Концентрација на сред испит

  • Креатор на темата Креатор на темата edin4o
  • Време на започнување Време на започнување
Ја викам ќе каже на електро е па сериозно да го сфатиме, он на финки... :icon_lol:
Шала на страна ја си иам проблем коа учам дома. Уствари порано немав ни со ова проблем ама како се ближам кон дипломирање се помрзлив сум и неам ич концентрација.
На испит до сеа сум немал проблем со концентрација, мада се имало случено неколку пати на моменти да почнам да мислам на некои небитни работи дур полагам :D
 
јас нон стоп мислам на небитни работи па не ми е проблем да напишам тоа што знам, проблем ми е учењето дома, читалните се далеку, а факултетот ми е таков да мораш напамет да учиш од збор до збор некои предмети
 
Ѓумбир, зелен чај и цимет, смешано. Помага многу. Кофеинот од зелениот чај те држи буден, ѓумбирот е за активност и затоплување на сите органи и пред се за одржување на концентрација а циметот ти е као благо на мозокот. Јас обично, јадам банана, по пат накај факс пијам течноста, влегувам полагам и излегувам.
 
Обожавам вакви видеа! Фала ти многу на советите! Малце е тешко бидејќи ФИНКИ е захтевен факултет во кој се' се базира преку компјутери и интернет, но ќе пробам да најдам некоја средина меѓу сето тоа.
Ќе пробам да се концентрирам повеќе на она што следи.

Ви го знам системот де. :D Материјалите ќе си ги симнеш и задачите ќе си ги решаваш на компјутер. Откога ќе ги решиш тогаш ги ставај и проверувај на iCode или како и да се вика тоа.


Ова кога го слушам веднаш си помислувам како ми се зголемува сметката за струја. :pos:
 
За на бајач си :D
Неможи на сред испит тебе песни да ти се вртат низ глата...
Тука има 2 проблеми: Или немаш доволно научено или пак си учел песни наместо то шо ти треба :pos:

За концентрација најдобро сам во некоја просторија, без музика, некој да ти збора и слично, така најдобро можиш да се сконцентрираш...
За математика точно е дека ти треба голема концентрација, шо би рекле да влезиш во редоследо на задачата, исто и за теорија ако учиш треба салам концентрација, а за програмирање незнам шо програмирање учиш ама за програмирање јас би рекол или знајш или незнајш, за програмирање сам дома ако не гибаш некој кодој да решаваш, од срце да ти оди програмирањето така да знајш, иначе така лесно не се учи, зато или си програмер или си труп :D
 
Јас имам сличен проблем кога учам дома, материјалите ми се онлајн и морам подолго време да учам на лаптоп. Не ми е проблемот што седам на лаптоп, туку тоа што учам одреден период и потоа автоматски отворам или фејсбук или нешто слично и губам драгоцено време. Се уште не можам да го тргнам умот од тоа.
 
Форумов не е америчка ординација па да се препишуваат апови за ADD. Жолт картон!
 
Чоколадо 150-200 грама пред испит и концентрација фул.
Чоколадото има некој својства што ја острат концентрацијата.
Види провери си пред да учиш нешто, ќе видиш. :)
 
Cokoladoto go ishranuva mozokot. ;)
 
Со самото тоа што кажуваш дека на испит ја губиш концентрацијата и веднаш на ум ти доаѓаат песни или нешто сосема друго, укажува дека она што го учиш не ти е приоритет, не е она вистинското кое го сакаш.

За тоа дека греалката/калолиферот создава топлина и брчи и делува врз твоето внимание, вистина е. Дома кога учиш пушти ја греалката и почни да учиш. Таа ти дава ефект на тоа дека некоја друга активност се случува околу тебе, а ти ќе се сконцентрираш на учењето. Па со тек на време тоа ќе можеш да го примениш и на испит.

Но сепак мора и ти малце да бидеш строг кон себе и да си го средиш правецот. Доаѓаш на испит, ти се губи концентрацијата и во тој момент одма речи си стоп, ако не го завршам испитов нема ни да си дозволам музика да слушам. Едноставно подреди си активностите, за секој завршен труд давај си себе награда..... пример ако ги научам овие 100 страни, одма после тоа ќе си дадам награда слушање музика пола саат....., што побрзо го завршам испитов ќе одам на концерт......:)

Можеби ќе си речеш....., еј ти мене ми кажуваш психички да се средам......, но верувај, само на тој начин како што пишав погоре ќе си помогнеш.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom