Колку ви значи насмевката?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Цел еден свет.

Особено кога искрено ќе ми се насмее некој. А и јас него. Ехее.
Љубов е во прашање, секогаш.
 
МНОГУ. НАЈВЕЌЕ.
Кај секој човек прво го забележувам изразот. Тоа многу ми значи/многу кажува за него. По природа сум весела и скоро секогаш насмеана, а кога и некој друг ќе ти врати со насмевка, зарем тоа не е најубавото чувство на светот? Или да се надоврзам на горенаведениот пост, за љубов се работи :)
 
Искрената насмевка значи многу, некогаш и повеќе од зборови.:smir:
 
Насмевката навистина значи многу и тоа ако е искрена и многу подобро е да си ви друштво со позитивни и насмеани луѓе ако сакаш денот да ти е убав и кколку да си нерасположен ако сите околу тебе се расположени и ти ке мораш да се смееш и ако не ти е дојдено до тоа:baeh:
 
МНОГУ ПРЕМНОГУ НАЈМНОГУ!
Нон стоп сум насмеана и сакам кога сум во друштво со насмеани и позитивни луѓе.
Интересно е како една насмевка може да те направи да се чувствуваш исполнето и полн со позитивна енергија. :pipi:
 
Ги мразам оние кои у глава имаат само “позитивни вибрации“ и сакаат да се дружат со луѓе кои се насмеани, ако нешто “негативно“ здогледаат вртат глава, со цел да не им се расипе насмевката и позитивната ебана вибрација!
Иначе не ми се битно дали некој се смее или не. Баш напротив сакам да бидам со оние лузери што им умрела насмевката поради некоја причина и да им направам нешто интересно ако можам, за да им се врати насмевката.
Е сега у цела ова ситуација битно е следното што на многумина јас лично им го имам кажано:
У ситуација кога нешто се слави, некаде се иде за забава или слични манифестации, ако на некого не му е по кеф денот или месецот или годината, нека не иде, зашто немора еден да им сере на десет луѓе. Значи ако идеме да се “смееме“ идеме сите заедно, и сите заедно ги ставаме проблемите дома. Утре нов ден.
 
Една насмевка и те како може да ми го промени расположението, ако е од вистинската личност нели.
Многу повеќе сакам да бидам во друштво на весели и расположени луѓе отколку на некои депресивни што се понашаат како намќори..
Јас лично сегогаш сум насмеана, некогаш повеќе, некогаш помалце ама никогаш не сум била од тие што знаат да расипат забава и да речат„абе вие си се смеете, а мене тука депресија ме мава“....никогаш и нема да го направам тоа...

Си го прочитав стариот пост на темава и си помислив: Daaaaaamn сум се сменила.
Сеа сум намќор^^
Не праам муабет со некој коа не ми се праи муабет, не се смеам коа не ми е до смеење, поубаво се осеќам у друштво на луѓе слични на мене, без разлика дали се намќори или не се.
Коа ме пука депресија не седам со луѓе, си идам дома, хоризонтала, слушалки и си пуштам .

А, и да, убаво ми е коа ќе ми се насмее некој (:
 
Доколку е вистинска, да ми значи.
 
Најверодостојна дефиниција за насмевката: Насмевката е крива линија што може да исправи многу нешта. Едноставно, кратко и јасно. Обожавам да се смеам и претпочитам да се смеам и да ги засмевам лугето околу мене секојдевно. :LOL:
 
Значи и тоа многу :) Сакам кога сум во друштво на насмеани луѓе.и настојувам секогаш да бидам насмеана.Чудно е како една насмевка може да ни го разведри и најтмурниот ден :LOL:
 
ништо подобро од насмеано лице :)
 
ништо посебно, секојдневие
 
Завршува пола работа, значи многу :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom