Колку игрите се добри по нашето здравје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord 2
  • Време на започнување Време на започнување
Syberia и Still Life се MMORPG?

Не бе, кој кажа такво нешто. Од MMORPG ептен многу ке ти се развие мозокот... ке ти стане навика да грииииииндаш по цел ден во некоја продавница. :)
 
Дали се добри по нашето здравје? Не, ама не се ни штетни.

Дали може да се научи нешто од нив? И те како.. како мал, само од една игра научив основен англиски, напредна географија/картографија и брзо решавање (на памет) на задачи со основни математички операции. До ден денес ми е во листата на најомилени/најдобри игри, и се вика Uncharted Waters: New Horizons.
 
Educational Games... Where have they gone?
 
Во реалност можеш многу покреативни работи да правиш. Повеќе слобода = повеќе креативност, така? (Твојата теорија)

Туше!

Епа ако не ги мешаш ќе видиш дека јас прашав кои се тие НОВИ монитори, а не кои монитори се подобри за очи. Знам дека LCD се подобри за очи, но не беше тоа прашањето.

Не ги мешам, само ти посочив дека оној(незнам кој беше) што кажа "НОВИТЕ монитори", најверојатно мислеше на LCD.

Се осеќа разликата, но дали таа разлика стварно штети, или те нервира затоа што не Refresh-ува толку брзо, па од пуста нервоза се заморуваш.

Научно докажано + репутабилен доктор ми има кажано + никогаш не се нервирам коа играм игри, така да болките не ми биле од нервоза. Господ здравје да им дае на оние што ги измислиле LCD-ејките и од скоро веќе OLED-ките.

Постигнуваат тие што прават игри, а не тие што ги играат. Убаво се изрази LaVista. Тие што прават игри не седеле само пред компјутер и играле, туку учеле за тоа, работеле на тоа.

А тие што прават игри, како почнале? Неможеш ти да си гејм девелопер а да немаш ич гејмерско искуство позади тебе, ке ти пропадне проектот одма. Муабетот ми е дека треба да идеш подалеку од само играње игри, и ако стварно ти е тоа животна желба, да се вклучиш во гејминг индустријата. Еве на пример за почеток како тестер или гејммастер, тие се најлесни за влез, од тебе бараат само да имаш пасија за играње игри и памет у глаа.

Истиот принцип, треба да си добро начитан за да напишеш книга, или да си глеал миљарда филмови за да направиш свој, или со музиката исто. Набивање искуство. Ништо не е за џабе, ама ти одлучуваш како и дали ке го искористиш тоа.
 
Не бе, кој кажа такво нешто. Од MMORPG ептен многу ке ти се развие мозокот... ке ти стане навика да грииииииндаш по цел ден во некоја продавница. :)

Епа муабетот беше дека MMORPG ти развивало логика. Нормално дека постојат логички игри.

Епа ако е така тогаш креативност помалку ти се развива при играње компјутерски игри него ли други работи во реалност што можеш да ги правиш.

Не ги мешам, само ти посочив дека оној(незнам кој беше) што кажа "НОВИТЕ монитори", најверојатно мислеше на LCD.

Знам на што мислел, но како за промена нека бидат по конкретни во своите постови. Го пишуваш своето мислење, имаш време да размислиш што да напишеш, а не првото што ќе ти пројде низ глава.

А тие што прават игри, како почнале? Неможеш ти да си гејм девелопер а да немаш ич гејмерско искуство позади тебе, ке ти пропадне проектот одма. Муабетот ми е дека треба да идеш подалеку од само играње игри, и ако стварно ти е тоа животна желба, да се вклучиш во гејминг индустријата. Еве на пример за почеток како тестер или гејммастер, тие се најлесни за влез, од тебе бараат само да имаш пасија за играње игри и памет у глаа.

Истиот принцип, треба да си добро начитан за да напишеш книга, или да си глеал миљарда филмови за да направиш свој, или со музиката исто. Набивање искуство. Ништо не е за џабе, ама ти одлучуваш како и дали ке го искористиш тоа.

Колкав процент од луѓе што играат игри станале Game Developeri, ај кажи ми?
А гледам колку искуство собрале, сега ќе се надоврзам за креативноста: 90% од игрите се ИСТИ. Пример (Измислувам): Типот играл Diablo за да направи Loki. WOW колку он тоа искуство собрал. Точно е дека треба да видиш прво за некои работи од твое подрачје за да знаеш што да направиш, ама не да копираш, а денес скоро сите таканаречени "уметници" се ништо повеќе од плагијатори. Само ги нашминкале претходно направените уметности.
 
Во Кина е формирана Асоцијација која ќе ги надгледува и контролира зависниците на игри и го лимитираат нивното потрошувачко време на игри, бидејќи тотално се откажуваат од нивниот социјален живот....
Грозен пример се двајцата родители кои играјќи ја деноноќно играта WOW заборавиле да го нахранат нивното девојче, кое умрело од глад...
 
Баталив Гејминг, играм само онлајн билијард од време на време...Има разни типови на игри...Игри што ќе ти го развијат мозокот, ама и такви што ќе те опупат. Да си Game Developer денес, и да те бива ќе праиш кеш...
 
За кеш... не баш. Ако не напредуваш многу брзо, и ако не си во мозност да отвориш независно студио, тешка работа. Повеке од 50% (зависи од сопствениците) од развивачите ја губат работата по завршениот проект. Најдобро е да имаш приватно (независно) студио, ако тимот е добар, многу пари може да се збират. Но ако шеташ од студио во студио (иако платата е феноменална), тешко дека ке си многу задоволен од сопствениците на студијата... пример EA, да не почнуваме со тоа колку студија имат купено само за една игра и после ги затварат), што те врака повторно на нула (да бараш работа).
 
Дали аутистични деца смеат да играат игри и ако смеат какви ??? Обично тие имаат послаба моторика а и се нервираат, башка многу деца не прифаќаат пораз во игра, НЕ само аутистичните !!!
Има ли некој стручен веб сајт околу таа проблематика ??
 
Sonic
 
Секој втор инвејдер во елден ринг.
Или под А) пробува некој штос со комбинации на напади и магии да те фати незгодно за брза победа
или под Б) бега ко пизда и се крие позади јаќи непријатели
 
  • Хаха
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom