Вака сега: ја поддржувам идејата компјутер за секое дете, интернет за секое дете, меѓутоа имам некои забелешки.
Како прво, не се изврши соодветна опременост на училниците и клупите на кои стојат овие компјутери.
Второ, премногу жици, премногу испреплетени кабли, уште еден фактор за комплицирање на работата, пречка за нормално функционирање. Едноставно сите тие жици, кабли, глувчиња узурпираат преголем простор (барем во мојата училница).
Трето, нема соодветни програми според кои би работеле и самите професори сеуште незнаат дали ќе пристигнат наставните програми прилагодени во електронска форма, а не верувам дека сите професори се обучени да ракуваат со компјутер и со програмите.
Четврто, треба да има поголем надзор над компјутерската техника (мислам на видео надзор), бидејќи вака не се знае ако фали нешто кој украл, кој скршил, кој исчкртал.
Во моето училиште на пример, во мојата училница конкретно, 90% од компјутерите не работат, фалат глувчиња, тастатури, жици, па дури и делови од хардверот. Апсолутно не видовме никаква корист од компјутерите, освен интернетот на почетокот кој беше многу бавен и можеше да се користи исклучиво за "четување", односно интернет комуникација. Заклучот ми е, првин требаше да се подготви теренот, да се подготват наставниците и учениците за проектот, да се создадат добри услови и дури потоа да се воведат компјутерите во настава, бидејќи вака ние учениците не видовме речиси никаква позитивна работа од компјутерот за секое дете.