Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
За комунизам може само теоретски да разглабаме затоа што истиот НИКАДЕ не се реализирал во пракса.
Имајте го ова предвид (или можда за вас, СССР и династијата у Северна Кореја - која со самиот момент на наследна власт се коси со комунизам - ви се примери за ова уредување?)

Понатаму, не знам колку американската пропаганда ви ги исполирала мозоците, но комунизмот во НИКОЈ случај не претпоставува изедначување во секој сегмент.
Тоа се вика "уравниловка" која некој диктатори ја маскирале позади комузизам.

Комузнизмот претпоставува дека сите имаме исти БАЗИЧНИ потреби (за храна/кров под глава/базична физичка сигурност), кои секому мора да му бидат задоволени, за да не се претвораме во, ко што капитализмот успева да прави, животнки гладни за парче леб.
Останатите потреби и надградби, зависат од тенденциите/мотивацијата/успешноста на секој поединец, и нормално дека не се исти/поеднакви за сите.
Така да, сите блебетања околу тоа како комунизмот го деградира личниот развој, воведува присилна еднаквост, бла, бла ви се депласирани и америчко рибање на мозок

Конечно, капитализмот, практично покажа дека е систем кој го деградира човекот и го прави себично животниче.
И не знам дали е потребен изворниот комунизам на Маркс и Енгелс за да тоа се промени, но знам дека капитализмот, ваков ко што е, не треба да биде/постои.
 
За да не постои, треба да се замени со нешто друго, чунки не може да постои општеството ако не постои систем на општествено уредување. Бидејќи друго нешто подобро не се појавило мимо фиктивните теории на Тоукатер за некои парамилитеристички енклави и слични пробни балони, капитализмот си останува на сила. Башка самите луѓе го одредуваат системот, општеството избира како ќе живее. Рим паднал, Чаушеску паднал, Луј 16 паднал. Значи се е во рацете на луѓето. Каков народ таков систем. Ако капитализмот го деградира човекот и го прави себично животинче а уште опстои може сепак тоа е она луѓето што го сакаат. Ако не го сакаат нека го сменат (ама со што?!). Ако принципот на хиерархија во едно општество е неуништлив а до сега нема ниту еден пример од постоење на човештво до денес што покажува дека не е така секогаш ќе има горе и доле, тогаш горе треба да се способните. И секој во едно демократско капиталистичко општество има шанси да се избори за местото што го заслужува. По функционално и коректно од тоа нема.
 
Бидејќи друго нешто подобро не се појавило мимо фиктивните теории на Тоукатер за некои парамилитеристички енклави и слични пробни балони, капитализмот си останува на сила. Башка самите луѓе го одредуваат системот, општеството избира како ќе живее. Рим паднал, Чаушеску паднал, Луј 16 паднал. Значи се е во рацете на луѓето. Каков народ таков систем. Ако капитализмот го деградира човекот и го прави себично животинче а уште опстои може сепак тоа е она луѓето што го сакаат. Ако не го сакаат нека го сменат (ама со што?!). Ако принципот на хиерархија во едно општество е неуништлив а до сега нема ниту еден пример од постоење на човештво до денес што покажува дека не е така секогаш ќе има горе и доле, тогаш горе треба да се способните. И секој во едно демократско капиталистичко општество има шанси да се избори за местото што го заслужува. По функционално и коректно од тоа нема.

Кои фиктивни теории синко? Се работи за конкретни територии со население во нив каде капитализмот е сменет со алтернативни економски модели.Не теоретски модели, туку такви пред се реализирани спрема локалните потреби и специфики.Колку и да ти е одбивен фактот,сепак има места по светот каде капитализмот паѓа.Не е заменет со некаков си однапред определен економски систем...нема готов рецепт...секаде према условите.
Какви парамилитаристички енклави? Повеќето од тие територии се под стална закана од функционално-фер-коректните капиталистички комшии и мора да се бранат.

болд 1...можно е...или не се свесни и информнирани поради перењето мозок и социјалниот притисок кој не им ОСТАВА ВРЕМЕ да размислуваат дали болеста наречена капитализам има алтернатива или не...
болд 2...навлеговме во утописки води малку...:vozbud:
 
И јас со комшиите мои супер си функционирам, и си го имаме на ти го дај ми го нема угнетувани. Тоа е доказ дека капитализмот е заменлив. Освен оној вампирон од позади. Он мора мора да е капиталист.
Никој не може на никој да му испере мозок ако другиот не сака. Тука ќе се навратам на онаа старана и проста ако ти речат во Вардар да се фрлиш ќе се фрлиш? За тоа имаме мозок. Ако сакаме да бидеме овци никој не ни брани. Ако сакаме да го користиме мозокот бујрум имаш од образовни институции до библиотеки до интернет и разноразни медиуми. Разгледај, разлистај донеси суд не чекај само на Тв Моја Партија што ќе дадат па да се држиш ко слеп за стап за тоа. Еве ти го Мандела прв утопист. Од 30 г. во затвор до претседател и Нобеловец. Кога се сака се може. Ама не со дремење дома пред ПЦ. Туку со потење на гзот и со имање муда. Најлесно е од страна да викаш јас не можам никогаш да успеам да станам во тоа и тоа. Еве ти ги Хитлер иако маркантна фигура по злосторства успеал од средно-сиромашно семејство што работел се и сешто да успее во еден животен век да стане водач на држава и до толку неговот влијание да е големо па да иницира и Светска Војна. Се е до колку ти сече и колку се трудиш повеќето се мрзливи за било што па затоа знам дека ќе ми кажеш дека он е еден во милион примери. Како што ти кажав и претходно, повели ти смени нешто ако увидам дека мене ми е животот подобар ќе го добиеш мојот глас на изборите или мојата подршка за што и да е. А до тогаш си во овој систем, најдобиот функционален систем до сега којшто е далеку од совршен ама е најдоброто на пазарот. Прифати го и потруди се да успееш во него, пробај да го смениш, или терај алтернативен животен стил на Тибет, со амиши, во Мексиканската провинција или ко оној филмот со Ентони Хопкинс кога живее со горилите. Тие луѓе така одбрале и јас го почитувам тоа. Како викаат Охриѓани, ако не ви чинит не идајте, тие ли се криви што мрчаторите секоја година пак им идат.
 
Мора да се работи за да биде некој признаен како човек.
Без работа или барем потенцијал за желба за работа, ниеден систем да е ефективен.
Ретки се луѓето кои ако не се приморани да работат, би работеле.
Ретки се оние кои би правеле нешто само за да прават нешто.
Во локална заедница може и да има резултат нешто ко комунизам.
Секој да допринесува за да ја направи околината подобра.
Но сепак на крај останува, секој сака признавање на таа работа, во облик на средства кои ќе се негова сопствесност и со кои ќе располага за користење за остварување на некое за некое за него потребно добро.

А тоа добро може и да нема врска со заедницата. Сака да си игра игрици на пример, да си купи подобар дом и живее подобар живот.
Ако не постојат пари и секој да е насочен да прави што од колективот му се диктира или препорачува, тој човек нема да е среќен, ниту продуктивен.
Значи осноната заебанција во комунизмот е гушењето на сопствената волја и сопствените потреби.
Што ако не сакам да сум дел од кумунистичкото општество, што ако сакам да сум самостоен и моите придонеси да се маргинални.
Ќе ми биде ли тоа допуштено?
Комунизам може да постои кај лоботомирани индивидуи, дронови на кои ќе им биде пак диктирано што е правилно и од што сите би имале полза.

Значи самоуправување и општествена сопственост паѓаат во вода.
Јас лично не сакам да делам со останатите.
За мене е мака што од моите пари се двои за здравствено и пензиско.
Наместо државата да се грижи за се, зошто не би ја намалиле нејзината ингеренција и таа да се грижи за нешто. Нпр. полиција, војска, суд.
Се друго да биде приватно.
Еднаквоста и комунизмот не се воопшто рефлексија на нашите потреби.
Не можеш да наметнеш секој го сака тоа и тоа и да го спроведеш.
Не сме сите исти.
 
Комунизмот според мене е врв али не во сталинизам,титоизам итнт(тоа не се рачуна во комунизам).
 
komunizmot e dobar ama od aspek na toa site da imaat krov nad glavata i hrana za razlika od sega ama pa eve ne mora da ima komunizam za toa da se ostvari za toa si e kriva drzavata inaku ja licno poveke sum za kapitalizmot ednostavno eve mene na primer ne mi se zivee taka mnogu mi e dosaden toj zivot zoso da ne ziveam u nekoja ogromna vila da ne vozam Ferrari da ne trosam 100k eur mesecno da ne si go trosam vremoto so razlicna manekenka sekoj den:wink: .Sega ke recete videte go klosarov i ke me ispoplukate kako sum imal pogresni vrednosti ama toa e realnosta be ne se site lugje isti nekoj voopsto ne mu e gajle dali ke zivee vaka kako sto pisav gore a nekoj ke napravi se za da stigne do toa ne vikam deka sega ja ke bidam nesto takvo ili deka ke imam takvi moznosti ama komunizmot voopsto ne ti dava moznost da go ostvaris toa sto sakas a pazi ova barem za porano vo vremeto na Tito i Stalin mene ne mi e jasno kako lugjevo se palat use na Tito koga tipot perel mozok na lugjevo za ednakvost a se nosel u Brioni odela od 5k eur se vozel vo Mercedesi nosel Roleksi :tapp:e toa mi e smesno malku zosto ja da ne mozam istoto da go imam????:nesum:
 
Ако не постојат пари и секој да е насочен да прави што од колективот му се диктира или препорачува, тој човек нема да е среќен, ниту продуктивен.
Значи осноната заебанција во комунизмот е гушењето на сопствената волја и сопствените потреби.
Што ако не сакам да сум дел од кумунистичкото општество, што ако сакам да сум самостоен и моите придонеси да се маргинални.
Ќе ми биде ли тоа допуштено?
Комунизам може да постои кај лоботомирани индивидуи, дронови на кои ќе им биде пак диктирано што е правилно и од што сите би имале полза.
Не можам да разберам зошто противниците на комунизмот упорно го форсираат тоа тврдење дека во комунизмот луѓето ќе бидат диктирани од колективот, односно од оној кој е на врвот?
Според комунизмот, на врвот и оној кој диктира тоа го прави за општо добро и за благосостојба во општеството, додека индивидуалните потреби на секој поединец не се занемарени или забранети се` додека тие не конфронтираат со побарувањата, потребите и сигурноста на колективот. Тоа би значело, Никола нема проблем да ебе секој ден различна пичка ако му се сака, се додека тие пички се сингл, го сакаат истото како и тој, не се ебат на улица да ги гледаат мали деца, и ебењето не им пречи во продуктивноста на работното место.

Исто така, комунизмот од тебе не бара да бидеш дел од селската општина и да даваш извештаи за работата на селото и селаните, ниту да кодошиш некого, и ти, како и сите си заглавен во минатото наместо да зборуваш за иднината.
 
Затоа што баратаат со нешто што е празна реторика и пропаганда у пуна сила.
Као, им посочуваш точно зошто тоа НЕ е така како што тие тврдат, али не, пак верглање веќе досадни фрази.
Што е, меѓу другото, уште еден доказ за исполиран мозок и наметнато мислење, а не личен став.

Sussaro напиша:
За да не постои, треба да се замени со нешто друго, чунки не може да постои општеството ако не постои систем на општествено уредување. Бидејќи друго нешто подобро не се појавило мимо фиктивните теории на Тоукатер за некои парамилитеристички енклави и слични пробни балони, капитализмот си останува на сила. Башка самите луѓе го одредуваат системот, општеството избира како ќе живее. Рим паднал, Чаушеску паднал, Луј 16 паднал. Значи се е во рацете на луѓето. Каков народ таков систем. Ако капитализмот го деградира човекот и го прави себично животинче а уште опстои може сепак тоа е она луѓето што го сакаат. Ако не го сакаат нека го сменат (ама со што?!). Ако принципот на хиерархија во едно општество е неуништлив а до сега нема ниту еден пример од постоење на човештво до денес што покажува дека не е така секогаш ќе има горе и доле, тогаш горе треба да се способните. И секој во едно демократско капиталистичко општество има шанси да се избори за местото што го заслужува. По функционално и коректно од тоа нема.

Ако, луѓето во робовладетелството или во феудализмот сметале дека, јеби га тое е едини систем, нема друго, ќе се помириме, немаше светот многу напредок да види.
Така да аргументот ти е излишен.

Штом нешто не чини, треба да се менува, а не да се помирува никој со истото.
А, за да нешто се промени треба и што повеќе луѓе трезвено да увидат дека не само што капитализмот не чини, туку е и извор на сета декаденција и перверзија (затоа што тоа му е потребно, за да се одржи).

И не планирам да се повторувам, ама стварно не знам зошто упорно подметнувате уравниловка и деспотизам на местото на комунизмот?

Секогаш ќе има горе и доле, затоа што сме различно интелегентни, различно убави, различноп талентирани....еден куп различности кои комунизмот во суштина на НИКАКОВ начин не планира да ги уништи/минимизира.

Конечно, комунизмот е хуман.
А, секое свесно битие треба да се стреми кон хуманост и унапредување на човечноста и човечкото.

Додека, капитализмот, промовирајќи ниски, животниски принципи, не прави животни.
Па, запрашајте се кому и зошто такво нешто може да одговорава и воодушевува.
 
Затоа што баратаат со нешто што е празна реторика и пропаганда у пуна сила.
Као, им посочуваш точно зошто тоа НЕ е така како што тие тврдат, али не, пак верглање веќе досадни фрази.
Што е, меѓу другото, уште еден доказ за исполиран мозок и наметнато мислење, а не личен став.

Ако, луѓето во робовладетелството или во феудализмот сметале дека, јеби га тое е едини систем, нема друго, ќе се помириме, немаше светот многу напредок да види.
Така да аргументот ти е излишен.

Штом нешто не чини, треба да се менува, а не да се помирува никој со истото.
А, за да нешто се промени треба и што повеќе луѓе трезвено да увидат дека не само што капитализмот не чини, туку е и извор на сета декаденција и перверзија (затоа што тоа му е потребно, за да се одржи).

И не планирам да се повторувам, ама стварно не знам зошто упорно подметнувате уравниловка и деспотизам на местото на комунизмот?

Секогаш ќе има горе и доле, затоа што сме различно интелегентни, различно убави, различноп талентирани....еден куп различности кои комунизмот во суштина на НИКАКОВ начин не планира да ги уништи/минимизира.

Конечно, комунизмот е хуман.
А, секое свесно битие треба да се стреми кон хуманост и унапредување на човечноста и човечкото.

Додека, капитализмот, промовирајќи ниски, животниски принципи, не прави животни.
Па, запрашајте се кому и зошто такво нешто може да одговорава и воодушевува.

Аргументот драга моја ќе ми биде излишен кога дур јадам леб некој ќе ми донесе погача и да ми каже е ова е подобро, пред мене, да ја видам, да ја пробам и да речам е стварно е подобра. Друго, нема ништо хумано во систем што ги штити неспособните. Затоа што тргаме со презумпција дека во еден таков систем индивидуата го става прогресот на комуната пред својата лична благосостојба. И видовме што се случи со таквите идеологии. Човековото око е ненаситно. За моќ, за пари, за личен прогрес. И не може никој да ми продава краставици дека тоа е наметнато така. Тоа е исконско во човекот. Уште од овој момент.

Така да не ми е јасно зошто упорно се Џонленонизирате, дека еден ден ќе се сплотиме сите, секој ќе сака на секого да му помогне, човештвото ќе биде хумана целина и слични телетабисно-геј моменти. Знам дека сакаш да биде понаку, знам дека веруваш цврсто во тоа, скоро и убеден сум дека и на детекор на лаги ќе поминеш ако го тврдиш истото ама џабе е човечкиот род е тој што е најгорната алка на ланецот на исхрана, ултимативниот предатор. Тоа е тоа. Еве и сликовито.

http://pix.motivatedphotos.com/2009/4/28/633765412290720815-communism.jpg

And when they do own, they will desire more. Епа сега кој колку е кадарен и колку ќе засука ракави. Јас не знам покоректен начин на распределување на ресурсите.
 
Не можам да разберам зошто противниците на комунизмот упорно го форсираат тоа тврдење дека во комунизмот луѓето ќе бидат диктирани од колективот, односно од оној кој е на врвот?
Според комунизмот, на врвот и оној кој диктира тоа го прави за општо добро и за благосостојба во општеството, додека индивидуалните потреби на секој поединец не се занемарени или забранети се` додека тие не конфронтираат со побарувањата, потребите и сигурноста на колективот. Тоа би значело, Никола нема проблем да ебе секој ден различна пичка ако му се сака, се додека тие пички се сингл, го сакаат истото како и тој, не се ебат на улица да ги гледаат мали деца, и ебењето не им пречи во продуктивноста на работното место.

Исто така, комунизмот од тебе не бара да бидеш дел од селската општина и да даваш извештаи за работата на селото и селаните, ниту да кодошиш некого, и ти, како и сите си заглавен во минатото наместо да зборуваш за иднината.

Затоа што баратаат со нешто што е празна реторика и пропаганда у пуна сила.
Као, им посочуваш точно зошто тоа НЕ е така како што тие тврдат, али не, пак верглање веќе досадни фрази.
Што е, меѓу другото, уште еден доказ за исполиран мозок и наметнато мислење, а не личен став.

Би можеле ли накратко да објасните тогаш што подразбирате под комунизам и како би се уредил општествениот систем под него.
Ако не е така како споменуваме дека би бил и како таков е аспурден, можете да објасните како сметате дека би бил реален и функционален.
Во ред е да се каже дека никогаш не заживеал во вистинска форма и дека никој не живеел во таков систем, па затоа би било фино да се знае како вие мислите дека би се живеело во него.
Па после врз основа на тоа да ви кажам зошто нема да проработи.

Како основа можете да го имате македонскиот или било кој друг систем низ светов, па да ја дадете вашата замисла како тој систем би се трансформирал во комунистички и кои чекори при тоа би биле потребни.
 
Надреализам!
Сега со објаснување:

Капитализам:

Имаш две крави.
Ја продаваш едната и купуваш бик.
Твоето стадо се множи и стопанството расте.
Го продаваш и се пензионираш со приходот.

Комунизам:

Имаш две крави.
Државата ги зима двете и ти дава млеко.

Надреализам:

Имаш две жирафи.
Државата бара од тебе да одиш на обука за усна хармоника
 
Би можеле ли накратко да објасните тогаш што подразбирате под комунизам и како би се уредил општествениот систем под него.
Ако не е така како споменуваме дека би бил и како таков е аспурден, можете да објасните како сметате дека би бил реален и функционален.
Во ред е да се каже дека никогаш не заживеал во вистинска форма и дека никој не живеел во таков систем, па затоа би било фино да се знае како вие мислите дека би се живеело во него.
Па после врз основа на тоа да ви кажам зошто нема да проработи.

Како основа можете да го имате македонскиот или било кој друг систем низ светов, па да ја дадете вашата замисла како тој систем би се трансформирал во комунистички и кои чекори при тоа би биле потребни.

ја сакам да коментирам само дека тука во нашата држава нема капитализам ова се некои глупости од разни политичари и прават што сакаат само да соберат пари така да не може да се плука по капитализмот кога го немаме
1. Право на стекнување и имање на приватен имот
2. Право на инвестирање и зголемување на приватниот имот
3. Право на профит
4. Должност да се почитуваат туѓите имотни (и интелектуални) права
5. Должност да се плаќаат своите долгови и да се почитуваат потпишаните договори
6. Должност да се плаќа данок за да опстане системот кој ги гарантира имотните права

дали во државава ги имаме овие права ???
не треба да се обвинува капитализмот за неубавите работи во државата. Напротив, треба да се обвинува државата (власта) за неубавите работи во капитализмот.

Не е капитализам ако некои фирми плаќаат даноци, а некои не. Не е капитализам ако некои луѓе можат да плаќаат даноци со пониска стапка, а други со повисока. Не е капитализам ако судот суди пристрасно затоа што една од страните го поткупила судијата. Не е капитализам ако државата одбива во некои региони од својата територија да го спроведува законот и им дозволува на разни криминални банди да владеат во нејзино име и да делат своја „правда“. Не е капитализам кога за да ја натерате власта да си ја врши својата работа морате да плаќате мито.

еве ви нешто што највеќе важи за нашата држава и зошто ние сме ваква држава се ова важи за нас
 
ја сакам да коментирам само дека тука во нашата држава нема капитализам ова се некои глупости од разни политичари и прават што сакаат само да соберат пари така да не може да се плука по капитализмот кога го немаме
1. Право на стекнување и имање на приватен имот
2. Право на инвестирање и зголемување на приватниот имот
3. Право на профит
4. Должност да се почитуваат туѓите имотни (и интелектуални) права
5. Должност да се плаќаат своите долгови и да се почитуваат потпишаните договори
6. Должност да се плаќа данок за да опстане системот кој ги гарантира имотните права

дали во државава ги имаме овие права ???
не треба да се обвинува капитализмот за неубавите работи во државата. Напротив, треба да се обвинува државата (власта) за неубавите работи во капитализмот.

Ова се одлични поенти, се надевам дека оние кои се про-комунизам ќе се обидат да им најдат замерка и алтернатива.
 
Не сум про комунизам....ама.

1.корумпирано и бавно судство,нерешени територијални спорови.
2.Секоја инвестиција не значи по дифолт профит,некои се фрлаат од згради или ставаат јаже на врат....ама во македонија имаш профит....кога ти работат без плата(т.е основни потреби не можат да задоволат).(овде е и 3).
4.ДПЛЖНОСТ-кога би знаел само која индустриска шпионажа се врши ехеејј..па 8-% од вирусите компјутерски се по нарачка на компании..Пример БМВ сака да ја симне цената троа...арно ама сакаат да ја знаат финансиската состојба на Дајмлер бенз..и ете ти...па боинг,нортроп-груман теорија на игри:toe:

5.адам смит рекол никој не ви дава некое добро за убави очи....туку за ПАРИ...ако немаш..

6.евазија,затајување на глобално ниво 20% имаме сива економија.

Сепак како-така пазарниот механизам успева да се одржи и покрај гореспоменатите нуспојави,а и докажан е како поефикасен алокатор на ресурси....во пракса.

Додека комунизмот-не се покажа баш добро гледано од економски аспект.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom