Конечно сфатив дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Дека поминаа 3 години.
Дека ништо не е сменето.
Дека јас сум глупава по однос на тоа.
И дека уживам како амеба, парамециум и колони волвокс во сопствените идиотизми.
Нека се случи нешто, ете тоа конечно може.
 
Дека една е реалноста, и од неа не се бега..
Дека не треба да се замарам толку за некои едноставни работи кои не можат да се променат..
Дека не треба да си правам филмови како би било вака, како би било онака..
Дека не треба толку да размислувам за некои работи, или ке биде или не, друго нема..
Дека треба да уживам и пливам до кога можам, за понатаму кога ке дојде време тогаш..
Дека многу пишав на темава, позз.. :smir:
 
Дека е време да преземам нешто јас...
Дека доаѓа Нова Година а јас уште појма неам каде ќе славам....
Дека ич полов орган не треба да ме боли, ама баш за ништо....
Дека животот е онаков каков што јас сакам да ми биде...
 
...дека теретана не е за мене. Подобро е да си седам дома како и до сеа....
 
Конечно сватив дека треба да седнам да учам и сериозно да си сватам некој работи :) па можда ќе биди нешто и од мене :)
 
Дека кога би знаеле што навистина позади нашиот грб ни зборуваат најдобрите другари, такви би имало само неколку на светот. И дека најпаметно е да се држам на одредена дистанца од сите луѓе, затоа што во сечија природа се крие предавник, а јас по природа знам мн да се првиврзам за луѓето. Навистина болни се моментите кога ќе добиеш нож во грбот. Подобро да се спречи, отколку да се лечи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom