Колумни и колумнисти

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Еден збор- илјада слики - еден одговор
Мирка Велиновска
Нова Македонија

Што е работава со Мирка? Доктор `и забранил да гледа сМРТ и Шител?
Никола Груевски почнува да пимпла како Трајковски. Не го разреши Бесими иако мораше. Ете го сега во Брисел каде што, наводно, заедно со министерот за надворешни работи ја претставува Македонија врз која се помоча со помош на двајца американски државни снајперисти. Предложи закон за бранителите чиј статус не е решен само затоа што сите активни политичари во Македонија од родот тацноносачи кротко се согласија војната во 2001-та да ја третираат како партија пеинтбол

mirka-nova[35].jpg

transparent.gif

Министерот за одбрана Фатмир Бесими по повод 13 август, во официјално својство и во придружба на армиски лица отиде во селото Слупчане да им се поклони на паднатите борци на ОНА. Го направи тоа додека врховниот командант тераше ифтар во Турција, а шефот на Владата се одмораше исто така во Турција. По скандалот уследи стандардната политичка игричка во копродукција на американската амбасада плус Филип Рикер и омилените им „борци за човекови права“, а во која македонските државни претставници секогаш добиваат улога на држачи на тацни. Мојот проблем во целава пиздарија не се ниту учките ниту „келнериве“, а уште помалку сурушите, односно воајерите од СДСМ. Мој проблем е што сите тие изгледа си мислат дека Македонија и Македонците се на тацна.

Многу грешат!

Ќе почнам од Ѓорге Иванов, кого ќе го прашам како врховен командант дали е сигурен дека во АРМ постои синџир на команда и, аналогно, дали е сигурен дека, во не дај боже случај како што беше 2001-та, војската ќе функционира ефикасно и беспрекорно. Може ли тој да е сигурен дека неговите врховни наредби ќе бидат испочитувани и спроведени ако министер е некаков Бесими, а офицер некојси Талал Џафери или командант Бреза? Или ајде да отидам чекор понапред во претпоставките, па за секој случај да си прашам: Размислува ли тој за ситуација кога некој Рикер можеби утре ќе ги насаска „култивираните“ учки дека сега му е мајката да ја реализираат идејата за „Илирида“, зашто сега имаат уставно инсталирана албанска паравојска во сите структури на АРМ? Немој пак некој да ми каже дека сеам дефетизам и песимизам! Вакви срања се случуваат. А во Македонија особено често откако политичарите дозволија преку криминален рамковен договор, без никаков темел во домашното и меѓународното право, во државата да се вгради тешка фабричка грешка што 24/7 штанца неупотреблив шкарт за кој не постои доволно голема Дрисла да се складира.

Никола Груевски нема што да го прашувам, ами ќе го потсетам, бидејќи тој, нели, ја промовираше онаа „една слика - илјада збора“. Првата слика е сврзана со покојниот Борис Трајковски. Тој во почетокот на косовската агресија врз Македонија извршена со сесрдна американско-европска логистика се занесуваше дека е полнокрвен шеф на суверена држава и на учките од Липково им упати ултиматум дека, ако не ја напуштеле браната, ќе дејствувала армијата. Кога учките не го исполнија ултиматумот, одлучниот Борис го упати вториот ултиматум, овој пат со пофлексибилен рок од 48 часа, по кои, нели, тој ќе ѝ дадел наредба на армијата да дејствува. Нормално, учките не му удрија рецка, па цврстиот врховен командант и третпат демонстрира одлучност ем цврстина, така што во третиот ултиматум налутено и строго им нареди на „востаниците“ да се повлечат најдоцна за 72 часа.

Е, потоа, кога ни тргна, не застанавме со спасувањето на Македонија до денешен ден. Видиш ти како ДПА и ДУИ си наддаваат на тендерот распишан од Собранието за тоа кој ќе ја направи Македонија поалбанска и поучкаста. Просто човек гледа како пратениците на ДУИ и ДПА во следната етапа на остварување на „духот на рамковниот договор“ си ја замислуваат Македонија како жолта куќа во која тие на Македонците, со американска поддршка, легитимно ќе им ги вадат органите без анестезија. Демек, ќе ги колат на ангро, а касапите ќе ги овековечат низ булевари, улици и школи. Добро де, ќе му дадат некое сокаче и ќе им ги остават сите органи на нивните сојузници од СДСМ плус Тито Петковски. Ама само на оние во највисокиот врв! Без Мисовски!

Значи, да го потсетам: Борис Трајковски, по неговите славни ултиматуми, никој не го рецкаше. Пред крајот на мандатот, кога тој се надеваше на втор, не го профермаа ни неговата партија, ни неговите моќни меѓународни пријатели, ни народот. Рејтингот му беше одвај 3 отсто. Плус-минус маргина за грешка од 3 отсто. Значи чиста нула. Потоа, како непотребно сметало и опасен сведок, го отепаа оние што му ги даваа советите. И посмртно, преку срамен медиумски 24/7 пресинг, му го креваа рејтингот прогласувајќи го крајно дегутантно и цинично за „голем човек“ и „светски калибар“.

Потсетувањето на оваа секвенца има за цел да му укаже на Никола Груевски дека
почнува да пимпла како Трајковски. Не го разреши Бесими иако мораше. Ете го сега во Брисел, каде што, наводно, заедно со министерот за надворешни работи ја претставува Македонија врз која се помоча со помош на двајца американски државни снајперисти. Предложи закон за бранителите чиј статус не е решен само затоа што сите активни политичари во Македонија од родот тацноносачи кротко се согласија војната во 2001-та да ја третираат како партија пеинтбол. Во таков случај „нормално“ е што учките што ги извршија масакрите во Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила..., кои киднапираа, силуваа, резбареа врз живи луѓе се чувствуваат охрабрено да продолжат со ширењето на етничката кауза на Ермира. Тие се амнестирани, наградени, вработени, исплатени, привилегирани и уважувани, а оние што ја носеа официјалната армиска и полициска униформа се шиканирани, навредувани, криминализирани, обезвреднети - дотука бидува! Груевски како реакција на дрска провокација се одлучи да дејствува. Рече дека ќе си стои на зборот зашто не му е потребна власт по секоја цена. Ама, гледам, нешто се тегне работава како мрсул. Владата функционирала непречено. Никола и Али ќе се сретнеле. Предлог-законот е во процедура, а процедурата блокирана. Во меѓувреме тргнаа шепотењата во доверба дека „меѓународната“ не сакала вонредни избори, сакала коалицијата да опстане, а за возврат ќе нѐ честела со датум за преговори со ЕУ овој декември. Паралелно, Бранко Црвенковски почна интензивно да гостува по медиумиве и во платена пропагандна програма и на пресовите на Бичиклиски. Демек, човекот учествувал во организиран шверц. Заедно со Фрчкоски. Така рекол шверцерот Маѓаш. И што е тука ново?
Сите го знаат тоа. Пред Маѓаш тоа ни го кажа Петрит Аме. И црногорски Монитор. И извештаите на НАТО, УНПРОФОР и многу други. Народот затоа неповратно ги има отпишано и него и СДСМ. Но дечкиве од ВМРО-ДПМНЕ изгледа не знаат дека по секоја ваква експлицитна слика, нормалниот човечки ум си проектира уште една слика проследена со илјада збора - онаа за државата и функционалноста на нејзините институции. Значи, што мајка прават полицијата, обвинителството и другите фактори што не дојдоа до ниедна странска сметка, не дојдоа до ниеден валиден доказ и сведок за дотичниве да ги стави во бајбок со правосилна судска одлука? Не само за шверц туку и за подривање на државата, за антиуставно дејствување, за загрозување на општата безбедност и слично. Па, патем, во свеста ќе му искрсне сликата за петкратното ѕверско убиство на децата кај железарското езерце и многу, многу прашални зборови за молкот што го покри овој настан. Дури и Пол Волерс, кој ни се закани дека одблиску ќе ја набљудувал правдата, си молкна. Што е? И тука ли проработи стратегиското партнерство на сметка на Македонија и Македонците? Дали учките, вахабитите, алкаедистите се кријат во Бонд стил и се под директна заштита на Америка? Дали демократско Косово, чија независност под закана ја признаа нашите политичари, си продолжува да биде јатак и камп за обука на сите мафијаши, психопати и убијци со знаење на големите спонзори за потребите на нивните мали војнички?

Пред рејтингот на Груевски да почне да се движи надолу, сакам да го потсетам дека Македонците како искуствени скептици тешко му ги дадоа срцето и довербата. Но откако му поверуваа и го фиксираа на врвот, тој мора да внимава своите зборови сто отсто да ги исполнува. Без изговори. Нема повеќе оправдувања! Од ова последно ветување тој не смее да отстапи. Тамам Господ бог да му вети утре прием во НАТО. Таков морков не смее да залапа, оти со него во пакет доаѓа и стапот. Со такво глупаво залапување ние еднаш овозможивме територијална поделба по воената линија на разграничување од 5 јули 2001 (ја исцртавме Илирида), а добивме безначајно признавање на САД под нашето уставно име со „мала“ фуснота дека САД и натаму силно ќе ја притискаат Македонија да си го смени името и ветување до Грција дека во истиот момент и САД ќе си ја повлечат претходната одлука.

Значи, кого го боли уво за датум за преговори со унија што не знае утре ни што ќе биде ни каква ќе биде, ако цената е уште една капитулација на државата Македонија?

Автор: Mирка Велиновска

Затоа ја ценам Мирка. Таман мислиш фатила нечија страна, ќе рашамара со ваква колумна. Можеби грешно сум ја перцепирала женава кога се работи за третманот на домашната политика. Иако емисијата на Миленко ја премотувам веднаш штом ја видам, кога ќе начујам дека таа е гостин обавезно ја гледам емисијата. Знае жената да распали со тези.

Бај д веј, нешто сосем спротивно од неа што сериозно ми боде во очи е онаа колумнана на некоја си девојка по име Јана која се објавува на страната на Трендо. Толку што би рекле старине непрокопсана колумна па и тешко човек да прочита. Како измислување топла вода само со скопски сленг. Трендо за мене секогаш ќе биде еден од двајцата живи дејци кои си ги ценам на овие простори. Од сета негова работа, само ова со Јана не можам да го разберам. Едноставно никако не можам да го вклопам во неговиот терк на работа.

Од друга страна ту тамбс ап за Адо.(y)
 
Еве нешто од мене објавено во Нова Македонија.

Nebovo izgleda kako da go naslikalo slikar, slikar koj imal stvarno losh den.

Go poznavav toj slikar.

Raboteshe vo ateljeto kaj eden star majstor vednash pozadi stara rampa, slikashe anfasi i profili na srednovekovni zeni so krivi nosevi.
Sekoe sabalje go gledav od mojot prozorec kako neumorno gi vesla pedalite na Poni tocakot.

Moral da imal prokeleto losh den shtom vaka go nacrtal nebovo.
Mozebi mu umrel nekoj blizen, ne ne ne.... umetnicite ne tazat za takvi banalni raboti, najverovatno nekoja negova stara neprebolena ljubov se omazila, koj da znae....

Ja ceshashe glavata so noktite na negovite bojadisani prsti, go jadeshe jandza morashe da izmisli nekakov izgovor, ke mora da ja opravda neplatenata kirija, a toj gazdata e nekoj tezok covek, kapitalista od najdolen vid sigurno ke mu se dere pola saat...

So lugeto ne zboreshe, pa najgolemiot del od denot go pominuvashe vo avtodijalozi.
Nemozeshe veke vaka, si veleshe.
Morashe neshto da smeni, morashe da najde nekoe trajno reshenie.
Sakashe kako i ostanatite da ima normalen zivot, da raboti normalna rabota.
Mectaeshe da ima kukja, kola, vikendica i devojka so lakirani nokti.
Hmmmmmmmmmmmmmmm...

Kako da dojde do seto toa koga beshe totalno beskorisen, bolezliv i bez volja za zivot?
Edino da pocne da krade?!
Ah ne, i za toa ne go biduvashe...

Beshe asocijalen i kompletno neupotrebliv....

Eden den kako i voobicaeno shetashe po ulicite, zboreshe glasno samiot so sebe i se smeeshe.
-Hahahahahahahaaaa, poenitrashe posle kazanata smeshka, odednash zaneme... go promeni raspolozenieto vo del od sekunda.
Pred nego se ispravi masiven bel bilbord.

Slika od visok stamen covek stoeshe pre nego, drzeshe nekakva kniga vo rakata.
"O" "T" "C" "E" "T" citashe bukva po bukva ne poradi disleksija tuku zatoa shto edvaj nauci da cita.
Otcet, shto e sega ova?!

Vo dolniot del na bilbordot stoeshe ime, ime na politicka partija.

Ne razmisluvashe povekje znaeshe deka toa e reshenieto toa e prviot cekor od 100-te koi ke treba da gi izodi ako saka negovite mecti da stanat realnost.
Toa e patriotska partija, sigurno tamu ima filjan luge- si pomisli.
Po navika ja noseshe licnata karta vo negoviot dolen lev dzeb ja izvadi i so ubrzano tempo se upati kon najbliskiot shtab, se zacleni ushte istiot den.

Beshe taka kako shto i pretpostavuvashe vo partijata se osekjashe sakano i pocituvano, nasmeani likovi mu ja pritiskaa rakata i go pozdravuvaa, beshe redoven na sostanocite i disciplinirano klimashe na sekoja kazana mudra rec.

Denes e poinaku, ne samo neboto, toj melahonicen slikar denes gi slika i ulicite, mostovite, zgradite, spomenicite i TV reklamite, rekite i ezerata, ovoshkite, nivite i utovite, dnevnite ptici... gi slika LUGJETO I NIVNITE TAZNI SUDBINI GI SLIKA SO GOMNO BOJA.

Denes toj umetnik e Minister.
 
Бај д веј, нешто сосем спротивно од неа што сериозно ми боде во очи е онаа колумнана на некоја си девојка по име Јана која се објавува на страната на Трендо. Толку што би рекле старине непрокопсана колумна па и тешко човек да прочита. Како измислување топла вода само со скопски сленг. Трендо за мене секогаш ќе биде еден од двајцата живи дејци кои си ги ценам на овие простори. Од сета негова работа, само ова со Јана не можам да го разберам. Едноставно никако не можам да го вклопам во неговиот терк на работа.

И мене ми е мистерија. Имаше еден напис дека не си оди од Скопје или од МК и истиот беше многу „шеран“ на фејсбук и твитер и мислам дека девојчето влезе у филм! Кери Бредшо, само многу е млада!
Се уште не знае дека да пишуваш на сленг не значи дека пишуваш добро.:)
 
Операција „Француски клуч“
пишува: Љубомир Д. Фрчковски
дневен весник Фокус, вторник 18 септември 2012

Ослободувањето од секој репресивен систем на вредности наметнати преку политичката моќ има елементи на револуција! Таков ќе биде и проектот Ослободување на Скопје 1945-2012! Проектот кој предизвика интерес ќе има хардверски дел, операција наречена - ФРАНЦИСКИ КЛУЧ и софтвер, проект на персонално ослободување, дешокирање и нормализација, наречен MAKE LOVE NOT BAROK или Рашколувано знаење за барокот!

Операцијата „Француски клуч“ мора да расчисти со некои од најлошите споменици во „Скопје 2014“, кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку - освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат, туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин.

Операцијата ќе ја изведува полетната уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век) : три групи со француски клучеви во рака, по нив оди една група со шмирг-шајбна и една тројка со апарат за заварување!

Ослободувачкиот процес, хепенингот, ќе започнува со анархаична самонаредба, радосен восклик: РАСТУРАЈ ТОА СПОМЕНИЦИТЕ!

Уметничкиот холокауст „Скопје 2014“ започнува да се деконтруира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозоморните склуптури од новата зграда на МНР и „Мостот на уметноста“ со се четирите од Триумфалната капија. Од нив осумдесетина, на три мета - локации на влезовите во Скопје, ќе се направат три пирамиди на уметничко ѓубре, низ кои ќе има инсталирано телевизори кои емитираат Low-Fi ТВ сигнал, со т.н снег и пречки (често правени претходно во правецот траш-арт и видео перформанс на Нам Јунг Пајк, Микеланџело Пистолето, Ж. Вангели и сл).

За Триумфалната капија, како посебен проблем ќе биде замолен (преку директна спогодба), концептуалниот и ленд-арт уметник Христо Јовашев - да ја обвитка со целофан (како што стори со германскиот Рајхстагх).

Фамилјата скулптури Филипови или Александрови оди туто - комплето во Градскиот парк, каде се инсталира како луна парк. Околу нив тобогани, клацкалки и електрични аута на општа радост на децата.

На „Мостот на уметноста“ на испразнетите постаменти замолени се да доаѓаат личности од Распеани Скопјани, со песни и рецитали од Гинзберг, Буковски, Керуак, Фанте, Шпато, Маџиров и тоа кога ќе им се кефне за тоа. На еден постамен може да се појавиме и Јас и Милчин во поза на споменикот на ослободителите на Москва.

Проектот ќе биде осмислуван ад-хок, преку предавања на слободните универзитети на скалите на Кејот, за расколуваното знаење за барокот и самоослободувањето. Мото ќе им биде она што Квентин Крисп го кажува: погледнете во себе и запрашајте се дали има нешто во Вас што сеуште не сте го отвориле.

Под - хепенинзи по целиот град, ќе бидат понудени, а ла карт: водење љубов на некој од коњите или лавовите, ќе биде етаблирана традиционална геј - парада, која ќе завршува со геј танци околу копјата на македонската фаланга и ќе кулминира со ставање цветче во газињата на фалангистите... и на тоа слични радосни акции!

Некои од скулптурите ќе се префрлат во други градови на Македонија (Самоил - Охрид, Гемиџиите - Велес и сл).

Мошне важно, мили мои, ќе биде редизајнирањето на Музејот на македонската борба, со оддел во подрумските простории (ИД-от на таа борба, според С. Жижек) во која ќе биде поставката на восочни фигури под наслов МАКЕДОНСКИТЕ ФАШИСТИ. Тие ликови, заедно со низата имиња во сив гранит, издлабени на илјада две-три стотините Македонци, цветот на македонската граѓанска интелигенција - убиени од нив или по нивна наредба (Ванчо Михајлов, Тодор Александров и сл).

И така тоа и на тоа слично: Револуцијата, како знаете, драги мои тече !

П.С. 1. Организирам тури во хотелот „Родина“, Софија, за врели журки, зад затворени врати! Цена поволна!

П.С. 2. Друже Н. Младенов, ни ги испокрадоа колумниве по вмровски сајтови и телевизии. Наплатуваш ли нешто од вмровскиве вљубеници во моиве колумни? Да земеме некоја пара повеќе.
 
Пред некој ден случајно в раце ми падна збирката колумни на Братислав Димитров „Последните акорди на тишината“. И покрај тоа што понекогаш зборува за период кој не сум го доживеал, за луѓе кои не ги познавам и за места кои не ни знам каде се наоѓаат, во колумните на Братислав има нешто универзално и вон-временско. Да, во нив тој се занимава пред се' со сопствениот живот, но со тоа истовремено раскажува и за сечиј друг. Не знам до што е, дали до блискиот стил на пишување, убавите описи, или пак до мене, ама збирката ми остави голем впечаток. Еве нешто од неа:

СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД

Само два милиони жители ја имаат таа среќа да живеат во Македонија. Останатите ја немаат таа среќа, но имаат се' останато! Така почнаа првите истражувања. Денес има повеќе научни теории што се обидуваат да го објаснат феноменот на Македонецот, но јас се одлучив за мојата: Македонецот е професионален експерт за политички прашања и климатски промени. Сите останати активности му се хоби. (Освен олимписката дисциплина „фрлање ќеси од балкон во далечина“.)

Додека секој мандатор се поти под мишка да пронајде тројца за „бриџ“, а камоли за влада, ние веќе сме ја составиле! Уште со првата кафеанска тура сме ги поделиле сите министерски места, во комплет сосе замениците и нивните (боже ме прости!) секретарки и портпаролки. Советнички, башка. После втората тура, нема слободно директорско место ни за лек! А во моментот кога келнерот ја истовара на маса нашата трета доза метилалкохол, ние сме ги решиле и последните курирски места во Ниќифорово, Косоврасти и Зрзе. Да ја викнеше некој четвртата тура, ќе направевме и темелна реконструкција на владата!

Што се однесува до климата, работиме на случајот. За почеток располагаме со две епохални откритија: во лето е жешко, а во зима е ладно! Причините за ваквите „нагли“ промени на времето, ги доведува до очај само научниците. Ние одамна знаеме дека овој чуден климатски феномен е предизвикан од три фактори: сме ја исцрпиле темата за политика, не' „врти“ коленото и на крајот, но не и помалку важно: други го пишувале календарот! Ние да го пишувавме проклетиот календар, времето постојано ќе беше убаво. (Под услов опозицијата да не го расипува, разбира се.)

И додека ние понесени од возвишени почитички цели сме ја оправале државата и регионот, во меѓувреме се случиле многу мистериозни настани. Загорел ручекот, претекло кафето, на внучето му пораснало и третото запче, а ние не сме ставиле ниту еднаш паричка под неговото јастуче како што е обичајот, од некролози дознаваме кои наши роднини, пријатели и комшии засекогаш го напуштиле гласачкиот список, дури после седмата фризура и осмата нијанса окер ја забележуваме сопругата, браќата и сестрите ги гледаме само кога се дели некој имот, сопствените деца не ги гледаме затоа што полесно ни е да се дереме по митинзи отколку да пиеме какао во нивните домови во Канада, Австралија или Гармишпартенкирхен... За слави, крштевки и родендени немаме време, затоа што токму тогаш дискутираме за клучните почитички и климатски... Дали имаме родители!? Хм... Ќе мора да провериме...

Ете така, пополека, но сигурно, еден ден остануваме сами со своето чело и прстот на него. Во глува доба, како зајаци во сезона на слободен лов. И додека уличните џукели се обидуваат да гризнат парче од белата кожа на месечината, а скомињави ветришта трупаат иње врз нашите разбушавени тимби, ние стоиме длабоко зацапани во ноќниот катран, со насмевка на нилски коњ додека го чита Џејмс Џојс! Во мигот кога самотијата како 'рѓа ќе почне да ја разјадува нашата славна фасада, доаѓаме до повеќе заклучоци, но ниту еден од нив не ни се допаѓа.

И сега што?

Сега сите на ситематски преглед! Да се види што, колку, каде, кога и зошто ни фали, тоа што ни фали. Пред некој ден, по ладот, со здравствена книшка под мишка, се појавив на „технички преглед“. Еве ја дијагнозата: „немој да се обидуваш да го поправиш светот, затоа што постои опасност уште повеќе да го расипеш. Светот не е ни добар ни лош. Светот едноставно постои. Ако толку баш си запнал нешто да поправаш, поправи се себеси“. Терапија: Ментална дезинфекција, дератизација и десинсексија.

Добро. Излегувам надвор. Скопје е најдобродушниот град на светот. Молкум ги издржува сите наши чекори по неговите уморни плеќи. Има разбирање за сите наши предавства, неверства и слични фини манири. Скопје е како мајка Тереза и татко Терез, заедно. Скопје е главен град на сите мои чувства, чувства и секогаш чувства...

Ете. Така беше. Цел живот поминувам покрај тоа парче небо, но сега прв пат застанувам и што ќе видам!? Милијарди пламени зрнца од небесните калинки го руменат источниот хоризонт...
 
Марк Твен во празно породилиште
автор: Александар Русјаков

Демек сиромаштија, се нема пари, затоа луѓето не сакаат деца, сигурно тоа ќе го срочат. Нека им го кажат ова на Швеѓаните. Тоа ви е земјата со најмногу самци во светот. Наталитет, катастрофа

Фрка со наталитетот, а? И што имаат да кажат експертите за сè и сешто на оваа тема? Демек сиромаштија, се нема пари, затоа луѓето не сакаат деца, сигурно тоа ќе го срочат. Нека им го кажат ова на Швеѓаните. Тоа ви е земјата со најмногу самци во светот. Наталитет, катастрофа. Кај нас шведски живеат само политичари, криминалци и транзициски богаташи. Во светот е познато дека деца најмногу се раѓаат за време на кризи, војни и глад. Чудно, ама така е, доаѓа нацијата во криза и нешто ја тера да се размножува. А ние? Нацијата ни е постојано во опасност, имаме лудаци што и идентитет би шитнале дури, а ваму упорно се однесуваме како традиционалната капа да ни е со рогови. Еве, сега слушам дека и емиграцијата ни е проблем, младите си одат, ама пак повеќемина останаа одошто заминаа. Јас не сум експерт, само, ете, на друго место го гледам проблемот.

Ние растевме на клупи, нашата панкерска филозофија на живеење не сакаше многу затворени простори, нашите празни џебови не можеа да ни ја исполнат желбата, да ни се замати реалноста пред очи. Такви бевме, луди и слободни, пиевме евтино вино, дувавме трева, завивавме стихови под месечината, се губевме во ритмите на гитарата, ги баравме во нас духовите на Џим Морисон и на Карлос Кастанеда, се баравме себеси и бегавме од себеси, дремевме по станици, заспивавме во паркови, на нас покажуваа со прст како да сме изроди, а најмногу од сè во тие опојни години, најмногу водевме љубов, секаде водевме љубов, на улици, во подземни гаражи, водевме љубов во креветите на нашите родители кога тие не беа дома, се потевме, водевме љубов и секоја капка пот за нас беше виното на страста. Така растев и не се срамам да го кажам тоа, затоа што така ја учевме љубовта кон животот. Меѓу нас никогаш не се разговараше за пари и моќ, не се беседеше за кариери и успеси, не разликувавме Македонци од Албанци, христијани од муслимани, стрејтери и гејови, најважно ни беше да си човек и со тебе да ни биде забавно. Денес, со исклучок на ваквите суетни магариња како мене, мојата генерација пријатели, речиси сите се со семејства, родители на прекрасни деца и никој ја нема загубено панкерската насмевка во својата душа. О не, никој од тие луѓе не е екстремно богат, неверојатно моќен или до бескрајот славен, сите си го најдоа своето место под ова парче небо и таму, под тоа парче, го имаат вгнездено своето семејство.

Да видиме што беше со оние различни од нас, оние другите, фините и моралните. Тие другите што прекуден беа мамини синови и татини ќерки, навечер стануваа турбофолк-фанатици, нивните светци беа Цеца и Аркан, а кокаинот тешко се чувствува како евтиното вино, тие стануваа емотивни ороспии и макроа, силиконот и силеџиството беа главни теми на муабет. Тие другите уште од дома беа инструирани и обликувани според фрустрациите на родителите дека само моќта и парите се важни денес, дека успехот е пат преку лешеви, дека никому не смеат да му веруваат. Тие другите беа опседнати од сопствениот изглед, начинот на кој другите ги гледаат, облеката и автомобилот што мора да ги имаат станаа нивната единствена вера. Тие другите се различни меѓу себе и секогаш биле и ќе бидат мнозинство во овој свет.
Така е и денес. Опсесијата со моќта на материјалното богатство, зависноста од изгледот во огледалото, необјаснивата потреба да се има секогаш повеќе од другите, наркоманското посветување на својата кариера, бесмисленоста да се носи или вози марка по секоја цена, претворањето на ајфонот, шминката и часовникот во религиозни фетиши без кои не можеш да бидеш човек, сето ова од луѓето создава емотивни инвалиди, само вака душата ја губи човечноста и некако е сосема логично таа осакатена душа на одбива да создава потомство слично на себе. Опседнатоста со погрешни вредности, тука лежи според мене причината што сè повеќе луѓе остануваат сами. И ритамот на живеење е доста оправдана причина зошто луѓето сè помалку се одлучуваат да создадат потомци. Немаат време, многу едноставно. Оние што малку од малку му се посветиле на мајанското учење надвор од холивудските спектакли за крајот на светот знаат дека мудрите Маи биле свесни дека луѓето ќе го убрзуваат сопственото време, ќе брзаат бесмислено низ цивилизацискиот хаос полн со гаџети и глупави новитети. Уште не си го отпакувал штотуку купениот мобилен телефон, а веќе е најавен нов посовршен модел и ти сега мора да смислиш начин да го имаш. А кога постојано се брза, никаде не може да се стигне, ништо не може да се создаде, камоли човечки живот. Муви без глави, тоа сме ние цивилизираните роботи на модерниот хаос, кои мислиме дека Стив Џобс со своите бесмислени дрангулии е најголемиот цар на изумите. Генијалноста на Тесла ја сведовме на гаџетите на Џобс и воопшто не е чудно што твојот дечко, драга моја, понежно го пипка тачскринот отколку твојата совршена кожа.

А богами ова со наталитетот воопшто не е нова работа. Уште кога во педесеттите години од минатиот век државата смисли „генијален“ план, селаните насила да ги напика во фабриките низ градовите, почна и непродуктивноста. Стана модерно да се има две деца наместо она „сељачкото“ пет. Башка едно е пет дечиња да ти трчаат низ селскиот двор, да се акаат по ливади и планини, ај да те видам ти справи се со живоста и на две деца напикан среде двособен стан во руската зграда. Ете ви уште една причина. А и муабетов со истополови бракови, посвојување деца и примитивноста на машко-женска заедница. Немам јас никаков проблем геј-заедницата да бара да посвојува деца, демократија е ова, ама ај да им поставам едно глупаво прашање. За кои деца ќе се борат да ги посвојуваат кога ќе почне сѐ повеќе да ги снемува децата?

Да, се согласувам, стратегија мора да се има, во светот таа постои во различни облици. Во Русија жената има три години трудничко боледување, државни станови за самохрани родители. Не сум експерт, нека гуглаат малку стратеготворците. И селата, дечки. Наместо Скопје да се прави мегалополис од нови згради, видете ги оние прекрасни испустени македонски села. Нека почне државата да ги крева нив, јас знам барем десетина двојки што би избегале на село доколку имаат инфраструктура и услови за живот.

П.С. Немам простор во колумнава, ама да не зборувам колку многу и Интернет, социјалните мрежи и газот сместен пред монитор цел ден ги оддалечуваат луѓето едни од други.
 




Обичен ден

Денот може да ти започне прекрасно, како во убав сон. Ќе излезеш на балкон и пак ќе го видиш дебелиот гавран како гордо стои на симсот од комшивскиот прозорец. Ќе му фрлиш натопени парчиња леб и ќе уживаш да го гледаш додека се спушта на сувата земја и го клука.

on.net.mk_430052.jpg

Ги сакам гавраните, тие никогаш нема да ти се преправаат и да те лажат дека те сакаат, никогаш нема да се дружат со тебе само затоа што ќе мислат дека си безнадежно очаен идиот на кого му нема спас. Кого е доволно само да го погледнеш па да ти биде малку полесно од самото сознание дека на некои им е сто пати полошо отколку на тебе. Но, по само неколку баво поминати часови во кои нема да се случува ништо (а јас сакам кога ништо не се случува во некои определени точки на оваа земја) ненадејно во кујната ќе нагазнеш на срча од искршената чаша од синоќка која твојата правосмукалка не ја ишмукала.
Откако ќе си ја измиеш крвта од петицата, раната ќе ја премачкаш со ракија и ќе ја залепиш со фластер ќе седнеш на каучот да гледаш телевизија. Тогаш, кој знае од каде, некаква руска, како ракета, ќе ти влета во окото, белката ќе ти се закрвави и ќе се обидеш некако да ја извадиш. Пробуваш првин со вода, па со капки за очи, го миеш со камилица, но ништо не помага. И понатаму пече, окото ти солзи и помалку боли. На некои луѓе за многу кратко време можат да им се случат многу глупости. Се зависи од тоа дали ваквите неволји ти се допаѓаат или не, зашто има такви на кои случајните несреќи им се добредојдени, на кои самоизмачувањето и барањето белји после кои некој ќе ги казни им се како
пуслички од лешници по еден ставрно вкусен омлет од шунка. Некои од нив се
вработени во индустријата на забава во која постои оддел кој би можел да се сврста во категоријата понижување.
Ја гледам прекрасната унгарска порно ѕвезвда Вероника Веноза која има божествено извајано тело како позира пред камерите гмечејќи си ги полните цицки, како ги стиска брадавиците, се чешка за клиторисот и наеднаш клекнува. Во тој момент во кадарот упаѓа маж, го откопчува шлицот и ѝ се измочува во устата. Тоа е, морате да признаете, малку невообичаен начин за да се преживее или да се биде популарен. Се заради одбраната публика која ужива во писинг. Но, не мора да си порно ѕвезда па да сакаш да те замочуваат.
Можеш да бидеш обичен секретар во стопанската комора или шнајдер, а преку оглас во валканите списанија да бараш човек или жена кои на твојот неодолив повик ќе ти дојдат дома за да ти се измочаат по лицето или градите. Ах, кога би постоеле такви муцки кои најмуваат професионални пис-мајстори како би ги унередиле оние што ги мразат. Најмиш вистински писинг шампион кој во некоја
слепа и мрачна уличка ќе ја начека твојата тешта злобница, со подигнатата тупаница ќе ја натера да се спушти на колена покрај кантата за ѓубре и кога таа веќе ќе се покае што ја заборавила вештачката вилица, која не е баш ефтина, тој ќе ги спушти панталоните и ќе ѝ се измоча по главата. Нарачателот на ова злодело, познавајќи ја жената, добро знае дека таа нема да се осмели случајот да го пријави во полицијата. После ваквото понижување шапката што ја носи уште кога го родила својот прв син кој сега е пред пензија, ќе и биде неупотреблива. Злобен сликар најмува вистински писинг криминалец, кого тешко можете да го видите без шише Кока-Кола во раката, кој што ќе влезе во Музејот на современа уметност и ќе се измоча на сликите на Пикасо и Шагал. И тоа пред толпата одбрана публика сосатвена од угледни луѓе. Мислејќи дека е перформанс во режија на самиот Музеј можат и да му аплаудираат.
Но, јас сега пишувам за оние кои сакаат да бидат измачувани и понижувани. Некому кој е доста појак од тебе, за кого знаеш дека може да те натера да му ги лижеш ѓоновите на чевлите кога ќе посака, на кого, ако си нормален, никогаш не би се сетил да му се спротивставиш, можеш да му кажеш дека си ја натртил сестра му. Посебно ќе биде слатко ако тоа му го кажеш пред неговите другари. Не мора тоа да биде никаква вистина. Важен е ефектот што ќе го предизвикаш кај сите нив заедно. Неговата сестра не смее никогаш и од никого да биде натртена. Откако ќе му помине шокот и ќе се соземе ти удира боксови неколку рунди во ринг што не е ограден со јажиња, а кога изнемоштен и задоволен ќе се струполиш на земјата пред да си одат и те остават во устата ќе ти набутаат шише Кока-Кола исто како во скулптурата на Марисол од 1962 година. И самиот знаеш дека тоа е подобро отколку да најмиш профи камшикувачка која ќе те плеска рутински, без некаква особена страст.
Се запознаваш со пријатен водоинсталетер,за кого си чул дека на жена му секој
ден и остава модринки по целото тело, освен по лицето, па затоа секогаш носи долги фустани до земја, а рацете никогаш не ѝ се откриени. Се чувствуваш посигурно кога си во рацете на потаен психо. Исчекувањето е неопишиво слатко. Му доаѓаш дома со бомбониера и по пола саат угоден разговор со кафе и ракија ненадејно, без некое предупредување, со нечуена злоба во гласот му кажеш дека мислиш како тој е глупаво гомно. А, зошто? Затоа за да полупразното шише го искрши од твојата глава? Добро, можеби не е решен да оди во затвор заради тебе, но сигурно ќе добиеш пет или шест јаки шлаканици, силен удар во стомакот и клоца право во јајцата. После, додека се свиваш од силните, но слатки болки, ќе те подигне со неговите снажни раце и како вреќа ќе те исфрли во ходникот на зградата. Ова е сосема разбирливо ако се знае дека уште во училишните клупи си уживал нослестата професорка со средниот и кажипрстот да ти го влече носот додека не ти поцрвени и да ти ја кубе косата на слепоочниците.
Или оние слатки жени што оддаваат впечаток на многу силни персони кои можат да си ја стават тупаницата во анусот и од таму да го извлечат кондомот кој му испаднал на нивниот удирач. На таквите, ако некогаш одлучат да се мажат, најмногу за маж би им одговарал гинеколог. Дома би уредиле соба која би била нивна лична ординација. Тој со неговите метални растегнувачи би ја чепел нејзината вагина и чмарот и во нив би ставал топчиња за тенис и пинг понг. После кога ќе играат тенис нивните пријатели ќе се прават како не забележуваат дека топчињата некако чудно им мирисаат. За спомен на нивните необични љубовни игри би направиле снимки на кои тој со раката ја истражува нејзината утроба обидувајќи се да го извлече топчето за пинг понг кое некако се заглавило и не сака да испадне надвор.
Ова е време на болка. Не сме ни свесни колку научивме да трпиме, а во последно време ми се чини како да се повеќе уживаме во неа. Ќе преживеат само мазохистите.
Кирчо Арсовски
 
Според мене моментално 3- ца најдобри колумнисти во Македонија се : Билјана Ванковска, Агим Јонуз и Горан Михајловски. Жалам за Венко Андоновски што престана да пишува колумни за Нова Македонија. Нив четворица обожавам да ги читам, другите во споредба со оваа палета на интелектуалци ми се онака квази wannabe колумнисти. :)
 
Според мене моментално 3- ца најдобри колумнисти во Македонија се : Билјана Ванковска, Агим Јонуз и Горан Михајловски. Жалам за Венко Андоновски што престана да пишува колумни за Нова Македонија. Нив четворица обожавам да ги читам, другите во споредба со оваа палета на интелектуалци ми се онака квази wannabe колумнисти. :)
Ванковска е ужасно досадна колумнистка...На секое го тупи со својот статус универзитетски професор, Анти-Нато политика и кажува дека била независна. Во ред се тоа, ама не мора на секое да споменуваш едно те исто, додека имаше блог коментирав кај неа на неколку пати најкултурно со аргументи и дотичната ме бришеше без никаква причина или пак ќе одговореше дека таа јавно се представува, додека ние немаме храброст да се представиме со цело име и презиме, иако воопшто немаше ништо лично против неа во пишуваното.
Налет се друго, ниту една нејзина анализа не е како што треба, слично како пуленот на Утрински по економија Ден Дончев кој кога ќе пиши дека нафтата ќе паѓа за неколку месеци, таа ќе го пробие плафонот или пак неговите анализи за економската криза.
Јонуз и Михајловски се позабавни за читање, додека Венко се посра со саламарот во Тинекс.
 
Ванковска е ужасно досадна колумнистка...На секое го тупи со својот статус универзитетски професор, Анти-Нато политика и кажува дека била независна. Во ред се тоа, ама не мора на секое да споменуваш едно те исто, додека имаше блог коментирав кај неа на неколку пати најкултурно со аргументи и дотичната ме бришеше без никаква причина или пак ќе одговореше дека таа јавно се представува, додека ние немаме храброст да се представиме со цело име и презиме, иако воопшто немаше ништо лично против неа во пишуваното.
Налет се друго, ниту една нејзина анализа не е како што треба, слично како пуленот на Утрински по економија Ден Дончев кој кога ќе пиши дека нафтата ќе паѓа за неколку месеци, таа ќе го пробие плафонот или пак неговите анализи за економската криза.
Јонуз и Михајловски се позабавни за читање, додека Венко се посра со саламарот во Тинекс.
Ванковска е егзотичен микс од тешка селанка и итар софист. Еднаш читав како лаеше против нато, и раскажуваше надолго како ја шетале по некои амерички воени академии, дури и ручек и сервирале. И ни пет ни шест, вика "не им успеа со ручеците да ме купат".
 
Ванковска е ужасно досадна колумнистка...На секое го тупи со својот статус универзитетски професор, Анти-Нато политика и кажува дека била независна. Во ред се тоа, ама не мора на секое да споменуваш едно те исто, додека имаше блог коментирав кај неа на неколку пати најкултурно со аргументи и дотичната ме бришеше без никаква причина или пак ќе одговореше дека таа јавно се представува, додека ние немаме храброст да се представиме со цело име и презиме, иако воопшто немаше ништо лично против неа во пишуваното.
Налет се друго, ниту една нејзина анализа не е како што треба, слично како пуленот на Утрински по економија Ден Дончев кој кога ќе пиши дека нафтата ќе паѓа за неколку месеци, таа ќе го пробие плафонот или пак неговите анализи за економската криза.
Јонуз и Михајловски се позабавни за читање, додека Венко се посра со саламарот во Тинекс.

Ванковска ако има појма што зборува, јас гола ќе шетам!Одамна не ги читам нејзините колумни, зашто од неа една колумна да прочиташ, исто како сите да си ги прочитал. И мене ми се има случено истото- на мој комнтар на нејзинот блог, прво да се инати, и после топтан да избрише што стигне! :facepalm:
И преку Тасе од тоа име и презиме!
Да не и стави некој жар на папот да се пишува со име и презиме. Работата е што ако не се пишеше која е, толку што ќе и го читаа блогот!

Хахахха! Аман бре Винд, како го спастри во една реченица Венко и саламарот !хахахха!:pos::pos:
 
Гледам се споменуваат само македонски колумнисти. Но треба да се признае дека најчесто тие колумни се само копија на некои странски идеи со вметнати коментари од нашата дневна политика.
Иако нашите колумни не се лоши, сепак со интернетот ни се достапни и светските весници. Грев е да се читаат третокласни колумни ако човек има можност да прочита што мислат нобеловци и големи умови.
Инаку колумни потчитнувам во Атлантик, Њу Јоркер итн...
 
Шом си колумнист и блогер, не си дел од решението на еден проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom