД во клучните географски точки на Блискиот исток.
Успесите на сојузот предизвикуваат непријатност кај Саудијците, бидејќи тие гледаат како нивните сојузници исчезнуваат во корист на ривалскиот Иран. Овогодишените Руско-саудиски дипломатски преговори зад затворени врати веројатно требало да ѝ обезбедат на Русија чесно повлекување од Сирија. Предлогот звучел добро, но Саудијците се обиделе да одиграат двојна игра, принудуваќи ги своите соседи сојузници во "арапското НАТО" да сносат поголем дел од теретот на бруталната копнена војна во Јемен, додека мислеле дека ќе издејствуваат некаква дополнителна корист обвинувајќи да ги повлечат своите марионети од Сирија. Тоа се покажало како голема грешка во првичните пресметки, бидејќи тие сили сега само во текот на една недела се десеткувани, што режимот во Ријад буквално го доведе до паника.
Од надмоќнa силa до второстепенa државa
Целиот Близок исток бил свесен за руско-саудиските разговори, а кога Русија склучи сојуз и директно тргна во борба против тероризмот во регионот, саудиските марионети, како на пример Џаиш ал-Фатах, сега мора да се запрашаат зошто нивниот покровител ги напуштил и ги оставил да гинат како гулаби.
Нема основа да се помисли дека Русија на било кој начин ги известила Саудијците за текот на своите воени кампањи, но за исламитите кои што гинат директно на теренот, тоа може да изгледа како можност, поради што тие би можеле да се преполни со бес. Повеќе од 3.000 терористи веќе побегнале од Сирија во Јордан, додека нивното враќање во Судиска Арабија би значело и голема опасност по нејзината стабилност, особено бидејќи во земјата веќе се случиле инциденти кои што биле предизвикани од страна на домашните џихадисти кои што се здружени со ИСИС.
Саудијците се едноставно премногу заглавени во Јемен, за да можат на одговарачки начин да се посветат на внатрешните закани, особено ако нивните сојузници како Катар и Обединетите Арапски Емирати би ги повлекле своите сили од Јемен. Тоа веројатно саудиските параноидни фантазии за "шиитското заобиколување" чини да бидат уште посилни, што значи дека не може да се гарантира дека таа земја рационално ќе реагира на заканите кои што се бележат. Во врска со тоа, можно е дека ќе дојде до тешки внатрешни пресметки, што против осомничените терористи, што против шиитите, што дополнително ќе придонесе за дестабилизација на земјата.
Евидентно е дека регионалното влијание на Саудиска Арабија опаѓа, и во блиска иднина, кога ИСИС и останатите терористи ќе бидат поразени, Саудијците (ако сè уште бидат единствена земја) ќе бидат принудени да го прифатат второстепениот статус на Блискиот исток. Всушност, тие ќе мора дури и да ѝ се обратат на Москва за посредништво за помош околу одржувањето на ладниот мир со Иран, додека слабеењето на нејзината економија поради падот на цената на нафтата ќе донесе исто толку негативно влијание.
Геополитичките прогнози за Саудиска Арабија изгледаат прилично безнадежно, и сигурно е дека тие се движат кон најтешките времиња во својата историја и предизвиците токму за сопствениот опстанок.
Неизвесност во Турција
Турција на својот внатрешен план минува низ такви потешкотии (граѓански конфликти, левичарски тероризам, исламистички бомбашки напади, кои што се можеби и режирани), што постои навистина реална можност за тие да станат следна Сирија ако владата и/или војската (преку државен удар) наскоро не ја повратат целосната контрола. Ситуацијата беше несигурна и пред антитерористичките акции на Русија, но сега Турција се соочува со многу реална закана од страна на сопствените исламистички марионети, исто како и Саудијците.
Налетот на искусни терористи е буквално последно нешто кое што ѝ е потребно на Турција, а во зависност од нивото на политичката неизвесност после ноемвриските вонредни избори, би можело многу лесно да се случи за војската повторно да одлучи да ги преземе нештата во свои раце и да воспостави ред во земјата. Ако се случи такво нешто, тоа може да биде одлучувачки момент кој што ќе ја насочи земјата кон полн евроазиски правец, што во потполност би ја демонтирало регионалната безбедност на архитектурата на САД и би го "раздрмало" и остaтокот од НАТО.
Воениот ангажман на Русија во Сирија има тешки негативни последици по Турција, бидејќи на Москва ѝ овозможува целосна контрола на Црноморскиот регион и ја проектира нејзината поморска сила на северните граници на Турција, како што воздушните сили тоа го чинат и на југот. Во тој контекст, енергетскиот проект Турски / Балкански ток претставуваше само еден вид "гранка на пријателство". Но, и покрај тоа, разговорите го прекинаа проектот, а Ердоган "будалесто" се обиде да го следи саудискиот обид за голема геополитичка игра. Исто како и кралот Салман и "Султан Ердоган" исто така не успеа во својот гамбит.
Имагинарната војна на Ердоган против Русија
Геополитичката ситуација е многу поинаква денес, отколку што била пред неколку месеци. Не постои нормално сценарио според кое Русија било кога би се одлучила да го лансира првиот удар против НАТО соседот, но сепак, сегашната дистрибуција на сили укажува на тоа дека Русија стекнала сигурна стратешка предност.
Претераната реакција на Турција на ненамерните повреди на својот воздушен простор овие недели е во голема мера предизвикана од паранојата на политичкиот естаблишмент на Анкара, што секако го искористија САД и НАТО за своите стратешки цели. Сепак, како што турската војска е растргната помеѓу Курдистан, сириските граници и терористите, последно нешто кое што им треба е замислената војна на Ердоган против Русија. Всушност, колку повеќе политичкото раководство се обидува да ја потенцира руската "агресија", сè поголема е веројатноста дека војската ќе се побуни и ќе преземе чекори кон државен удар, бидејќи на неа, повеќе отколку на било кој друг актер во Турција, ѝ е јасно лицемерието и апсолутните залудни тензии со Русија, посебно во светлото на заканувачките егзистенционални околности во кои што Ердоган потполно непотребно ја вовлече својата земја.
Русија дојде во ситуација да може да ѝ нанесе значајна штета на земјата, што секако не е во ничиј интерес, дури ниту на оној на Ердоган. Значи, во случај на било каков хипотетички антагонизам на Турција против Русија во Сирија, руско-курдско-иранската оска би можела да обезбеди некаков облик на опиплива поддршка на курдските сепаратисти во Турција, што би можело да го промени сегашниот однос на силите и да доведе до отстранување на турската војска од целиот југоисточен дел на Турција.
Ако се говори реторички, ако Турција може да се меша во внатрешните нешта на Русија на Крим (потенцијално дури и со воени средства), не постои ништо што би ја спречило Русија да го направи истото во Курдистан. Запомнете, ова е реторичко-хипотетичка ситуација – нема докази дека Русија има било каква намера за тоа и да го направи – но воените стратези, во овој случај оние од Турција, според природата на нивната работа мора да ги земат предвид сите сценарија, па веројатно е дека и вакво нешто им паднало на ум барем на неколку луѓе во Анкара.
Геополитички благослов
На војската ѝ е јасно дека е многу подобро за Турција да го избегне провоцирањето на Русија, бидејќи тоа многу брзо би можело да доведе до уништување на турската државност. Тоа е причината зошто турската војска реално може да размислува за идејата за државен удар ако премиерот Ердоган продолжи со своите провокации кон Русија. Всушност, пост-ердоганска Турција би можела да биде исклучително корисна за развојот на руско-турските односи, бидејќи земјата конечно ќе има доволно способно водство кое ја разбира суштината на билатералното партнерство и кое може да ја интензивира максималната обострана корист, особено низ напредокот на Турскиот / Балканскиот ток и де факто отстапувањето од НАТО.
Турција е веќе исклучително блиску до воен пуч, а анти-руската програма на Ердоган може да биде точка која што ќе го скрши трпението на војската. Промената на режимот би била во потполност без било какви надворешни влијанија, но таа би можела да прерасне во геополитички благослов, кога новата воена управа би одлучила земјата да ја сврти кон мултиполарната заедница Евроазија.
http://tocka.com.mk/1/173446/koj-e-...-neka-se-podgotvat-saudiska-arabija-i-turcija