Ејпл има приходи поголеми од вкупните приходи на топ десетте главни снабдувачи на воена опрема на САД во кои спаѓаат Локхид Мартин, Боинг, Нортроп, Џенерал Динамикс, Рајтеон итн.
Да не ги спомнуваме тука Гугл, Самсунг итн.
Патем, нема да продадеш оружје ако немаш влијание. Влијанието тешко се добива со оружје.
Тоа се официјалните бројки, неофицијалните бројки Бог знае какви се.
Инаку, Епл, Гугл, Самсунг итн. не шверцуваат телефони, телевизори и останати производи во држави за кои е воведена забрана со секакви ембарга и меѓународни договори и декларации, за разлика од производителите на оружје, кои не знаат за граници и за домашно право, а уште помалку па за меѓународно право.
Се гледа колку не може да се стекне влијание со оружје, прво ни ги испратија овие борциве за човекови слободи и права во 2001 година, па сега секоја година доаѓа делегација од воената гарда на Вермонт и ни` донира воена опрема. А што уште следува со дарежливата донација на САД, допрва ќе видиме, никој не е толку дарежлив кон некој толку слаб и немоќен од воена гледна точка.
Можеби не бев доволно прецизен. САД на Египет му донираат оружје годишно во вредност од 1,55 милијарди. Затоа чудно е Египет да се наклонува кон руско-шиитскиот сојуз во сириската војна. Дополнително и сегашниот Претседател, генералот Ал СиСи е обучуван во американски воени школи. Уште една точка на американско-египетската воена соработка. Освен, ако таа воена помош не е поради патронат, туку е поради превземени обврска од некои минати пребивања. Можеби некој сеуште тековен прикриен израелско-египетски договор под покровителство на САД подмачкан со поклонување на оружје и друга воена припомош.
Па и тоа не е никакво изненадување, баш напротив, ако САД се толку дарежливи кон Египет, уште поголеми се шансите да привлечат некој генерал или група од неколку генерали кои повеќе ги привлекува длабочината на нивните џебови, отколку љубовта и лојалноста кон татковината.
И нема да им биде прв пат на САД да бидат толку дарежливи кон некој кој се школувал на запад, додека од позади се подготвуваат да му забодат нож во грб.
Секогаш има по некое пцовисано јаболко на дрвото, прашањето е дали тоа јаболко е доволно пцовисано за да ги зарази и останатите јаболка. Од тука не следува прашањето дали има по некој генерал или полковник во египетската војска кој негува прикриени амбиции, туку кога некој воен офицер од таков калибар ќе се осмели да ги открие своите амбиции и колкумина ќе привлече при себеси за изведување на нов воен удар. Инаку, Абдел Фатах ел Сиси беше поставен на позицијата министер за одбрана и врховен командант на египетските вооружени сили во 2012 година од страна на тогашниот претседател на Египет, Мохамед Морси, кого ел Сиси го собори од власт година дена подоцна.