Конечно сфатив дека сосема го сфаќам светот околу мене, ги разбирам сите луѓе и се она заради што го прават тоа што го прават
Сфатив и дека немам никакви предрасуди
И дека се сакам себеси
И дека конечно интервенирам на сите полиња во мојот живот - сама и со свој труд
И дека треба да бидам секогаш на вистинското место, со вистинските луѓе и во вистинско време
И да бидам секогаш јас-таква каква што сум - а не некоја искривена слика на колекционер на фрустрации, комплекси и негативни аспирации
И дека животот е преубав , ако знаеш да уживаш во неговите убавини ( и во секојдневните ситници)