Колку сте традиционални?

Воопшто не сум традиционална, напротив многу модерно размислувам и воопшто не ми се допаѓаат луѓе со закоравени сваќања и старовремски гледишта на нештата.
јас сум добро ситуиран господин
 
Според некои сум традиционален(не славам валентин, ден на вештерки..) Според некои(повозрасните)па не толку.
Прашање на гледна точка.
 
Воопшто не сум традиционална. А зашто, мислам дека пред се' влијание имале моите родители. Иако татко ми е малку потрадиционален, мајка ми ме има научено да немам стереотипи и да си формирам свое мислење. А сигурна сум и дека многу луѓе (надвор од семејството) во мојот живот до сега имале влијание, иако неможам да одвојам кои. И можеби звучи глупаво, ама веројатно и некои филмови имале влијание.
Што се однесува што мислам за традиционалните луѓе, зависи до кој степен се. Али најчесто не се дружам со традиционални луѓе. Ми смета дека се ограничени мислам. Повеќето не прифаќаат ништо ново. Тоа тие што го мислат и тоа е "нормално" и се' друго е нездраво. Ретко некој кој што размислува традиционално да смени мислење. Ама пак ке нагласам, зависи до кој степен се :)
Мислам дека е стварно застарено и дека треба да се прилагодуваме на времето, со некои исклучоци се разбира.
 
Што е тоа што ти смета кај луѓето кои ја негуваат традицијата, што е тоа ново што треба да се прифати и старомодно кое треба да се отфрли, во кои сфери на животот? На кој начин тебе тоа те сторило подобар човек од нив, па и од твоите претци.
Напорни ми се и ограничени во нивните размислувања...
21век сме и не треба да живееме со сваќања како нашите предци во турско;) Мора да еволуираме и да научиме што значи ПРОГРЕС а не уназадување...Но тоа на Балканов за жал тешко иде.....
Што е тоа за тебе модерно? Во кои сфери на живеењето, каков е тој прогрес на пример, ...и во што еволуираш? Дали и на кое поле во животот ти донело тоа нешто подобрување, кои се позитивните резултати од таа еволуција.
 
Последно уредено:

За мене не се однесуваше тоа, зашто ете нагласив дека сум воспитана и израсната во модерно семејство и сум се дружела и бирала луѓе слични за мене. Тоа го реков за оние кои имаат ограничен поглед, да треба да го прошират својот начин на размислување. Прогрес е напредок, не уназадување, а да живееш денес како пред 3века со исти сваќања и размислување е повеќе од закоравен и заостанат во времето.Мора да се прилагодиш на времето во кое живееш т.е.адаптираш - основна човекова особина ...На пример, имаш се уште семејства каде машкото е глава во куќата, а жената ќути и трпи ќотек..Тоа е дел од традицијата на Балканот која неможе да се искорени тек така..Исто традиција во мк.се врачарите магиите гледариците...Тоа е се традиција која никако да ја надминат и израснат.Гледам девојки млади нивните мајки ги прскаат пред испит и прават некои врачарски обичаи и се занимаваат со такви ствари денес каде би требало тие глупости да се надминати.А да не зборам за традицијата да ако се роди машко е СЛАВЕЊЕ а женско е као штета што се родило па дури и ги тераат да ги арбортираат во некои села женските деца:mad:
Значи многу работи не ги поднесувам и затоа реков прогрес прифаќање на новото време а тоа е да се биде потолерантен кон другиот. Не треба да се робува на некои закоравени правила од нашите предци за кои нашите родители се избориле со нив..Да не спомнувам наместени и купени бракови итн.......Има милион примери каде традицијата мора подхитно да се искорени.
А позитивната страна на еволуцијата е фактот дека има повеќе меѓусебно разбирање и почитување на поразличниот од тебе, правата на жената за избор за својот живот е сменето и мн.други....Придобивките во денешно модерно време, во споредба со минатото се огромни за човештвото, пред се поради индивидуализмот. Тука нема коментар.
 
Значи многу работи не ги поднесувам и затоа реков прогрес прифаќање на новото време а тоа е да се биде потолерантен код другиот.Не треба да се робува на некои закоравени правила од нашите предци за кои нашите родители се избориле со нив..Да не спомнувам наместени и купени бракови итн.......Има милион примери каде традицијата мора подхитно да се искорени.
А позитивната страна на еволуцијата е фактот дека има повеќе меѓусебно разбирање и почитување на поразличниот од тебе, правата на жената за избор за својот живот е сменето и мн.други....Придобивките во денешно модерно време, во споредба со минатото се огромни за човештвото, пред се поради индивидуализмот. Тука нема коментар.
ова е за тебе традиција? Тепање жена, прскање и врачање...? Тоа е насилство и суеверие. Мојот дедо ниеднаш нема кренато рака на мојата баба, ниту тон повисил, ниту ги прскаа своите деца пред испит, а сепак живееја традиционално.
Пак да го повторам прашањето. Што конкретно ти модерно правиш што е прогрес во однос на твоите претци? Пошто си млада, за брак не те ни прашувам туку ете младешки живот - повеќе партнери одеднаш, или свингерство, занемарување на раса и вера, кои модерни нешта во твојот случај се прогрес и еволуција...
 
Што е тоа што ти смета кај луѓето кои ја негуваат традицијата, што е тоа ново што треба да се прифати и старомодно кое треба да се отфрли, во кои сфери на животот? На кој начин тебе тоа те сторило подобар човек од нив, па и од твоите претци.

Мислам дека кажав погоре, дека тоа што ми смета е тоа дека се поограничени и тешко прифаќаат нешто што не е традиционално. Како пример ќе го посочам бракот. Во Македонија е традиционално дека брак е меѓу маж и жена. Ретко кој човек што е традиционален да прифати брак меѓу 2 жени/мажи. Не викам дека ги нема тие, ама мислам дека се поретки. Тоа според мене е старомодно и дискриминирачки. Не реков дека јас сум подобар човек од оние кои ја негуваат традицијата, од каде го најде тоа? Колку си традиционален нема никаква врска со тоа каков човек си. И мене ни ми сметаат, се додека не ми се мешаат во мојот живот и не ми кажуваат што и како треба да правам. Они нека си живеат како знаат, јас ќе си живеам како знам. Ама да не прифаќаш нешто само зашто не е традиционално, за мене е глупаво. И не сакам да се дружам со луѓе кои не ме поддржуваат.
 
За мене не се однесуваше тоа, зашто ете нагласив дека сум воспитана и израсната во модерно семејство и сум се дружела и бирала луѓе слични за мене. Тоа го реков за оние кои имаат ограничен поглед, да треба да го прошират својот начин на размислување. Прогрес е напредок, не уназадување, а да живееш денес како пред 3века со исти сваќања и размислување е повеќе од закоравен и заостанат во времето.Мора да се прилагодиш на времето во кое живееш т.е.адаптираш - основна човекова особина ...На пример, имаш се уште семејства каде машкото е глава во куќата, а жената ќути и трпи ќотек..Тоа е дел од традицијата на Балканот која неможе да се искорени тек така..Исто традиција во мк.се врачарите магиите гледариците...Тоа е се традиција која никако да ја надминат и израснат.Гледам девојки млади нивните мајки ги прскаат пред испит и прават некои врачарски обичаи и се занимаваат со такви ствари денес каде би требало тие глупости да се надминати.А да не зборам за традицијата да ако се роди машко е СЛАВЕЊЕ а женско е као штета што се родило па дури и ги тераат да ги арбортираат во некои села женските деца:mad:
Значи многу работи не ги поднесувам и затоа реков прогрес прифаќање на новото време а тоа е да се биде потолерантен кон другиот. Не треба да се робува на некои закоравени правила од нашите предци за кои нашите родители се избориле со нив..Да не спомнувам наместени и купени бракови итн.......Има милион примери каде традицијата мора подхитно да се искорени.
А позитивната страна на еволуцијата е фактот дека има повеќе меѓусебно разбирање и почитување на поразличниот од тебе, правата на жената за избор за својот живот е сменето и мн.други....Придобивките во денешно модерно време, во споредба со минатото се огромни за човештвото, пред се поради индивидуализмот. Тука нема коментар.

Верувам дека малку си се збунила па еве да ти објаснам :) :

на пример традиција е маскирањето за бадник во Тетово, Струмички карневал, традиционална македонска свадба со сите адети, Галичка свадба или други настани од тој тип, значи нешто што останало од стари и се негува и ден денес со намера да се пренесе на поколенијата. Традиција може да биде начинот на прослава на различни верски празници (на пример вапцање на црвени јајца за Велигден) или пак традиција во потесна смисла може да биде семејна традиција (секој петок грав за ручек).

Традиција низ повеќе земји од светот е на пример јадење на 12 зрна грозје на новогодишната ноќ со верување дека следната година ќе им биде успешна и бериќетна или пак традиција во Америка е јадење мисирка за Thanksgiving.

Тоа е традиција, нешто што предизвикува задоволство и се пренесува од колено на колено. Тепањето на сопругата, врачари и што и да наброја, тоа не е традиција туку суеверие и здравствен проблем ако ме прашаш мене. Купување жена за пари до сега не било традиција, годинава нешто им понудија пари во Св.Николе па којзнае, може ќе прерасне во традиција :D.

Е сега верувам дека малку ти е појасно па јас би те замолила само ако можеш да ми ја објасниш твојата последна реченица или кои се придобивките во денешното време во споредба со минатото на тема традиција конкретно.
 
Мислам дека кажав погоре, дека тоа што ми смета е тоа дека се поограничени и тешко прифаќаат нешто што не е традиционално. Како пример ќе го посочам бракот. Во Македонија е традиционално дека брак е меѓу маж и жена. Ретко кој човек што е традиционален да прифати брак меѓу 2 жени/мажи. Не викам дека ги нема тие, ама мислам дека се поретки. Тоа според мене е старомодно и дискриминирачки. Не реков дека јас сум подобар човек од оние кои ја негуваат традицијата, од каде го најде тоа? Колку си традиционален нема никаква врска со тоа каков човек си. И мене ни ми сметаат, се додека не ми се мешаат во мојот живот и не ми кажуваат што и како треба да правам. Они нека си живеат како знаат, јас ќе си живеам како знам. Ама да не прифаќаш нешто само зашто не е традиционално, за мене е глупаво. И не сакам да се дружам со луѓе кои не ме поддржуваат.
Штом за тебе хомосексуализмот е модерно, тогаш мојот совет е бегајте од мода, опасно е
 
Штом за тебе хомосексуализмот е модерно, тогаш мојот совет е бегајте од мода, опасно е

Ако сакаме твој совет, ќе те прашаме ;)

П.С. Фала што ми ја докажа поентата...
 
Мислам дека кажав погоре, дека тоа што ми смета е тоа дека се поограничени и тешко прифаќаат нешто што не е традиционално. Како пример ќе го посочам бракот. Во Македонија е традиционално дека брак е меѓу маж и жена. Ретко кој човек што е традиционален да прифати брак меѓу 2 жени/мажи. Не викам дека ги нема тие, ама мислам дека се поретки. .
Во цел свет скоро е законски традиционалниот бракот меѓу маж и жена, не само кај нас. Така настанал, така се одржува и популацијата во светот, преку полови односи подоцна регулирани официјално со брак. За прифаќањето, нормално е нешто што ти пречи или сметаш дека не е така, да не го прифаќаш. И тебе сигурно ти пречат мал милион работи и по никоја цена не би ги прифатил/а. Ете конкретно не ги прифаќаш традиционалните семејства.
А хомосексуалноста во одредени периоди заедно со педофилијата (на пример стопанот да поседува момче љубовник) или башка биле традиционални нормални општествени настани, како и бракот денеска. Зошто како традиција се прекинати, не знам. Можеби од истите причини од кои се прекинати и други традиции во семејните и брачни односи.
Да не ја повторувам The Goddess пошто напиша што значи традиционално, ќе додадам и обичните традиционални дипломски екскурзии, прославите на празници ... освен хомосексуалноста (која не сметам дека е предзнак за нешто успешно, напредно или не знам што) што е друго негативно во луѓето кои го негуваат традиционалното?
 
Последно уредено:
Во цел свет скоро е законски традиционалниот бракот меѓу маж и жена, не само кај нас. Така настанал, така се одржува и популацијата во светот, преку полови односи подоцна регулирани официјално со брак. За прифаќањето, нормално е нешто што ти пречи или сметаш дека не е така, да не го прифаќаш. И тебе сигурно ти пречат мал милион работи и по никоја цена не би ги прифатил/а. Ете конкретно не ги прифаќаш традиционалните семејства, и тоа е ограниченост.
А хомосексуалноста во одредени периоди заедно со педофилијата или башка биле признаени како нормални општествени настани, како и бракот денеска. Зошто стопанот да има момче љубовник како традиција е прекинато, не знам. Можеби од истите причини од кои не е традиција стопанот да има по 2-3 жени или љубовници.
Да не ја повторувам The Goddess пошто напиша што значи традиционално ... освен хомосексуалноста (која не сметам дека е предзнак за нешто успешно, напредно или не знам што) што е негативно во традиционалното и во луѓето кои ја почитуваат традицијата?

Ај вака.
Прво и основно, не реков дека е негативно традиционалното, нити реков дека не ги прифаќам традиционалните семејства или дека нешто ми смета кај нив. Престани да ми ги извртуваш зборовите. Јас не реков дека традиционалното е лошо, реков дека е застарено и треба да се смени малку. Тоа не значи да се отфли бракот меѓу маж и жена, нити пак значи дека имам нешто против тој брак. Имам против мислењата на луѓето како тебе. Јас не ти се мешам во брак, зашто ти ми се мешаш?
Традицијата се менува малку по малку со тек на време. Така денес веќе не каменуваме луѓе, нити пак ги гориме или слично. Ако смениш или додадеш мал дел, не ја менуваш традицијата во целост, ама доволно за да напредуваш со времето.
И да, СКОРО сите земји не го прифаќаат бракот меѓу два исто пола, ама се` повеќе и повеќе се прифаќа, така да, за некое време ќе биде дел од традицијата, сакал ти или нејќел. Исто како бракот меѓу црнци и белци. А ти што не го сметаш за напредно или успешно е твој проблем. А иначе прво бил бракот па после сексуалните односи ако не се лажам. И искрено не пратам религија, ама колку што знам муслиманите и мормоните можат да имаат повеќе жени, тоа за нив е традиција, не?
А тоа што ја споредуваш хомосексуалноста со педофилијата нема да го коментирам зашто не е темава за тоа, ама иди прочитај си малку на таа тема.
Хомосексуалноста на страна, еве ти побанален пример, не фарбам црвени јајца на Велигден (нити пак станувам во ниедно време да ги фарбам) затоа што е традиција. Досадни ми се црвените јајца и сакам да екпериментирам. Тоа не значи дека ми сметаат луѓе што ги фарбаат јајцата црвени. Што сакаат нека си прават. Исто така, не ја сакам Прочка. Да идам и да барам прошка од сите постари од мене, на еден одреден ден во годината за мене е глупаво. Сите зборат за Валентајн како не треба да е единствениот ден да му покажеш љубов на некој, такво мислење имам јас за Прочка. И зашто само помалите бараат прочка од постарите? Постарите не прават грешки? Не, традиција е. И ако некој сака да чека до тој ден да побара прочка од некого, тоа е ок со мене, ама јас не сакам да го правам тоа. Доволно ти е? Или сакаш посебно да ти набројувам за секоја традиција што мислам?
Не ми е јасно што имаш против луѓето што не се традиционални. Да не постоиме ние, вие ќе си тапкате во место.
 
Традиција многу добро знам што е, култура обичаи морални вредности ритуали кои се наследуваат и практикуваат од колено на колено....Но јас најмногу се осврнав на фамилијарните односи, мене тоа ми смета најмногу во традицијата македонска..Незнам на кого би му сметало храната или обичаите или културата...
Раѓање машко дете=славење, наспроти женско=штета е традиција ! Признале вие или не ...
Купени бракови се дел од мак. традиција..
Насилтвото на жената потекнува од она патријахално традиционално НАСЛЕДЕНО од минатото, да мажот е глава на куќата и домот!.Каде мажот се прашува за се во домот и одлучува..Он е двигателот..Тоа е дел од традицијата...Непочитувањто на жената е каде каде полошо во минатото...
Јас не сакам да зборувам за убавиот дел храната и некои обичаи..Тоа е све во ред..
Го спомнав баањето и врачарството.Дали сте запознаени со какви бајачки и врачарски работи се занимавале нашите баби прабаби? Дека им баеле од уроци и што ти ја знам на децата..И знаете ли дека добивале од колено на колено книга со стихови со кои се бае..Ако не знаете не зборете..Да не зборам за магиите....Македонија е полна со вакви ОБИЧАИ и на самите прослави правеле суеверни обреди кои се претопени и во денешно време кај многу жени кои живеат во град..Така да традиција е и тоа...
Одма мислите на баници и пити и тавче гравче и галичка свадба..
Има и лоши делови не ги гледајте само позитивните обичаи...
А придобивките се огромни, слободно одлучување на жената за својот живот, еднаква е во бракот заедно со мажот одлучува за битни одлуки...
Не се слушаат родителите за со кого се стапува во брак, кога или за било каков твој личен избор во животот.
Традиција да машките деца добиваат дел од имотот а женските НИШТО е скоро па замрена..Тоа се дел од придобивките, ги има многу да не набројувам сега.....
А ако мислите да неморалот е зголемен денес. Има икс примери каде и порано се швалерисувале каде и порано раѓале туѓи деца, каде се премажувале преженувале..И порано имало ку*ви И порано имало педофили и хомосексуални...Гадуриите биле скриени позади лажен морал...Сега се само испливани на површина...
Ова го спомнав зашто гледам болна точка ви е НЕверноста на жената(неморалот) и хомосекусуалноста некогаш и денес..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom