Колку странски јазици знаете?

  • Креатор на темата Креатор на темата filip_sk
  • Време на започнување Време на започнување
Флуентно (течно):
-македонски
-англиски
-германски
-романски
-влашки
Во фаза на учење:
- унгарски
 
Знам англиски и француски а имам голема желба да научам јапонски:)
 
Ни еден. Во душава сум патриот и им не се давам на странци. Пробуваја во основно дури одев да ми наметнет некој си јазик англиски од Американчиштата дебели ама фатив врски да не го учам. Му дадовне на директорот пола теле 45 кила беше и речено сторено ме остаде. Учителот не смееше појќе да зуцнит.
Лујџе не се давајте на пропаганда све је то мода учејне јазици нема фајде од та работа.
 
Англиски разбира се не 100% , грчки , италијански , руски , нешто осредно германски и то е то.
 
Течно зборувам англиски, шпански, српски и хрватски.И полскиот го владеев додека студирав ама потоа од некористење почнав потешко да се сеќавам на зборовите.Треба да се потрудам да си го обновам речникот дефинитивно, бидејќи многу го засакав тој јазик иако на почетокот ми изгледаше премногу тежок за изучување.Инаку би сакала да научам француски, а разбирам португалски.
 
Англиски, турски, босански, германски и шпански.
Албански и чешки во фаза на учење.
А за понатаму имам желба унгарскиот да го научам. :)
 
Англиски знам течно солидно од школо и курсеви
Грчки исто така сите курсеви 6 степени течно
Германски да се разберам , 8 месеци курс
Руски малку од книги пријатели и работа со руси.


јазиците многу вредат, 1 повеке 1 човек повеке
вредат,злато вредат
 
Руски во основно и средно, штета тогаш немаше англиски, англиски научив покрај игри, филмови/серии, имам преведувано неколку филма/епизоди од серии, се нема финансии инаку би сакал да научам што повеќе англиски.
 
Дали може некој да ме посочи или да ми даде контакт или адреса кае би можел да се запишам на курс по Словенски јазик. поздрав

Словенски не верувам дека би можекл негде да најдеш да учиш, освен во некоја црква, еве шо знам јас...а, словенечки можеш да учиш бесплатно во основното во Кисела Вода кај рампа, не ми текнува како се викаше и во Ексико.
 
Сите што сте пишале дека знаете Српски, Хрватски, Босански, Црногорски како одделни јазици - Убијте се!
Инаку муабетот е колку јазици течно знаеме или онака ако знам пар фрази од некој јазик квалификуван сум да пишам дека го знам јазикот?
Уште па ми пишуваат одев на курс 8 месеци и сега го знам јазикот....:facepalm:

Ми пишале дека знаат 15 јазици, а на Македонски не можат сложена реченица да напишат...

Ај и за мене да си пишам за да не сум тотално Оф-Топик , јас ниту еден јазик не знам. Јазикот е толку нешто сложено што некои науки вода може да му носат. Науката се заснова на факти кои се непроменливи - факти се. Јазикот се менува секојдневно.
 
Јас учев руски во основно,англиски од 10 годишна возраст,сега во средно се префлив на германски и добро ми оди бидејќи сум веќе втора година а пред еден месец почнав да учам и турски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom