Комбинирање на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално јадам потпечено лепче со кашкавал и оригано и ПЛУС одозгора путер од кикирики. Убаво е :)
 
На темава има доста простор за да се испишат барем неколку страници од причина што сите сме пробале некоја необична комбинација... Не се мисли на точно искомбинирана храна која е здрава за јадење туку на комбинација од која дома ви викаат бљак :D значи луѓе се и сешто " Мармалад со сирење, ајвар со мајонез, банана со кечап, смоки со чоколадо итн." Секаква "гнасна" комбинација што сте ја пробале и слушнале. Повелете пуштете душа па да се изначитаме се и сешто. :)
 
1. Парче леб намачкано со паштета и од горе мајонез
2. Пржено лепче намачкано со еурокрем
3. Лубеница и сирење

Последното никогаш немав срце да го пробам.
 
компир манџа со виршли (сварено се заедно)
 
Црвено вино со туршија или кисели краставички :pipi:
 
Црвено вино со туршија или кисели краставички :pipi:
Црвено вино со мандарини
Ова стварно се случи, имено во 2001 за време на конфликт собраа резервисти полицајци и еден ден иди еден од нив. пола сат покасно на смена црвен в лице, отпетлана кошулата и вика “еее не одело вино и мандарини..“, седеле негде со друштво пиеле вино и некој од грција дошол и им остаил ќеса мандарини па си мезеле уз виното....
 
Тоа ти е нешо ко сангрија :icon_lol: Мене тоа ми е убаа комбинација
 
Сладолед од чоколада со лут чипс ftw! Оуф ми се пријаде сега. :(
 
За храна и не комбинирам толку, али млеко ми иде со се благо. Млеко + мед + пасирана банана + несквик или јогурт + мед + цедевита.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom