Колку сакате да експериментирате со вашиот изглед?

  • Креатор на темата Креатор на темата ***РЕНАТА***
  • Време на започнување Време на започнување

Колку сакате да експериментирате со изгледот?

  • Сакам повремено да правам драстични промени.

    Гласови: 14 35,0%
  • Не сакам експерименти со изгледот.

    Гласови: 9 22,5%
  • Зависи за колкави и какви промени станува збор.

    Гласови: 17 42,5%

  • Вкупно гласачи
    40
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Дали имате потреба да правите промени во изгледот?Се заситувате ли од предолго носење иста фризура,иста боја на косата,истиот стил на облека,не ви здосадува одвреме навреме?Или си се држите на тоа што си е проверено и докажано?

Колку пати имате сменето фризури и боја на коса,колку време има поминато од последната таква промена?

Или еве на пример,треба да изгледате посебно за некоја прилика, настојувате да бидете во склад со она што мислите дека е ваш стил,или сакате да пробате нешто сосема ново и поинакво,нетипично за вас?

Колку сте храбри да експериментирате со вашиот изглед?
 
Експериментирам ретко, но драстично. На пример од долга коса до половината, ја направив до рамениците, и сега пак ја пуштам за да направам некоја нова работа.
Се заситувам од работите, но не секогаш толку брзо.
Сакам да експериментирам, доколку сум сигурна дека нема да направам утка.
 
Многу време ми треба да се одлучам на таков чекор..
последно шо сум променила кај мене беше тоа што од долга ја ишишав кратка, ден-два ми беше интересно,а после ми беше многу криво.
Фала богу фати да се враќа во нормала косава...
Со облека воопшто не експериментирам, го обелкувам она што ми се допаѓа..
 
Колку пати имате сменето фризури и боја на коса,колку време има поминато од последната таква промена?
3-4 пати иам сменето фризура...последната промена, пред месец, два...
не дека сакам да експериментирам...туку неам најдено фризура која тотално ке ми стои, а да не користам препарати за кревање на косата...ама тешко иде...

а за облекување, дефинитивно иам измешани вкусови...не носам стрикно класика/спортско/шминкерско....иам многу различни типови на облека и често ги комбинирам...
 
Не многу често го менувам изгледот , ама кога ќе го сменам најчесто е бајаги драстично и има дури и луѓе кој не ме препознаваат.
Пример порано имав подолга коса, одкога имам кратка коса многу луѓе на улица не ме препознаваат.. Ама тоа си е.
Во однос на облеката , исто како статусКво , имам измешани вкусови. Кога како , некогаш ми се случува да се облечам у „весело зелена“ боја , а некад со Cradle of Filth мајца. Се зависи од моментално расположение.
 
Ич не експериментирам:)
Ваква коса имам со години(само ко сум била мала ко печурка ме шишале:().
Ниту сум се изфарбала ни ништо.
Фуфки ми е бе!:icon_lol:

Едит:Сега ми текна шишки напрајв еднаш.
Damn...Ко Билјана Секуловска бев...:(
 
Па и не сум баш склона кон експериментирање. Плава коса имам веќе 3 - 4 години, не планирам да ја менувам, фризурата исто така ретко се случува, треба ептен да ми здосади што ретко се случува, бидејќи многу многу не се замарам со неа, стилот на облакање исто така го “негувам“ подолго време.

Сума сумарум - експерименти НЕ.
 
досега сум експериментирал премногу :), нормално најмногу со косата а и со брадата :). Ако некоја гледа слики од мене , секоја година сум различен чоек :):) ... од нормално косиче ја порастив долга (ја растев едно 3-4 години). После ме мана лошото, ја избричав глата :), па пуштив брадишта огромни :), сега па ништо екстремно casual look :)
 
Воопшто не експериментирам!
Освен косата што ми е малку подолга од нормална машка:)
Ниту пирсови, ушники, тетоважи.......шатирање, фарбање....нз што, ништо од тоа!
Како што ме направила природата таков ќе си бидам:):):):)
 
Не експериментирам со стилот и изгледот. Можеби само вметнувам нови трендови од другите земји, на пример американскиот стил ... fitted капчиња или пак кожни ракавици.
Со фризурата никогаш не сум експериметнирала, искрено задоволна сум од тоа како изгледа, не се фарбам и не правам фризури.
Инаку пирс си имам еден а наскоро ќе ставам уште. А за тетоважа ќе мислам понатаму..
 
Николку:nenene::nenene::nenene:
 
Колку и да сакам, немам срце за превземање големи чекори, не експериментирам често, ниту пак многу драстично.

Последен пат кога сменив фризура беше пред едно 2 години и не сум почуствувала потреба, не сум се заситила од мојата моментална фризура, ниту сум почувствувала монотонија за да ја сменам.Не сум ја фарбала, не сум вршела многу експерименти врз неа, but hey ако ме штракне зашо да не?

Облеката...Да, експериментирам повеќе со неа, знам да измешам повеќе стилови, комбинации, зошто овде се заситувам понекогаш од мојот изглед но секогаш се држам до нешто шо ми е неизбежно, спортскиот стил, мајци од бендови, рок детали...
 
Експериментирам по малку.
Фризури сум менувала од долга на многу кратка, па шатирана многупати во различни бои и нијанси, но сепак ја сакам долгата коса и сум рекла дека веќе нема да се шишам кратко никогаш:) За фарбање се е можно.
За гардаробата не знам сега во која смисла експерименти. Нешто да претерувам за да се издвојувам не. Но знам да бидам еден ден ептен спортски облечена а другиот ден максимално елегантна. И сакам да менувам стилови.
И некој спомна тетоважи и пирсови... сум против пирсови, а тетоважа ми е неостварена желба :pipi: Ајде можда ќе биде.
 
Каков што ме гледате на слика, така сум бил со години :) тек некоја промена, пример брада или сл. ама ништо страшно:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom