- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.914
- Поени од реакции
- 86.167
Нека ви се множат и у фамилија, на сите што ги подржувате.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Група блиска на Ал Каеда потисната од упориште во Сирија
Бунтовничка групација којашто е блиска на глобалната терористичка организација Ал Каеда била принудена да се повлече од областите во северна Сирија недалеку од границата со Турција откако била нападната од исламистички бригади, пренесува Reuters повикувајќи се на опозициски извори.
Судирите се одвивале последните денови меѓу припадниците на групацијата Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL), блиска на Ал Каеда којашто ја предводат странски џихадисти и другите исламистички групи. Како и во претходните судири меѓу исламистите и сунитските сириски опозициски групи коишто заедно се борат против армијата на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој потекнува од алавитското (шиитско) малцинство, во неделата кулминирале судирите за контрола на територијата и влијанието во регионот во близина на долгата сириско-турска граница. Оваа област е клучно за снабдувањето на бунтовниците во Сирија, бидејќи турските власти ја поддржуваат сириската сунитска вооружена опозиција којашто од март 2011 година се обидува да го собори од власта Асад.
Претходно во саботата беше опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на своите активисти на теренот објави дека новата самопрогласена исламистичка Армија на муџахедините во провинциите Идлиб и Алепо во северна Сирија заробила стотина и убила најмалку 36 припадници на Исламската држава во Ирак и на Левантот.
Меѓутоа, во текот на повлекувањето на борците на ISIL во неделата од нивното упориште во ал-Дана и градот Атма, кој е важна рута за снабдување во провинцијата Идлиб, немало судири, што, според опозициски извори и дипломати од земји од Блискиот исток, најверојатно укажува дека можеби е постигнат договор за да се избегнат борби од поголеми размери коишто би ги исцрпеле силите на двете страни што би одело во прилог на армијата на владата на претседателот Асад.
Борците на Фронтот ал-Нусра и милитантната групација Ахрар-алШам ги преземале позициите на ISIL во два града, соопштиле активисти во северна Сирија. „Исламската држава во Ирак и на Левантот се повлекува без борба. Нејзините борци го земаат своето оружје. Се чини дека се упатија во правец на Алепо", изјавил за Reuters опозицискиот активист Фирас Ахмад.
Сириските опозициски вооружени групи во саботата, исто така, се бореа против групациите блиски на Ал Каеда во северна Сирија во обидот да го спречат растечкото влијание на екстремистите коишто дејствуваат од Багдад до Бејрут. Истовремено, силите на ирачката влада се борат за да ги потиснат сунитските џихадисти блиски до Ал Каеда во западната покраина Анбар, во близина на границата со Сирија.
Групите блиски на Ал Каеда кои се обидуваат да воспостават контрола врз голема територија во Ирак и Сирија се „најопасните играчи во овој регион. Нивното варварство против цивилите во Рамади и Фалуча и против ирачките безбедносни сили сите можеа да го видат", изјави американскиот државен секретар Џон Кери во неделата на прес-конференција во Ерусалим.
Американскиот Стејт департмент потврди дека челниците на некои сунитски племиња во Ирак и нивните племенски милиции во Ирак се свртија против групациите на Ал Каеда во, вклучувајќи ги и челниците во покраинскиот главен град Рамади, каде што племенските милиции заедно со ирачката полиција успеаја да ги протераат исламистичките милитанти од деловите на градот коишто претходните денови успеаја да ги заземат. „Припадниците на ISIL ја загубија поддршката од народот, бидејќи лошо се однесуваа кон него. Тие им ги отсекуваат главите на луѓето за да го преплашат народот во името на верата", изјавил за The Washington Post портпаролот на групата Револуционерен фронт, којашто не е поврзана со Ал Каеда.
Исламската држава во Ирак и на Левантот (ISIL) исто така неодамна објави дека се шири и кон Либан соопштувајќи дека го извела самоубиствениот бомбашки напад во јужното предградие на либанската престолнина Бејрут во близина на седиштето на шиитското движење Хезболах чии припадници во соседна Сирија се борат на страната на владата на алавитот Асад, и вети дека ќе следуваат уште напади врз ова движење поради неговата ангажираност на сириското боиште.
Анализирајќи го најновиот бран крвопролевање што последните две седмици ги зафати Ирак и Либан, покрај веќе тригодишната граѓанска војна во Сирија, дневнито весник The New York Times во неделата вели дека она што се покажува како нешто ново и дестабилзирачко е појавувањето на постамериканскиот Блиски исток во кој ниеден посредник нема моќ или волја да ја стивне меѓусекташката омраза во овој регион.
Покрај празнината којашто ја остави САД со повлекувањето од Ирак, исламистите предводени од Ал Каеда го јакнат своето влијание во Ирак и се вмешаа во конфликтот во соседната Сирија. Весникот смета дека во заднината на конфликтот стои огорченото ривалство меѓу нафтените гиганти шиитски Иран и сунитска Саудиска Арабија чиишто челници тврдејќи дека се бранители на шиитскито и сунитскиот ислам, цинично ја спроведуваат својата секташка програма за којашто каков и да договор претставува ерес.
„Мислам дека сме сведоци на пресвртница која може да биде една од најлошите во целата наша историја. Западот не е тука, а ние сме во рацете на две регионални сили, Саудијците и Иранците, од кои секоја е фанатична на свој начин. Не гледам како можат да постигнат какво и да е помирување, какво и да е рационално решение", смета Елиас Кури, либански романописец и книжевен критичар.
Покрај овие судири, се стравува дека со можното целосно или поголемо повлекување на американските сили од Авганистан кон крајот на 2014 година ќе следува разгорување на талибанскиот бунт „кој ќе ја уништи и оваа држава и што ќе пеплоса уште еден напор на САД да изградат некоја земја".
Чистење во редовите на опозицијата во Сирија. И не само во Сирија, се добива впечаток дека се работи за координирана регионална акција. Дали во Сирија чистката ќе остане декларативна и ќе се сведе само само на превземање на водството врз групите или Саудиското влијание скроз ќе се тргне останува да покаже времето.
Но во секој случај, тргањето на ова зло со Саудсиски корени не само од Сирија, туку и од регионот, ќе биде големо олеснување пред се за народот. Ѕверствата на овие групации, вкоренија длабоки разлики кои резултираа со крвави пресметки во регионот во последната деценија.
Сотри ги Боже, уништи ги до еден
Свитка америка опашката и сега се перат, кривични ќе пишуеле200 косовари се борат во Сирија,властите готват кривични санкции за борците
http://lokalno.mk/200-kosovari-se-borat-vo-sirijavlastite-gotvat-krivichni-sankcii-za-borcite/
Уште еден Косовец убиен во Сирија како и 19 годишно момче од Нови Пазар
http://lider.mk/2014/01/08/uste-eden-kosovec-ubien-vo-sirija/
neka se mnozat
Прегледај го приврзокот 81612
"A handout picture taken on January 5, 2014, and released by Norwegian Armed Forces, the Danish support vessel L17 "Esbern Snare" on training with the Norwegian frigate HNoMS "Helge Ingstad" in the Mediterranean sea in preparation to escort a delayed shipment of Syria's chemical agents for destruction.(AFP Photo / Lars Magne Hovtun)"
Првиот дел од хемиско оружје кое ке се уништува во меѓународни води (Во Италија ке се премести целиот арсенал на Амерички брод MV Cape Ray) ја напушти Сирија од пристаништето во Латакија, бродот е придужувам од Данска, Норвешка и Сирија. Воени бродови, поддршка и придружба во меѓународните води ке добијат од Русија и Кина.
http://rt.com/news/syria-chemical-shipping-start-277/