Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување


Чистење во редовите на опозицијата во Сирија. И не само во Сирија, се добива впечаток дека се работи за координирана регионална акција. Дали во Сирија чистката ќе остане декларативна и ќе се сведе само само на превземање на водството врз групите или Саудиското влијание скроз ќе се тргне останува да покаже времето.

Но во секој случај, тргањето на ова зло со Саудсиски корени не само од Сирија, туку и од регионот, ќе биде големо олеснување пред се за народот. Ѕверствата на овие групации, вкоренија длабоки разлики кои резултираа со крвави пресметки во регионот во последната деценија.

Група блиска на Ал Каеда потисната од упориште во Сирија

Бунтовничка групација којашто е блиска на глобалната терористичка организација Ал Каеда била принудена да се повлече од областите во северна Сирија недалеку од границата со Турција откако била нападната од исламистички бригади, пренесува Reuters повикувајќи се на опозициски извори.

Судирите се одвивале последните денови меѓу припадниците на групацијата Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL), блиска на Ал Каеда којашто ја предводат странски џихадисти и другите исламистички групи. Како и во претходните судири меѓу исламистите и сунитските сириски опозициски групи коишто заедно се борат против армијата на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој потекнува од алавитското (шиитско) малцинство, во неделата кулминирале судирите за контрола на територијата и влијанието во регионот во близина на долгата сириско-турска граница. Оваа област е клучно за снабдувањето на бунтовниците во Сирија, бидејќи турските власти ја поддржуваат сириската сунитска вооружена опозиција којашто од март 2011 година се обидува да го собори од власта Асад.

Претходно во саботата беше опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на своите активисти на теренот објави дека новата самопрогласена исламистичка Армија на муџахедините во провинциите Идлиб и Алепо во северна Сирија заробила стотина и убила најмалку 36 припадници на Исламската држава во Ирак и на Левантот.

Меѓутоа, во текот на повлекувањето на борците на ISIL во неделата од нивното упориште во ал-Дана и градот Атма, кој е важна рута за снабдување во провинцијата Идлиб, немало судири, што, според опозициски извори и дипломати од земји од Блискиот исток, најверојатно укажува дека можеби е постигнат договор за да се избегнат борби од поголеми размери коишто би ги исцрпеле силите на двете страни што би одело во прилог на армијата на владата на претседателот Асад.

Борците на Фронтот ал-Нусра и милитантната групација Ахрар-алШам ги преземале позициите на ISIL во два града, соопштиле активисти во северна Сирија. „Исламската држава во Ирак и на Левантот се повлекува без борба. Нејзините борци го земаат своето оружје. Се чини дека се упатија во правец на Алепо", изјавил за Reuters опозицискиот активист Фирас Ахмад.

Сириските опозициски вооружени групи во саботата, исто така, се бореа против групациите блиски на Ал Каеда во северна Сирија во обидот да го спречат растечкото влијание на екстремистите коишто дејствуваат од Багдад до Бејрут. Истовремено, силите на ирачката влада се борат за да ги потиснат сунитските џихадисти блиски до Ал Каеда во западната покраина Анбар, во близина на границата со Сирија.

Групите блиски на Ал Каеда кои се обидуваат да воспостават контрола врз голема територија во Ирак и Сирија се „најопасните играчи во овој регион. Нивното варварство против цивилите во Рамади и Фалуча и против ирачките безбедносни сили сите можеа да го видат", изјави американскиот државен секретар Џон Кери во неделата на прес-конференција во Ерусалим.

Американскиот Стејт департмент потврди дека челниците на некои сунитски племиња во Ирак и нивните племенски милиции во Ирак се свртија против групациите на Ал Каеда во, вклучувајќи ги и челниците во покраинскиот главен град Рамади, каде што племенските милиции заедно со ирачката полиција успеаја да ги протераат исламистичките милитанти од деловите на градот коишто претходните денови успеаја да ги заземат. „Припадниците на ISIL ја загубија поддршката од народот, бидејќи лошо се однесуваа кон него. Тие им ги отсекуваат главите на луѓето за да го преплашат народот во името на верата", изјавил за The Washington Post портпаролот на групата Револуционерен фронт, којашто не е поврзана со Ал Каеда.

Исламската држава во Ирак и на Левантот (ISIL) исто така неодамна објави дека се шири и кон Либан соопштувајќи дека го извела самоубиствениот бомбашки напад во јужното предградие на либанската престолнина Бејрут во близина на седиштето на шиитското движење Хезболах чии припадници во соседна Сирија се борат на страната на владата на алавитот Асад, и вети дека ќе следуваат уште напади врз ова движење поради неговата ангажираност на сириското боиште.

Анализирајќи го најновиот бран крвопролевање што последните две седмици ги зафати Ирак и Либан, покрај веќе тригодишната граѓанска војна во Сирија, дневнито весник The New York Times во неделата вели дека она што се покажува како нешто ново и дестабилзирачко е појавувањето на постамериканскиот Блиски исток во кој ниеден посредник нема моќ или волја да ја стивне меѓусекташката омраза во овој регион.

Покрај празнината којашто ја остави САД со повлекувањето од Ирак, исламистите предводени од Ал Каеда го јакнат своето влијание во Ирак и се вмешаа во конфликтот во соседната Сирија. Весникот смета дека во заднината на конфликтот стои огорченото ривалство меѓу нафтените гиганти шиитски Иран и сунитска Саудиска Арабија чиишто челници тврдејќи дека се бранители на шиитскито и сунитскиот ислам, цинично ја спроведуваат својата секташка програма за којашто каков и да договор претставува ерес.

„Мислам дека сме сведоци на пресвртница која може да биде една од најлошите во целата наша историја. Западот не е тука, а ние сме во рацете на две регионални сили, Саудијците и Иранците, од кои секоја е фанатична на свој начин. Не гледам како можат да постигнат какво и да е помирување, какво и да е рационално решение", смета Елиас Кури, либански романописец и книжевен критичар.

Покрај овие судири, се стравува дека со можното целосно или поголемо повлекување на американските сили од Авганистан кон крајот на 2014 година ќе следува разгорување на талибанскиот бунт „кој ќе ја уништи и оваа држава и што ќе пеплоса уште еден напор на САД да изградат некоја земја".
 
И шести државјанин на БиХ загина на боиштето во Сирија


ec977923-67d7-475a-bc6e-4d01ec1717b3

Во борби во Сирија загинал 26-годишник од Босна и Херцеговина кој се борел на страната на радикалните исламисти со што бројот на загинати државјани од оваа балканска земја се искачи на шест, објaви во неделата Босанскохерцеговската телевизија BHT1.

...........................................................
http://makfax.com.mk/326482/i_shesti_drzhavjanin_na_bih_zagina_na_boishteto_vo_sirija
 
еве што прават гомнава тамо:

ФОТО + ВИДЕО: Малула во пламен, џихадистите киднапираа 12 монахињи

декември 4, 2013 Категории: Свет, Слајдер


Малула
Малула е историски град во Сирија во кој населението го зборува Арамејскиот јазик, јазикот на кој зборувал Исус Христос. Изобилува со стари цркви и монашки скитови. Местото е заштитено од УНЕСКО како споменик на културата.
Ова, претежно христијанско гратче во понеделникот беше повторно заземено од припадници на Џабхат Ал Нусра, група поврзана со Ал Каеда.
Бунтовниците ги киднапирале 12-те монахињи од Православниот манастир Света Текла и се претпоставува дека ги однеле во градот Јабруд кој е под контрола на опозицијата на чија страна се бори и Ал Нусра.

12 монахињи заедно со игуманијата беа киднапирани од Џабхат Ал-Нусра
Католичкиот намесник на Дамаск, монсињор Марио Зенари за Радио Ватикан изјави дека во манастирот упаднала џихадистичка група и го киднапирала сестринството, вклучувајќи ја и игуменијата на манастирот мајка Пелагија Сајаф.
„Незнам дали се работи за киднапирање или се само присилно иселени од манастирот бидејќи борците сакаат да го контролираат тоа место за понатамошните борби“ рече монсињор Зенари.
„Она што можеме да го направиме во моментов е да се молиме за монахињите и оние кои ги држат во заложништво, добро да ги третираат“

Малула, 1/2 декември 2013

Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР ) објави дека Малула е заземен од страна на опозицијата за време на заеднички напад од страна на неколку групи помеѓу кои е и Џабхат Ал-Нусра.
„Жестоки судири се одвиваат на периферијата помеѓу бунтовничките фракции и владините сили“, известуваат од СОХР.
Мајка Февронија Набан, игуменија на блискиот манастир во Саиднаја, рече дека имала телефонски разговор со Сајаф по нивното киднапирање. Монахињата изјавила дека сите сестри биле „добри и безбедни“.
Набхан дополни дека уште три други жени биле киднапирани заедно со 12-те монахињи.
Монсињор Зенари рече дека манастирот бил еден од последните населени згради во Малула.
Судирите кои избувнаа помеѓу владините трупи и опозицијата ги принудија жителите да го напуштат историскиот град кој беше главна туристичка атракција и место за аџилак за христијаните и муслиманите пред избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година.
Опозицијата во септември насилно зазеде делови од градот, но се повлече пред нападот на владините сили.
На YouTube се појави видео на кое се гледа пустошењето на Малула
Христијанското население пред војната сочинуваше 10% од населението во Сирија. За време на војната Христијаните се на мета на опозициските исламистички групи кои се борат против секуларната влада во Дамаск.

Сирискиот претседател Башар Ал-Асад со сопругата Асма при нивната посета на манастирот Света Текла заедно со игуманијата Пелагија Сајаф
Цел на опозициските џихадистички групи не се само христијански објекти, туку и исламските. Така на нивна мета се најдоа и најстарата Омајадска џамија во Дамаск од почетокот на 8 век која во саботата беше ракетирана при што загинаа 4 лица, Големата Омајадска Џамија во Алеп и други.
 
Чистење во редовите на опозицијата во Сирија. И не само во Сирија, се добива впечаток дека се работи за координирана регионална акција. Дали во Сирија чистката ќе остане декларативна и ќе се сведе само само на превземање на водството врз групите или Саудиското влијание скроз ќе се тргне останува да покаже времето.

Но во секој случај, тргањето на ова зло со Саудсиски корени не само од Сирија, туку и од регионот, ќе биде големо олеснување пред се за народот. Ѕверствата на овие групации, вкоренија длабоки разлики кои резултираа со крвави пресметки во регионот во последната деценија.


Орки против планински гоблини, Мордор:pos:

Во последниве 48 часа ескалира ситуацијата со мегусебни судири на бунтовничкиве групи, новоформираната Муџахедиснка Војска која е членка на Исламскиот Фронт во свој состав со 8 бригади и други помали и повлијателни милитантски групи им го сврте грбот на ИСИЛ. Официјално од ИСИЛ што сретнав и изјави Ал Аднани дека "Крвта на нивните браќа не е пролиена туку така" и на сето тоа уште им испорача 3 услови на неговите нови ривали (со кои претходно заедно војуваа)
- Да им ги ослободат сите патишта
- Да избегнуваат секаков конфликт со членовите на ИСИЛ
- Да ги ослободат нивните заробеници
Во спротивно ке ги следи тешка судбина.
Претходно неколку дена наназад Ал Аднани ги предупреди и другите групи кои го напаѓаат и ги ослабуваат неговите позиции доколку продолжат со тоа ке ги повлече неговите сили околу Алепо што моментално држат најцврста линија.
Во најмала рака овие случувања му одат во прилог на Дамаск и на Асад што му отвара простор на Сириската војска за нов напредок. ИСИЛ моментално води борби на повеќенационални фронтови во исто време се во судир со нивните нови ривали плус Сириската војска а од друга страна судир со Ирачката војска и сунитските племиња кои ја поддржаваат војската. И како и секогаш во секоја прикаска САД мора да се вмеша, Кери изјави дека Америка ке го помогне Ирак во борбата од секој аспект но нема да праќа трупи. Додека од друга страна Ирак го прекрши претходно замрзнатиот договор со Русија за продажба на оружје што мометално Ирак ми се чини дека ја доби и првата пратка на хеликоптери од Русија, што пак ја враќа Русија како голем играч на Блискиот Исток. Сад сигурно ке настојува да врши притисок врз Ирачката влада околу ова но ке чекаме нови вести анализи да видиме што случувања ке има понатаму.
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 18:44 ---
Сотри ги Боже, уништи ги до еден

Гази ги Асадее!
 
Свитка америка опашката и сега се перат, кривични ќе пишуеле :)
Одма и борците разочарани, демек прелажани.

Да паднеше Асад ќе парадираа низ Приштина и улиците и школите по нив ќе ги крстеа.
 
1.1rt.jpg
"A handout picture taken on January 5, 2014, and released by Norwegian Armed Forces, the Danish support vessel L17 "Esbern Snare" on training with the Norwegian frigate HNoMS "Helge Ingstad" in the Mediterranean sea in preparation to escort a delayed shipment of Syria's chemical agents for destruction.(AFP Photo / Lars Magne Hovtun)"


Првиот дел од хемиско оружје кое ке се уништува во меѓународни води (Во Италија ке се премести целиот арсенал на Амерички брод MV Cape Ray) ја напушти Сирија од пристаништето во Латакија, бродот е придужувам од Данска, Норвешка и Сирија. Воени бродови, поддршка и придружба во меѓународните води ке добијат од Русија и Кина.

http://rt.com/news/syria-chemical-shipping-start-277/


 
http://www.sky.mk/svet/402925-kosovski-albanec-zagina-vo-sirija

Косовски Албанец загина во Сирија

Детали
Создадено На Петок, 10 Јануари 2014 15:03
Вчера на фронтот во Сирија загинал Албанецот Ф.С. (40) од Приштина.
„Газета експрес“ јавува дека за работи за трет Албанец од Косово кој е убиен во Сирија во последните три дена.
Семејство на убиениот било известено за неговата смрт од друг Албанец што се наоѓа во Србија. Ф.Ц. бил сопственик на куќа во Приштина, што неодамна се обидел да ја претвори во џамија, но властите го спречиле во тоа, а потоа заедно со сопругата заминал во Сирија за да војува.
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 15:48 ---
Сирија, 2014 година: Отсечени главите на 2 христијани


http://kurir.mk/svet/vesti/143878-Sirija-2014-godina-Otseceni-glavite-na-2-hristijani
 
Прегледај го приврзокот 81612
"A handout picture taken on January 5, 2014, and released by Norwegian Armed Forces, the Danish support vessel L17 "Esbern Snare" on training with the Norwegian frigate HNoMS "Helge Ingstad" in the Mediterranean sea in preparation to escort a delayed shipment of Syria's chemical agents for destruction.(AFP Photo / Lars Magne Hovtun)"


Првиот дел од хемиско оружје кое ке се уништува во меѓународни води (Во Италија ке се премести целиот арсенал на Амерички брод MV Cape Ray) ја напушти Сирија од пристаништето во Латакија, бродот е придужувам од Данска, Норвешка и Сирија. Воени бродови, поддршка и придружба во меѓународните води ке добијат од Русија и Кина.

http://rt.com/news/syria-chemical-shipping-start-277/



Уште една рецензија за случувањата во Сирија,8 јануари 2014

Деца и жени жртви на бомбашки напад
http://bcove.me/cxoq1kts
 
Над 300 исклучително опасни терористи може да се вратат во Македонија, ЦГ, Србија, БиХ, како висок ризик за регионот

Во Сирија има околу 300 борци од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово (120 од БиХ, 93 од Србија, над 30 од Косово и околу 60 од Македонија и Црна Гора), кои се борат со припадниците на исламската држава Ирак и Левант. Нивното враќање во татковините ќе биде потенцијално висок ризик, бидејќи станува збор за исклучително опасни терористи, кои ја покажаа својата суровост во сириската војна, пишува хрватски Вечерњи лист.

mkd-100780.jpg
Регионалните разузнавачки служби, особено во Босна и Херцеговина и во Србија, се во состојба на готовност откако Слободната сириска армија, која се бори за соборување на Башар ал-Асад и воспоставување секуларна демократска држава Сирија, им објави војна на радикалните исламистички групи поврзани со Ал каеда, пишува весникот.
По жестоките борби Слободната сириска армија успеа да ги потисне припадниците на исламската држава Ирак и Левант, поврзани со Ал каеда, составени од странски доброволци што дошле во Сирија за да се борат против Башар ал-Асад и основаа исламска држава како онаа во талибанскиот Авганистан, киднапираа новинари, активисти, ги мачеа и ги убиваа Сиријците што се со нив. Досега во жестоките борби на сириското бојно поле загинаа неколку десетици џихадисти од поранешна Југославија, главно од Босна и Херцеговина. По тешките загуби, Абу Мухамед ал-Аднан, командантот на исламската држава Ирак и Левант, побара прекин на огнот, но Слободната сириска армија и други бунтовнички фракции поставуваат услов: странските доброволци да си заминат од Сирија.
Имено, според пишувањето на сите медиуми од просторите на поранешна Југославија, повеќе не е тајна дека во Сирија има околу 300 исламисти од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово (120 од БиХ, 93 од Србија, над 30 од Косово и околу 60 од Македонија и Црна Гора), кои се борат на страната на исламската држава Ирак и Левант. Нивното враќање во татковините ќе биде потенцијално висок ризик, бидејќи станува збор за исклучително опасни терористи, кои ја покажаа својата суровост во сириската војна, пишува весникот.
mkd-100779.jpg

Во последниот извештај на разузнавачката служба на БиХ (СИПА), која тесно соработува со сириската разузнавачка служба, со која разменува податоци за движењето на опасните терористи, се наведува дека најголемиот безбедносен проблем на ваквиот воен ангажман е тоа што голем број џихадисти им се приклучиле на вооружените групи поврзани со Ал каеда, што е потенцијална опасност по нивното враќање.
„Интензивно соработуваме со босанските, српските, хрватските и другите земји во регионот. Тоа е мошне корисно, иако е тешко да се следат зашто не ја користат домашната мобилна мрежа, која ние можеме да ја контролираме, туку се служат со босански, хрватски и српски СИМ-картички“, вели претставникот на сириската разузнавачка служба, Гајас Ибрахим.
Гајас се чуди зошто службите во регионот, кога веќе имаат толку податоци за движењето на терористите, не ги спречуваат да отидат на бојното поле во Сирија. Имињата на сите џихадисти им се познати на безбедносните агенции во регионот.
Безбедносниот експерт проф. д-р Влатко Цвртила исто така смета дека враќањето на џихадистите во нивните земји е потенцијална опасност.
„Веќе и самата можност за организирање единици што се користат за радикализација е голем проблем и, се разбира, потенцијален ризик, зашто се враќаат добро организирани“, вели проф. Цвртила за Вечерњи лист. Тој е убеден дека сите служби во регионот соработуваат, и тоа во рамките на мултинационален договор.
„Сигурен сум дека сите разузнавачки агенции во регионот се во состојба на целосна готовност, се разбира, вклучувајќи ја и Хрватска, па го проверуваат секој детаљ и сите тие луѓе со намера да спречат каков било терористички акт. Верувам дека ќе успеат во тоа“, вели професорот Цвртила.
Дали е можно воените повратници поврзани со Ал каеда да организираат терористички напади во земјите на регионот, како што прават во Русија?
„Досега бевме поштедени од таквите форми на политичко насилство и тероризам. Во овој момент е тешко да се предвиди што ќе се случува во иднина. Секако дека постои опасност. Се разбира, може да има зголемена радикализација, но и не мора да биде предуслов за насилство“, заклучува професор Цвртила за Вечерњи лист.

http://www.mkd.mk/svet/analizi/pove...teroristi-mozhe-da-se-vratat-vo-makedonija-cg
 
Нашата власт ја боли уво за овакви работи, али затоа е супер ревносна во собирање на разно-разни измислени арачи од сопствениот народ.
Очекувам во наредните години, резултат од овие повратници.
Она што сега ни го прават Муслиманите, по автобуси, цркви и слично, ќе биде ништо во споредба со она што ќе следи. Ќе има смилковски езера еднаш-два пати годишно.
Ова не е предвидување по осет, туку реален развој на настаните кој треба да се очекува.
А сето тоа заради неспособноста на власта да си го заштити својот сопствен народ.
Плус тука е и заштитничкото однесување на СИТЕ Муслимани кон оваквите, за нив маченици на исламот, а за нас злосторници. Видете за Смилковско езеро како ги бранеа овие од Авганистан, што дојдоа, што ни ги убија децата за најголемиот празник. Па сега кога овие ќе почнат да прават пизадрии што ли ќе биде.

Многу е едноставна реалноста: оваквите говна ни прават срања во име на Алах, Муслиманите ги бранат, а власта ги игнорира (што не би се рекло за есенцијалните нешта како поминување на црвено или заборавање да ги известиш дека си го сменила презимето)
Треба да се батали власта. Знам, дека им плаќаме даноци да не бранат, меѓу другото, али помина многу време, многу деца ни претепаа и ни скинаа, многу цркви ни осквернавија, и да не набројувам, секој ден има по медиуми, додека за тоа време пиздиве у фотељи само на арач мислат.
Работите треба секој посебно да ги преземе во свои раце, а на власта да и се даде нејзиното (тоа што го заслужила), на избори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom