Колку километри најмногу сте патувале до работа и колку би толерирале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Borcheee
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 февруари 2014
Мислења
50
Поени од реакции
23
Возраст
33
Имам познати во Германија и Америка . Еден Германија патува по 60 километри на ден до работа. И вели дека таму тоа е нормално.А мој близок роднина работи во Тампа и патува по 85 километри до работа , што му трае околу 40-45 минути на ден. ( Таму патиштата им се убави и овозможуваат лесно да со земаат големи растојанија ) .Вие можете ли воделе таков европски или американски живот во Македонија ? Прашувам , бидејќи кога разговарам со мој блиски тука во Бугарија , на сите им се гледа страшно и ако работат на повеќе од 5 километри од дома. Тука , барем во Софија , сите живеат близу до работа , па дури и одбиваат работно место , ако не е блиску до нивниот дом , иако во Софија има само - екстензии добар транспорт и помалку метеж во последните години , бидејќи фиксни водештите булевари .

Та , вие бивте ли патувале толку многу до работа?

Молам модераторите да не ме банват , затоа , пак повторувам , не сум тука за да трол .
 
Кај нас тоа си е нормално, пример од Велес има бајги луѓе што секојдневно одат до Скопје на работа, а тоа ти е некои си 55 километри или 40-45 минути возење..
 
80 километри во еден правец, секој ден, перод од можеби година дена
ПС
не во Америка - во Македонија
 
15км во еден правец. Проблемот е во гужвите, пошо сите тогаш одат на работа. А ваму кај шо сум, ако пишит 60 - тој возит 35. Е до толку се роботизирани.
 
Истина ли е дека во Македонија патувате многу како во Америка? :O
 
Истина ли е дека во Македонија патувате многу како во Америка? :O
...

Апсурдно е барем во Прилеп, многумина патуваат во околните села и градчиња како М. Брод поради вработување на кадри од типот на психолози, педагози и даскали. За во Скопје не верувам дека некој ќе патува, ќе си изнајми станче и чао пријатно, и онака толку чекаат. :)
 
Кај нас тоа си е нормално, пример од Велес има бајги луѓе што секојдневно одат до Скопје на работа, а тоа ти е некои си 55 километри или 40-45 минути возење..
40-45 ама ако патуваш со кола. А со воз цел саат. Башка ако живееш во Превалец а одиш со комбе, и ако ти е работата во Карпош пак и во Скопје градски автобус. Колку време ќе те фати?
 
Секојдневно саат со воз во еден правец, 80км, веќе 4 години. Но често работата ме носи и низ европа така да еве пред 4 дена бев во една држава, денес сум во друга, за 2 дена трета, следната недела уште две...
Ако до г'с нема работа и те како ќе патуваш до најблиската ;)
 
Гледам дека повекето сте работиле временно по много километри. Ама не ви ли е скап бензинот? И мислите ли дека си струва?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom