Колку спиете?

  • Креатор на темата Креатор на темата MadA@FakA
  • Време на започнување Време на започнување
За време на распуст спијам отприлика 10 часа, но кога сум на факултет спијам многу малку, што ми создава проблеми после во текот на целиот ден.
 
У задње време, обично си легнувам околу 3-4 сабајле, секој ден. А станувам, секој ден различно. Околу 12, обично. Ама некогаш и у 1, 2. А замисли, вчера у 9 си станав. Којзнае што ме спопадна. И не знам зашто ама не се осеќам многу одморено после спиење. А обично спијам по повеќе од 8, 9 саати. Не знам што ми е...
 
За време на слободни денови Викедни / Распуст си легнувам во 3,4,5 а станувам во 8,9,10 одприлика секогаш тој термин нема промашај пред 8 или после 10 ( добро зависи ако сум :pijan: вечерта и не баш дека нема промашај али генерално е то ) и секогаш сум убаво наспан а кога сум во школо легнувам по рано накај 12,1 ...
 
Кога не сум на школо си спијам по 12 саата стандард, рекордот ми е околу 18 часа со пауза од 15тина минути пиење вода јадење на кратко нешто и одма пак легнување и кома :) :)
 
Кога не сум нашкола спијам по 12-13 некогаш поќе, а сега кога сум 2-ра смена спијам по 10 часа негде, а кога суп прва смена 7-8 часа, некогаш и помалце.
 
2ра смена конечно! Си легнувам накај 2-3-4-5 а станувам накај 7-8-9-10.
 
минимум 7 сати...мора...инаку цел ден ќе ми биде *бан
 
Си легнувам најчесто во 3 наутро, станувам во 2 попладне а понекогаш ми се случува да спијам и повеќе од 12 часа. И никаква корист од спиењето, го пропуштам најубавиот дел од денот...
 
Некогаш го имам она проклето чуство дека го преспав животот и дека не се изнагушкав доволно со сонцето денеска.
 
За да можам нормално да функционирам т.е да не се понашам како зомби ми треба најмалку 10 часа спиење а ако спијам повеќе од 12 сата ме боли глава така да минимум 10 максимум 12 часа :)
 
Си легнувам најчесто во 3 наутро, станувам во 2 попладне а понекогаш ми се случува да спијам и повеќе од 12 часа. И никаква корист од спиењето, го пропуштам најубавиот дел од денот...

Ама затоа го имаш најубавиот дел од ноќта.
 
Си легнувам во 4-5 наутро, станувам во 12-13 часот попладне (некогаш може и порано, или покасно).
Инаку, доволни ми се 7-8 часа спиење, за да можам нормално да функционирам, но и доколку спијам помалку часа, додека се расонам е тешко, а после немам гајле, не ми се спие во текот на целиот ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom