Колку странски јазици знаете?

  • Креатор на темата Креатор на темата filip_sk
  • Време на започнување Време на започнување
Англиски перфектно.Солидно стојам и со германскиот и албанскиот(тоскиски).Италијански и шпански основни работи,колку да се разберам само.Латинскиот е во почетна фаза,а голема желба ми е да научам старословенски.:)
 
Лесен е старословенскиот и јас имав желба да го научам и го научив бидејќи учев руски во основно а граматиката е скоро иста и така да лесен ми се виде.
 
српски, хрватски, црногорски, босански, македонски, англиски, југословенски, српско хрватски... нагло ми се зголеми познавањето на странски јазик од кај 90 сетите на ваму, и без учење научив неколку “странски“ јазици
 
Абе звучи ко шега, ама помаливе генерации ги ставет Српски, Хрватски, Босански како странски познати јазици, ама ете, да прифатиме еден од нив како релевантен странски - ко ќе дојде време да oni pricaju srpski, e onda moz da ispadne da je i taj jezik malo drugaciji nego nas, vestacki.

Така да, јас велам англиски и босански.

Пробав да учам персиски, една недела истерав, и освен на домашниве и на колегиве што ги тролав и гњавев со некои персиски изрази, не најдов соодветна примена на истиот во секојдневниот живот и нормалното функционирање (на пример на продавница будала ке ме направеа, т.е. ме направија) па баталив, после недела дена. Oстанав на југо јазиците и енглески :D
 
англиски,италијански и словенски ( српско-хратски да не го набројувам ) :icon_lol:
 
Пробав да учам персиски, една недела истерав, и освен на домашниве и на колегиве што ги тролав и гњавев со некои персиски изрази, не најдов соодветна примена на истиот во секојдневниот живот и нормалното функционирање (на пример на продавница будала ке ме направеа, т.е. ме направија) па баталив, после недела дена. Oстанав на југо јазиците и енглески :D

Кај нас ова ти се десило? А и кај си земал часови?
 
Кај нас ова ти се десило? А и кај си земал часови?

:D Кај нас, не се разбравме со продавачката, ништо страшно :D
Инаку, не, не часови, on line роварев, општи фрази, зборчиња, и слично. Да истерав бар недела дена, ќе одев на advanced, т.е. ќе ја букмаркирав страната кај што роварев. :D
 
Не бива така учење на јазик. И јас самиот пробував нешто по нет да рчкам, да се учам сам и ништо не научив. Пробував и со касети ама брзо се губеше концентрација. Почнав да ги слушам и пред спиење како демек во сон да учам, ама освен несоница друг резултат немаше. А персискиов ми е многу секси.
 
Сега засега знам англиски германски и шпански.
Здравје догодина почнувам со италијански и латински,ама латнискиов баш и не се смета затоа што не се општи со него :P
 
Англиски, германски - одлично.
Француски, шпански - муабет да правам.
Бугарски - Бугарка сум.
Македонски - не знам ни jас што знам.
Турски - знам да читам. :-D :-D :-D
Српски,хрватски и т.н. - тоа што знам од песните.
 
Англиски, Српски и секако Бугарски ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom