Традиција многу добро знам што е, култура обичаи морални вредности ритуали кои се наследуваат и практикуваат од колено на колено....Но јас најмногу се осврнав на фамилијарните односи, мене тоа ми смета најмногу во традицијата македонска..Незнам на кого би му сметало храната или обичаите или културата...
Раѓање машко дете=славење, наспроти женско=штета е традиција ! Признале вие или не ...
Купени бракови се дел од мак. традиција..
Насилтвото на жената потекнува од она патријахално традиционално НАСЛЕДЕНО од минатото, да мажот е глава на куќата и домот!.Каде мажот се прашува за се во домот и одлучува..Он е двигателот..Тоа е дел од традицијата...Непочитувањто на жената е каде каде полошо во минатото...
Јас не сакам да зборувам за убавиот дел храната и некои обичаи..Тоа е све во ред..
Го спомнав баањето и врачарството.Дали сте запознаени со какви бајачки и врачарски работи се занимавале нашите баби прабаби? Дека им баеле од уроци и што ти ја знам на децата..И знаете ли дека добивале од колено на колено книга со стихови со кои се бае..Ако не знаете не зборете..Да не зборам за магиите....Македонија е полна со вакви ОБИЧАИ и на самите прослави правеле суеверни обреди кои се претопени и во денешно време кај многу жени кои живеат во град..Така да традиција е и тоа...
Одма мислите на баници и пити и тавче гравче и галичка свадба..
Има и лоши делови не ги гледајте само позитивните обичаи...
А придобивките се огромни, слободно одлучување на жената за својот живот, еднаква е во бракот заедно со мажот одлучува за битни одлуки...
Не се слушаат родителите за со кого се стапува во брак, кога или за било каков твој личен избор во животот.
Традиција да машките деца добиваат дел од имотот а женските НИШТО е скоро па замрена..Тоа се дел од придобивките, ги има многу да не набројувам сега.....
А ако мислите да неморалот е зголемен денес. Има икс примери каде и порано се швалерисувале каде и порано раѓале туѓи деца, каде се премажувале преженувале..И порано имало ку*ви И порано имало педофили и хомосексуални...Гадуриите биле скриени позади лажен морал...Сега се само испливани на површина...
Ова го спомнав зашто гледам болна точка ви е НЕверноста на жената(неморалот) и хомосекусуалноста некогаш и денес..