Конечно сфатив дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Денес дознав дека...

"Човекот се учи додека е жив",рекле старите мудри предци...
Еве ни тема во која можеме да пишуваме што не научил изминатиот ден,на што сме потклекнале,па истото не направило поцврсти,што сме дознале а што не сме знаеле?!...
Јас почнувам.

Денес дознав дека личност која ја имам во животот,била проклето во право за многу работи.И додека на истата и се спротиставував и влегував со неа во вербални дуели (секој бранејки ги своите ставови) денес на убав муабет сфатив дека таа личост е ѓубре (што пак истата ми го покажа пред некој ден),дека истата таа персона која цел живот ја сакав како родена сестра правела работи и нешта кои слепо одбивав да ги прифатам како такви.Зошто сме слепи кога се работи за блиските луѓе,зошто ги гледаме во очи и не можеме да ја видиме вистината во истите?!...Зошто зад наивниот поглед,понекогаш лежи грст лицемерие и подлост?!Зошто на некој луѓе сум им се отворил во целост а на крајот го користеле тоа против мене?!И на крајот,зошто те бранев пред оној што те сфатил каква си,а јас ги затворав ушите и велев дека си само наивна...!?Па ти си само ѓубре.
Денес дознав дека е време да ставам точка и крај ...
Денес сфатив дека сум подобра личност од вчера,само затоа што тебе те нема повеќе...Ти благодарам што ме просфетли.:pipi:
 
Иста е темата, како онаа Конечно сфатив дека.
Споено.
 
Сфатив дека не можеш никого да натераш да те сака. Се` што можеш да направиш е да му досадуваш и да се надеваш дека во паниката ќе попушти...
Сфатив дека само со едно
правилно свртување можеш да собереш многу од ќебето.
Сфатив дека колку и да се
трудиш, некои луѓе ќе останат шупаци.
Сфатив дека требаат години за
да изградиш доверба, а потоа доволен е само сомнеж, не доказ, за таа да се урниса.
Сфатив дека кога нешто ќе
удри во вентилаторот, нема да биде правилно разнесено низ собата.
Сфатив дека не треба да се
споредуваш со другите – посјебани се отколку што си мислиш.
Сфатив дека депресијата е
само гнев без ентузијазам.
Сфатив дека не е битно што носиш, туку како го соблекуваш...
Сфатив дека можеш да повраќаш
уште долго откако си помислил дека си завршил.
Сфатив дека „бившите" се
како габички – постојано се враќаат и не можеш да се отарасиш од нив..
Сфатив дека возраста е прескапа цена за зрелоста.
Сфатив дека не страдам од
лудило – туку уживам во него!
Сфатив дека сме одговорни за
своите постапки, освен ако не сме ѕвезди.
Сфатив дека вештачката
интелигенција е многу послаба од природната глупост..
Сфатив дека луѓето што
најмногу ти значат, излегуваат од твојот живот прерано, додека оние помалку важните никогаш. А давежите се постојано до тебе!
 
Сватив дека треба малце повеќе да си се посветам себе си пошо до сега све гледав на другите да им биде добро иако мене ми е лошо на другите добро да им е.... и конечно сватив дека треба малце и за мене да си гледам пошо видов дека другите сите си гледаат за себе.
 
Сфатив дека само со едно правилно свртување можеш да собереш многу од ќебето.
Сфатив дека колку и да се трудиш, некои луѓе ќе останат шупаци.
Сфатив дека не треба да се споредуваш со другите – посјебани се отколку што си мислиш.
Сфатив дека вештачката интелигенција е многу послаба од природната глупост..
И на крај на сето ова јас сватив дека џабе сум сватила се ако воопшто не го земам во предвид во понатамошните делувања
 
Не ме е гајле за никој и никој не го е гајле за мене... фер, нели?
 
НИшто не е конечно, за се постои крај и почеток, се се врти во круг и нема потреба од сфаќање, само live for the moment.
 
Не вреди да се замарам за нешто што нема значење повеќе во мојот живот...Преку К од "другари" и "пријатели"


За бадијала е да се мачи за некои, така е пријателе, така е. И кај мене иста приказна.
 
Некои од луѓето што многу ги ценев ми забија нож во грбот и се стремат на секаков можен начин да ми го уништат она што најмногу го сакам и ме одржува во живот.
 
Конечно сфатив дека ништо не е вечно
Конечно сфатив дека некои луѓе не заслужуваат да им чувам место покрај себеси
Конечно сфатив дека има лицемери онолку колку што имам процент на вода во плунката.( 99% Dx)
Конечно сфатив дека и баш не ми треба нивното здраво и не ми е гајле што ќе речат
КОнечно сфатив дека не е до мене,до нив е!
Конечно сфатив дека без разлика кој е и што е..секој заслужува да биде почитуван
Конечно сфатив дека Јас треба да си сум на прво место
Конечно сфатив дека освен мама,тате и бате никој друг не ми мисли добро.

Конечно сфатив дека се што сфатив требаше одамна да го сфатам
54hjt3.jpg
 
Конечно сфатив дека животот е убав.. доколку сам си го направиш таков радувајќи се на малите работи..:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom