А
Антоние
Гостин

Огромна чест ми е да ве запознаам со Тони Јованов. Тонка наш е иселеник родум Кавадарци и најнеодамнешен афирматор на благозвучноста и дикцијата на македонскиот јазик. Тонка зборува на милозвучен тексашко-кавадаречки дијалект и моментално го краси youtube.com со неговиот глас и шарм за кој сведочат 7786-те сабскрајбери кои со нетрпение ги очекуваат неговите АСМР видеа.

Доколку сакате да имате приватна сесија со Тончи, каде што ќе ви шепка преку скајп на вас и само на вас, тоа можете да го закажете на следниот линк -- http://liveninja.com/asmrer
Со неговата желба за повеќе посети на неговите видеа од родното огниште, Тонката ме инспирираше да ја отворам оваа тема и да ја подигнам свеста тука дома во Македонија за ликот и делото на овој талентиран, надреален и креативен уметник.

Да не должам многу, еве некои од поинтересните негови видеа: