Колку сакате да сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Sakam se da sum sama..ama koga mi treba pari ili da se cisti kukata sakam ja mama do mene :) hahah
 
I really enjoy... кхм, гласот уште ми е фатен од вчера...

Озбилно, мојата приватност е моја светост. Сакам да сум сам, сам да се сакам и сакам да можам кога сакам да седнам и само себично да се дoсадувам. Секако, сјајно е сончев ден да створи сјајна средба во истата осамена соба со слатки луѓе. Сигурен сум... и секогаш несебично собирам секого... Социјализација е права ствар. Салут! :salut:
 
Работата ретко ми дозволува да бидам сама, секојдневно се судирам со различни карактери, па некогаш ми доаѓа да избегам на некоја планина и да се испразнам викајќи. Дома го користам секој момент на самотија, тогаш обожавам да медитирам , не сакам да размислувам за финансиските дупки кои ме следат или реконструкција на некоја незгодна ситуација, ,, требаше да постапам вака или се поставам онака,,. Мислете на тоа колку животот може да Ви пруж, а Вие да ја зграбите секоја можност.
 
сам (без моите дома) ама и со ееееедна личност до мене...
 
Во основа сакам да сум со друштво најчесто меѓутоа секако има некои периоди кога не ми е до муабет и сакам да бидам сам. Легнувам во мојата соба и едноставно не мислам на ништо, само се релаксирам и одмарам од се.
 
У последно време сакам сама да останувам дома и едноставно да правам што сакам и никој да не ми смета.
 
Без разлика дали се чуствувам убаво или не, друштво нема да биде на одмет
 
Целиот ден ми е исполнет со луѓе на работа и со пријатели со кои се слушам или гледам,затоа на крајот од денот сакам барем половина час да бидам сама.Тоа време ми е потребно за да не мислам на никого и на ништо,да слушам музика и да медитирам.
 
Што повеќе тоа подобро :pipi:
 
Обично сум личност која убаво се чувствува во друштво и кај мене секогаш е полно со луѓе....

Но денес навистина посакувам да сум сама на овој свет, посакувам да нема никој..... имам желба да вриштам силно, а несакам никој да ме чуе!!! Денес ме оптеретуваат сите гласови и сугестии, денес нејќам звуци, сакам да ме голтне тишината и да ме спаси....
 
Кога сум радосна сакам да го споделам тоа со сите дури и со некој со не го знам,а случајно го среќавам.
Кога сум сама тажна, нерасположена,имам некој проблем или сл. сакам да сум сама никој да не ме вознемирува само така можам тогаш да функционирам:pipi:
 
Имам секакви моменти...
Моментите на среќа и возбуда сакам да ги споделам со најблиските,да им раскажам се од точка до точка што и како било...Но имам и моменти кога со помош на гласна музика сакам сама да се изнаврескам од среќа,никој да не види и слушне зошто и како реагирам на тоа...

Моментите на незадоволство пак ги споделувам со најблиските зошто ми рекле дека се секогаш спремни да ме ислушаат па макар да е тоа и нешто лошо,како што вели изреката "Зошто служат пријателите? - Ако имаш лош ден да им го зезнеш и нивниот".Не ми пречи пред нив да плачам и да се жалам зошто сепак ми се најблиски и ја имаат моќта на убедувањето и смирувањето...А од друга страна пак,имам и моменти кога целосно сум даун и нејкам да видам никој пред очи,не ми се збори со никого и нешто се случува во мене!Тогаш размислувам во соба на глас,плачам во перница,се празнам едноставно...тоа ми е некако најдобро,кога сама ќе сфатам некој работи и кога сама ќе си се изнаплачам на раат без никој да ми каже доста прекини!!!:pipi:
 
Кога сум дома без разлика дали сум расположена или не , си седам сама у соба , не комуницирам со никој ( т.е слабо ) ..и ако случајно некој дојде кај мене во соба ( сестра ми ) , комотно си се преместувам некаде каде што ќе бидам сама.
 
Уживам во тишина затоа сакам да сум мн сам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom