Колку километри најмногу сте патувале до работа и колку би толерирале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Borcheee
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам дека повекето сте работиле временно по много километри. Ама не ви ли е скап бензинот? И мислите ли дека си струва?
Мислам дека бензинот е 90-97 денари литар
 
Највеќе по 15км у еден правец дневно. Моментално 10, од кои понекогаш 3км ги идам и пешки :)
 
Некогаш порано, 30 и нешто км. во еден правец - само летно време 2,3 месеци.
 
За време на мојот престој во Америка, патував повеќе од 20 километри за да стигнам на работа.
Тука, сум патувала 4,5 км, и ако се земе во предвид метежот на улиците, тоа ми било премногу изгубено време, повеќе од тоа што сум сакала да го оддвојам за работа, непродуктивно време. Решението беше отказ, после скоро 4 години.
Сега најголемата дестинација ми е од кревет да се преместам на биро- my dream job! :love:
 
Тетово-Скопје.
Излегувам од дома саат и пол пред да ми почне работното време. Си доаѓам дома саат и пол по истекот на работното време.
 
Да би имал добра работа со одлични услови би патувал до друг град, макар тоа да е и авионски. Моментално работам на околу 4 км од дома кои ги одам пешки. Факултетот ми е околу 60 км во еден правец од дома и воопшто не ми смета.
 
Патувам со метро околу 30 тина минути плус 10 пешачење :) за 15 km .
 
Ај ај не се жалете .... Грујо сега ќе ви среди автопати ..... Коце да изгради само подземницава шо ќе оди под Вардар реката,ќе се спрема за Транвај низ цело Скопје ..... :) има планови и за метро :D
 
12 години по 40 км во еден правец ! Уште ајде да е со едно превозно средство а тогаш беше пола саат со градски , уште 40 мин со меѓуградски !
Кај ви текна ваква тема , баш подзаборавив !
 
Три пати неделно возам по 150км до работа и назад.
За некој е многу за некој малку. Кога ке ми здосади одам со воз.
 
Истина ли е дека во Македонија патувате многу како во Америка? :O
Не е вистина. Дечиштава си лажат - демек као америка сме биле ние.

Скопје е исто како Софија - обично од 0 до 5-6 км патуваш до работа.
 
Секој ден околу 10/12 километри во еден правец со автобус и здосадено ми е веќе. А посебно насабајле и во шпицот попладне , 45 минути ми треба до дома да стигнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom