Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Репликата не е во контекст со темата.Поентата ми е дека се оди правопропорционално, и злато во средно имаш општа физика, извини ако квантната не е дел од општата/
Жена која што е хибрид, никогаш нема да посака будала крај себе, ги исклучувам матријалистките кои што сакаат стари дедиња и дебели кретени за многу пари.
Не секоја жена е вистинска жена Ивица, не секој маж е маж!
Необорлив факт е дека во историјата на човештвото, со 1000 светлосни години мажите се попаметни од жените. Според општите достигнувања на секое поле, било научно, или не знам какво. А не викам дека па жените се глупи, напротив тие имаат друга улога на светов. Тие се перфектна креација, за да мажот ко ќе види убава жена (а секоја жена има одредена убавина во нејзе) да се смени за 360 степени. А пред фактите и боговите молчат.
Ја претера со објаснување и го газиш тоа што го кажа погоре со Министерството, испадна дека ти како женско почна повеќе да филозовираш. Ама ако добро е да се види човек како размислува. Иначе за некој работи си во право, ама за ова последново ептен дека Едни без други не можеме.:smir: :smir: :smir: .Ај да те просветлим малу. (мислам дека вреди да се прочита:smir: )
Машки и женски мозок-Во што е разликата?
Мажите имаат во просек 4-5 бода повеќе од жените на тестовите за интелигенција, а жените користат поголем дел од мозокот кога размислуваат. Експериментите тврдат дека за разликата е виновна еволуцијата.
Не е тешко да го замислите следниов разговор:
ТОЈ:Извинете, како да стигнам до Министерството за култура?
ТАА:Одете со петка до главниот плоштад и свртете десно кон трговскиот центар, од далеку ќе го видите. Кога ќе стигнете до една сендвичарница, свртете лево.
ТОЈ:Значи, одам на север, па на запад, до главниот плоштад? Тоа е околу стотина метри одовде?
ТАА:Уф, не сум баш сигурна, чекајте да се ориентирам. Да, да, најверојатно тоа е северозападно од плоштадот, но не грижете се, штом ќе стигнете кај сендвичарницата од едната страна ќе видите бензинска станица, а од другата страна е Министерството.
На секој овој разговор може да му изгледа сексистички, мислејќи дека сакаме да речеме дека жените ги помнат трговските центри, а мажите се ориентираат „стручно“ според страните на светот, но целта е да се објасни дека повеќето жени забележуваат одредени точки на патот за разлика од мажите кои не обрнуваат внимание на деталите од патот. И едното и другото е во ред, но овие два света тешко се разбираат. И мажите и жените често се прашуваат зошто се јавуваат проблеми во комуникацијата и кој е виновен за тоа. Зошто некој не разбира толку едноставни упатства? Зошто некому му кажувате едно, а тој ве разбрал и направил нешто сосема спротивно?
Виновна е еволуцијата
Одговорите се едноставни и јасни, иако во реалноста не изгледаат секогаш така. Многу истражувања ги докажале значајните разлики во функционирање меѓу машкиот и женскиот мозок.
Експертите за „сивата материја“ тврдат дека за разликата е виновна еволуцијата. Двата пола имаат различни улоги во зачувување на видот. Во далечното минато на човештвото мажите ловеле, а жените чувале деца и уште од тогаш мажите подобро се снаоѓале во просторот отколку жените. Кај секој пол се развиле оние делови од мозокот кои им требале за активноста што ја извршувале низ вековите.
Во еволуциска смисла, развивањето на навигациските способности кај мажите подобро ги подготвило за на лов, а снаоѓањето според ознаките на земјата на жените им овозможило да бидат подобри собирачи на храна на помал простор.
Заклучокот е дека и мажите и жените може да избршуваат исти нешта, но тоа го прават на различни начини. И другите разлики може слично да се објаснат: мажите се пресметувале со сила, а телесно слабите жени морале да развијат вештини на убедување, преговарање и слични денес многу ценети карактеристики.
Разлики од раѓање
Разликите меѓу мозокот на мажите и жените се формираат уште при раѓањето. Кај машките новороденчиња се развиени делови од мозокот задолжени за простор, а кај женските новороденчиња супериорни се областите задолжени за говор. Пред да заклучите дека никогаш нема меѓусебно да се разбереме, треба да знаете дека денес разликите меѓу половите се намалуваат, но се зголемуваат разликите меѓу различни групи луѓе.
Женскиот мозок работи на повисока температура
Разликите меѓу машкиот и женскоит мозок можеби се најочигледни во вицовите и во шегите на сметка на половите. Но, фактите остануваат-Не сме исти и мозоците ни се различни, а и поинаку функционираат.
-Факт е дека машкиот мозок е поголем, но со текот на годините се намалува побргу од женскиот.
-Женскиот мозок „работи“ на повисока температура поради тоа што согорува поголеми количества гликоза.
-Жените користат поголем дел од мозокот кога размислуваат.
-Машкиот мозок користи околу 6,5 пати повеќе сива материја за општа интелигенција, а женскиот користи само 10 пати повеќе бела маса за општа интелигенција. Токму поради ова мажите побргу напредуваат во математика, а жените во областа на јазиците.
-Мажите имаат во просек 4-5 повеќе бода од жените на тестовите за интелигенција.
-Просечен маж ќе помисли на секс еднаш во минута, а просечна жена еднаш или два пати дневно.
-Зошто жените секогаш сакаат да разговараат? Научниците велат дека разговорот во женскиот мозок го поттикнува центарот што дава задоволство од кој поголемо уживање дава само оргазмот.
-Откриено е дека женските бебиња посилно реагираат на вознемирувачки звуци од машките бебиња.
-Прегратката која трае 20-ина секунди во женскиот мозок поттикнува создавање окситоцин, материја која често кај жените поттикнува чувство на доверба во личноста што ја гушка.
-Мажите во текот на денот користат помалку зборови од жените. Разликата во бројот на зборои се движи од 1.000 до 10.000 зборови на ден. :nesvest:
Но, наместо да се убедуваме кој е подобар и да се мачиме со прашањата зошто не се разбираме, далеку помудро е да научиме да го користиме сето она во кое сме вешти и да го подобриме она што не ни оди добро. И едните и другите имаме иста цел - добро да се сложуваме и да си го разубавиме заедничкиот живот. :smir:
Што се однесува на темата, знаеме дека некои мажи сакаат паметни жени, а некои сакаат помалку паметни жени, да не речам глупави, за да можат да си ги врткаат како они сакаат. А истото важи и за жените и тие сакаат паметни мажи на кои можат да се потпрат, а некои сакаат помалку паметни, за да можат да управуваат со нив.
А ова мислам дека на сите ни е јасно:
Едни без други не можеме, ни вие мажите без нас, ни ние без вас!
Поздрав :smir:
Шенка Колозова кажа една добра работа за ситуацијата на жените во земјава:"Ако има голема карпа пред нас,дозволими да се обидам да ја кренам,не ми викај однапред,неможеш.Сакам да се обидам да ја подигнам иако е десетпати потешка од мене."
Истата таа кога беше царица побара од царот како што имало судии да има и судики т.е анамите да влезеле во царштината и царштинските работи. Царот брадест (R.I.P) и даде едно ковчеже на кое што залепи влакно и и рече 3 дена да не го отвора па ќе пуштел аманет за нејзиното побарување. Е арно ама не издржа срце девојачко та мораше да опули што имало во ковчегот. Нормално влакното падна и царот ја фати сетне. Е жени, жени, краток ум долги коси-завршен цитат кралски.
Друго беше поентата на Сусаро. До сега еден куп девојки кажаа што е прав маж и секоја си има своја дефиницја, но не најдов едно машко да каже е ова е вистинска жена...или вистинска жена ова и ова работи.Важно и дозволил да се обиде.Тоа е поентата на рамноправноста и еднаквоста.Она можеби ќе ја подигне карпата,она можеби нема да го отвори ковчегот,значи постои можеби.Мажот кој ќе дозволи и нема однапред да пресуди е маж,жената која ќе се обиде е жена,овој однос е главен за да ги сруши сите шовинистичко-феминистички гледишта.
Друго беше поентата на Сусаро. До сега еден куп девојки кажаа што е прав маж и секоја си има своја дефиницја, но не најдов едно машко да каже е ова е вистинска жена...или вистинска жена ова и ова работи.
Муабетот е дека жена не е за царштинските работи...т.е водење држави и такви озбилни работи.
пиес: вистинска жена е таа што ...не сере на секој две секунди за каков треба да е мажот и што он треба да прави![]()
Истата таа кога беше царица побара од царот како што имало судии да има и судики т.е анамите да влезеле во царштината и царштинските работи. Царот брадест (R.I.P) и даде едно ковчеже на кое што залепи влакно и и рече 3 дена да не го отвора па ќе пуштел аманет за нејзиното побарување. Е арно ама не издржа срце девојачко та мораше да опули што имало во ковчегот. Нормално влакното падна и царот ја фати сетне. Е жени, жени, краток ум долги коси-завршен цитат кралски.