Колку им судите на другите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не судам,јас коментирам :)
Не озбилно,секој си има право на свој живот исто како што јас имам право на мој и у мојот можам да осудувам и коментирам и оговарам или каква и да е друга варијација од занаетов да правам.И сите што велат дека не осудуваат,осудувањето е лошо или што ти знам какво,со самото тоа ги осудуваат тие што осудуваат и така и тие се осудувачи(реченицава :icon_lol:)
Значи,пак ќе кажам,секој си има право на свој живот и свои постапки,потполно се согласувам,ама како можам да се воздржам кога некои постапки од истиот тој нечив живот се толку...глупави?:)
Не значи дека ако секој има право на свои постапки јас морам да ги почитувам/се согласам со нив само затоа што не се моја работа и дека не смеам да имам право да ги коментирам.Јас ќе речам дека се глупави,некој друг ќе ме демантира,некој ќе се согласи,некој ќе ги повтори глупостите,и така иде животот :)
А па што е па до толку лошо веќе некој ако те осудува?Секое чудо за три дена,па така и тоа.Они нека осудуваат,тебе ако ти е арно не ги слушај.
 
Мразам оговарања. Кога ќе видам некој оговара се тргам настрана бидејќи не сакам да слушам за туѓи животи и да лечам комплекси со тоа...

браво за одговорот многу се поштује

кога само повекето би го правеле ова

никого не судам нити оговарам нити пак му зборам нешто лошо

едноставно не им се мешам у нивниот живот ....
 
Вплеткувањето во приватноста на другите проследено со давање на секакви судови и коментари е нешто што доста не оддалечува од културниот свет....
Во нашава ни Македонија секој си зема за право да му суди за постапките на другиот....Се вплеткуваат во приватниот живот, сакаат се да знаат за својот комшија,роднина,пријател и сл. и на крај што е најсрашното го осудуваат за постапките (без разлика позитивни или негативни).
Мислам тоа веќе е длабоко навлезено во нашиов менталитет и сметам дека ќе ни треба доста време да се избориме барем малку да наликуваме на останатиот свет...
Што мислите за давањето судови на другите, како реагирате кога ги слушате и колку сте склони на некому да му судите?


За жал е така многу луѓе им судат на другите и им се мешаат во приватноста. Јас никогаш нејкам да се мешам во туѓ живот може на некој мој близок да му кажам што мислам и зошто не се сложувам со него но да му се мешам и да му кажувам што да право не можам
 
Не судам, знам да отворам очи со добар муабет.
Секоја ситуација која јас ја сметам за некоректна не мора да значи дека и секоја личност ја гледа по тој начин.Едноставно, различни битиа, различен пристап кон нештата, различно вреднување, расудување, начин на размислување....Според тоа секој има право да го креира својот живот на начинот на кој тој мисли дека е правилно, додека останатите можеме само да упатиме критика и совет.
 
Ниту судам ниту сакам да ми судат ниту сум компетентен да судам ниту некој е компетентен да ми суди што го казува и мојот натпис.позз:smir:

Ниту судам ниту сакам да ми судат ниту сум компетентен да судам ниту е некој компетентен да ми суди што го кажува мојот натпис.ај позз:smir:
 
Се обидувам колку што е можно помалце да судам, затоа што знам како е некој друг да ти суди,а посебно ако не те познава личноста.Можеби повеќе судам постапки на одредени личности отколку самата личност, но во секој случај се трудам да не го судам тоа зошто сепак тоа е негов живот, и нема што јас или било кој да се меша во тоа.Можам само да искоменитрам нечија постапка како што кажав која мене лично не ми се допаѓа...но во секој слушај
Never judge a person untill you walk in his shoes..:helou:
 
Ма кој што сака нека прави, не ме занима, се` додека не ми се меша во мојот живот. Земи да чепкаш таму и си наебал.
 
За да им судам на другите треба се да ми е мене погодено,се како што треба,мојов живот да биде речиси совршен.И камо среќа да беше така,али реалноста вели поинаку.

Не им судам.Понекогаш имам спротивно мислење од нивното,не ми се допаѓаат некои нивни постапки,но имам сватено дека секој си е газда на сопствениот живот и има право да си го живее само така како што си сака.

А и не знам дали би било попаметно сите луѓе да имаме апсолутно идентичен начин на размислување.
 
Јас не сум никој и ништо за да судам а најмалку господ можам само да кажам шо ми лежи на срце и да му го кажам моето мислење и да го натерам да размислува подруго и да свати кај греши а за судење има судови :pos2: а и божји суд фала богу.
 
ич. а не ни реагирам на такви ствари :baeh:
 
кратко и јасно
како што не сакам мене да ми судат, така не сакам и јас да судам
 
не ме интерсира другите што прават јас си гледам мене да ми е убаво па мислам дека сите луге се способно сами да одлучат шо е најдобро за нив
 
Porano mn gi osuduvav lugeto poradi toa so nekoj mi kazal nesto so mene ne mi se svigalo za niv, no ja nauciv taa lekcija... koj so da mi kazuva za drug dodeka ne go zapoznaam jas i ne sozdadam moe sopstveno mislenje za licnosta ne go osuduvam, a probuvam i da ne go kritikuvam samo poradi toa so ne mi se bendisal nadvoresno:toe:
 
Јас не судам на никој,толерантна сум.Секој има право на свое мислење и однесување.Се додека нештото не ме погодува лично мене,немам проблем со тоа и не се мешам и не осудувам.
 
Вака пред компјутер по 20 саата поима немам што се случува околу мене.Не сум многу во тек со настаните во маало и на другите познати места а и тоа што ќе го дознаам е од случајни минувачи покрај компјутеров што правеле муабет или што ми пишале другарки нешто.
А сега и да дефинираме суд.
За скоро се што ќе чујам имам свое мислење па сега ако тоа може да се нарече суд....
Не можам да му кажам на некој како да се однесува или што да прави но и не можам да не мислам ништо за некоја ситуација.Моето мислење ќњ го кажам ако ме прашаат за тоа но и тоа не би било некаков суд.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom