Комарци

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Си користам Raid и немам гајле. Иначе ги мразам од дното на душата.
 
Оваа година немам кај мене. Да пробате со ова дали успева. Викаат дека добро работело.

 
Употребував од тоа за спрејот за мачкање, али само лошо мириса и пак ме касаат цела вечер..се изветреува. Користев аутан, малце повеќе помага од спрејот. Денеска купив РАИД за во штекер, па ќе видам како ќе делува, затоа што гледам пишувате коментари за раид-от и ќе видиме како е.
 
Ги мразам овие Копилиња (n)
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:56 PM ---
Ги мразам овие Копилиња (n)
 
Во лудост тераат,среќа што постои Аутан...
 
Не ги убивајте комарците, тие се ваша крв! :)
Шала на страна, во овие жешки денови навистина се напорни тие минијатурни лептирчиња. Аутанче за надвор, за во двор тие спиралите зелени што се, а за навечер кога спиете во соба...апаратчињата што се за во струја многу помагаат. А за да бидете посигурни, мрежа на прозорите и гајле немате. (y)
 
Убив вчера еден, го наденав на чечкалица и го ставив на прозор. Па нека помислат другите дали ќе влезат.
 
Употребував од тоа за спрејот за мачкање, али само лошо мириса и пак ме касаат цела вечер..се изветреува. Користев аутан, малце повеќе помага од спрејот. Денеска купив РАИД за во штекер, па ќе видам како ќе делува, затоа што гледам пишувате коментари за раид-от и ќе видиме како е.

Сеа читав упатството пишува дека не требало да се седи во собата додека е пуштено тоа подолго време, а пред да влезеш да излуфтираш треба. Ја па скроз спротивно правам од ова, си го ставам у штекер и седам на компјутер. xD
 
Абе ај ова не е нормално човече, секоја вечер обавезно во соба убивам по 2-3 комарци, и пак ќе се најде некој за накај 4 саат да ме разбуди од спиење...ова па обавезно, точно во 4 саат насабајле, ќе ме извади од памет со тоа ненормалното зуење. Нозете партали ми се, сигурно едно 15тина пати ме имаат изгризано:pos:
Скоро се пробав, ништо нема ефект, останува да го пробам Raid-от и да ставам мрежа на прозор. :D
 
За прв пат годинава станав жртва на комарец. Да го најдам само, има клетка по клетка да му вадам. Планина ми напрај на раката.
Инаку, некако слабо ги има кај мене дома. Тек пред 2 дена овој шо се нагости на мене и од тогаш, да не се урочам, ама ништо нема.
 
И јас ги мразам овие копилиња гадни .. :icon_mrgr:
 
Како да ги надмудрите комарците

1. Бел лук
Ако планирате излет во природа, додајте го белиот лук во вашето мени неколку дена пред поаѓањето. Инсектите се многу осетливи на мириост на белиот лук кој го чуствуваат преку човековата кожа. Мејби баш тоа го предизвикал вампирскиот страв од белиот лук .
2. Млеко
Мешавината од млеко, сол и вода прави чудо. Потребно е само мала количина од оваа смеса да се натапка на местото каснато од комарец, за да им се овозможи на ензимите од млекото да го неутрализираат отровот кој комарците го вбризгуваат при каснувањето.
3.Сол
Солената вода исто тако го смирува местотот на злосторот ( местото на убодот). По испарувањето на солената вода, на отокот се нанесува растително масло.
4. Малиново масло
Ако во вашиот двор се наоѓаат садови со вода за птиците или други куќни миленици, тогаш дефинитивно имате место за журкање на комарците. Водата отсекогаш ги е привлекувала инсектите и ради тоа посебно многу ги има во близина на езера, реки и други извори на вода. Потребно е да се додаде неколку капки маслиново масло во садовите со вода, со што комарците ич нема да ве сакаат.
5. Лук
Освен белиот лук и црниот лук успешно ги одбива инсектите, посебно комарците и мушичките.
6. Кора од лимон и портокал
Портокалот и лимонот имат освежувачки мирис за човековиот нос, но комарците ептен ги хејтаат. Доволно е во лосионот за тело да ставите кора од портокал или лимон и да се нанесе на изложените делови на телото.
7. Јаболков оцет
Стар војнички рецепт за одбрана од инсектите – три лажички јаболков оцет дневно. Мирисот го чуствуваат само злобните комарци а вие продолжувате да живеете на мира.
8. Ванила
Мирисот на ванила ги фрла у депресија безобразните комарци. Неколку капки од екстракт на ванила помешан со вода и може безгрижно да уживате во летните вечери.
 
Незнам шо е работава ама во последнава недела ме изедоја комарци, на 10тина места ме каснаја.(n)
 
Незнам шо е работава ама во последнава недела ме изедоја комарци, на 10тина места ме каснаја.(n)

То изгледа дека ''прскаа против комарци'' во градов.Само шо прскале не знам.Можит храна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom