Колку игрите се добри по нашето здравје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord 2
  • Време на започнување Време на започнување
Ни малку не се добри по моето здравје. Ич, ич, ич !

Ама, баш ми е гајле ... Си играм ја, и ќе продолжам да си играм ... (:

А сеа глеам зборите за WoW, само тоа срање не сум го играл.
Зашто ми изглеа како зараза тешка, а имав ја едно такво искуство со Conquer, па тогаш буквално не праев ништо и не идев нигде - САМО ИГРАВ. И тоа не беше кул, пропаднав во сите сфери на животот. :/

Ама, како - така се откажав од таа срање игра ... И сеа среќно си го живеам животот. :)
 
But that is just you. (No offense)

Секој може да си го каже своето мислење.

Забранив на некој да даде свое мислење? ja само спомнав дека вов е сјебана работа шо ти расипува психата

Па не е WoW единствената игра на светот... има многу игри кои не се толку заразни а сепак се интересни и возбудливи.

Сори, мислев уште збориме за вов, ама каква сака игра да е, 12 часа дневно не и посветувам . ..


ин енд аут.
 
Сори, мислев уште збориме за вов, ама каква сака игра да е, 12 часа дневно не и посветувам . ..
ин енд аут.

Тука се сложувам и јас ... каква сака нека е не ја играм толку долго време ...
 
WoW заразна?? сварно? добро, 2 карактери ги кренав до 12 левел и толку беше од мене. од декември неам пуштено(ниту мислам пошто на тешко срање ми личеше)
сега на ред за играње ми се Ассассино :) Кризис и една The Witcher

ај сеа он топик: за здравјето ја само едно приметив: 8 години пред монитор 30+ сати просек неделата, сега пред 5 дена ваѓав лекарско уверение за возачка и очно ми изваде 10-10 :) едина мана (ако сакаш така да ја викаш) ми е што имам сам приментено е следново: не забележувам разлика меѓу 60 и 85 Hz refresh rate на монитор. сите се жалат ги замарало ако е на понизок рејт, ја не ни приметувам ниту пак некогаш ми пречело..
 
Незнам за тоа колку се штетни за здравјето, само знам дека ти го трошат времето од животот. Рачунаш да играш во просек 6 саати на ден, тоа ти е четвртина од ден. Да го правиш тоа секој ден, тогаш приближно четвртина од живот си поминал со компјутерски игри.

а ако се игра MMORPG се развива логика а и во играта има и дружење.
FPS игрите го ја подобруваат можноста за забележување детали.
Премногу играње игри сепак не е најдобро но играње не и ни штетно.

Каде жити се ја гледаш логиката во "ако се игра MMORPG се развива логика"?
И жити се кое подобрување на забележување детали во FPS игри. Буљаш во мал монитор т.е. некои 10% до 20% од целото видно поле што твоите очи го имаат.

Горанчо... новите монитори НЕ го ослабнуваат видот. Така се направени да немаат зрачење. Дури и кога ме боли глава, седнувам на компјутер и ми проаѓа (=

Дефинирај ми кои се тие НОВИ монитори?

Јас играм WoW веке 2 години но сепак уште не сум заборавил да излегувам навечер, да одам на кафе со другари и другарки, скоро секој петок и сабота се правам "ЛЕТВА". Но пак си ја играм играта (во последно време само за Raid или малце Arena). Вака ако терам нема за што да се секирам.

Не е проблемот во излагањето туку дали имаш време да учиш или сработиш нешто друго?

Значи научно е докажано дека игрите не го расипуваат видот,но сигурно од 10 саати играње на компјутер нема да ви се подобри :)

Ако можеш стави линк од тоа каде си прочитал дека е научно докажано. А ако е можно и кажи ми кои се тие научници кои го докажале тоа.

па сум читал дека играње игри со многу добра графика т.е. резолуција го изострува видот т.е. подобрува ... но тоа не е причина + да се игра повеќе :) ... сепак единствено што презирам е играње на глупата игра WOW

Леле, луѓе каде жити се ги читате овие работи. Како е можно РЕЗОЛУЦИЈА и МНОГУ ДОБРА ГРАФИКА да ти изостри вид?

Секако дека нема да го ни го подобрат здравјето, но го прават слободното време поинтересно :)

Па за тоа и се игрите. Да те занимаваат во слободно време.

не забележувам разлика меѓу 60 и 85 Hz refresh rate на монитор. сите се жалат ги замарало ако е на понизок рејт, ја не ни приметувам ниту пак некогаш ми пречело..

Па нема ни да забележиш. Другите психички ги замара понизок рејт не поради тоа што е на понизок рејт, туку поради помислата дека им е на понизок рејт. Чисто психичко замарање. Се среќава во секакви ситуации.
 
Незнам за тоа колку се штетни за здравјето, само знам дека ти го трошат времето од животот. Рачунаш да играш во просек 6 саати на ден, тоа ти е четвртина од ден. Да го правиш тоа секој ден, тогаш приближно четвртина од живот си поминал со компјутерски игри.

Заебана работа, после ке нема што да им раскажуваш на внуците.

Каде жити се ја гледаш логиката во "ако се игра MMORPG се развива логика"?
И жити се кое подобрување на забележување детали во FPS игри. Буљаш во мал монитор т.е. некои 10% до 20% од целото видно поле што твоите очи го имаат.

Не само ММОРПГ, сите игри ја развиваат логиката и креативноста, и ако не си US/UK ти го развиваат и англискиот

Дефинирај ми кои се тие НОВИ монитори?

ЛЦД мониторите не ги теретат очите....

Не е проблемот во излагањето туку дали имаш време да учиш или сработиш нешто друго?

Ммм ради игрите страдаат другите обврски...

Ако можеш стави линк од тоа каде си прочитал дека е научно докажано. А ако е можно и кажи ми кои се тие научници кои го докажале тоа.

Не е битно дали е научно докажано или не, верувајте ако сакате.

Леле, луѓе каде жити се ги читате овие работи. Како е можно РЕЗОЛУЦИЈА и МНОГУ ДОБРА ГРАФИКА да ти изостри вид?

Не изострува вид, туку повисоката резолуција е попријатна за очите, а тоа со графиката се сложувам, стварно нема врска

Па за тоа и се игрите. Да те занимаваат во слободно време.

Јеп, хоби, занимација, а не животна окупација.

Па нема ни да забележиш. Другите психички ги замара понизок рејт не поради тоа што е на понизок рејт, туку поради помислата дека им е на понизок рејт. Чисто психичко замарање. Се среќава во секакви ситуации.

Па не баш, стварно удира на очи.

Phew!:smir:
 
Заебана работа, после ке нема што да им раскажуваш на внуците.

Ќе им раскажуваш како си војувал со орки и какви магии си можел да правиш.

Не само ММОРПГ, сите игри ја развиваат логиката и креативноста, и ако не си US/UK ти го развиваат и англискиот

Не би рекол, освен за Pen & Paper игри. Како може игра со веќе даден свет, приказна и ликови да ти развије креативност, а поготово логика? Англискиот се развива да, ама само десетина време од тоа потрошено за играње да го посветиш на учење на англиски од книга, ќе научиш многу повеќе. Освен евентуално што ќе ти се збогати речникот со зборови кои што во реалност па и нема да ти користат многу многу.

ЛЦД мониторите не ги теретат очите....

Нов Монитор: Монитор кој што е произведен во скоро време.
Не мешајте нов монитор со LCD монитор. Сеуште се произведуваат CRT монитори. LCD мониторите веќе 20 години постојат. Само во послеедните години им е падната нагло цената.

Па не баш, стварно удира на очи.

Каква врска има брзина на обновување на податоци на екранот со заморување на очите? Освен таа линијата што ти врти, мада таа не ни постои на 60 и 85 Hz.
 
Ќе им раскажуваш како си војувал со орки и какви магии си можел да правиш.

И внуците ке се скинат од смеење...освен ако и они не се исти.

Не би рекол, освен за Pen & Paper игри. Како може игра со веќе даден свет, приказна и ликови да ти развије креативност, а поготово логика? Англискиот се развива да, ама само десетина време од тоа потрошено за играње да го посветиш на учење на англиски од книга, ќе научиш многу повеќе. Освен евентуално што ќе ти се збогати речникот со зборови кои што во реалност па и нема да ти користат многу многу.

Дадена ти е слобода да праиш скоро се што сакаш, јас на пример можам од досадна ситуација да направам нешто интересно, како на пример да си го облечам тролот во невестински фустан и да им се удварам на поповите у Scarlet Monastery, дур остатокот од групата паѓа од смеење, или на Crysis да фатам Кореанец за гуша и да го влечкам низ цело ниво........

А асалните RPG игри си имаат културен речник од кој можеш многу убаво да си научиш англиски (не зборам тука за Диабло и слични глупости, туку за игри од FF калибар)

Нов Монитор: Монитор кој што е произведен во скоро време.
Не мешајте нов монитор со LCD монитор. Сеуште се произведуваат CRT монитори. LCD мониторите веќе 20 години постојат. Само во послеедните години им е падната нагло цената.

Воопшто не ги мешам, модератор сум на хардвер, и многу добро ја знам разликата и плус имам многу осетливи и факт-ап очи, така да со сигурност можам да потврдам дека откако си купив LCD, веќе не ме болат очи и глава, а диоптерот ми се поправи за 0.25(малце е ама има напредок)

Каква врска има брзина на обновување на податоци на екранот со заморување на очите? Освен таа линијата што ти врти, мада таа не ни постои на 60 и 85 Hz.

Има голема врска, но не кај секој човек, јас на пример сум премногу осетлив на овие работи и ептен лесно ја приметувам разликата дури и во инкременти од 5 херци. Мајка ми на пример воопшто не осеќаше разлика меѓу 59-60(ТВ) и мојот стар ЦРТ(75)

Исто и за фпс, бидејќи сум закоравен конзолаш, неможам да трпам некоја игра да вози под 50-60 фпс, ми врши тортура.
 
Леле , луѓе каде жити се ги читате овие работи. Како е можно РЕЗОЛУЦИЈА и МНОГУ ДОБРА ГРАФИКА да ти изостри вид?

а како може луѓето да одат на Месечината ? :raz: Како може мразот да е проѕирен а снегот бел ? :raz: Како може сите шампони да имаат различна боја а иста бела пења ? :raz:


тоа си е докажано нема што тука да збориш ... прецизната графика и добрата резулуција се многу попријатни за очите отколку замаглени површини кај што ќе те заболат очите доколку зјапаш во нив
 
Оххххх бреее.....

Не ти го изострува видот, ти ја зголемува концентрацијата, затоа подобро забележуваш некои работи.

Дали ке им расправаш на внуците CS или WoW како си играл, или како си се глупирал во паркот по цели денови, тоа зависи од самиот човек, не може да се каже ако играш игри или ке си таков или ваков.

За фреквенцијата, има голема разлика. Тоа зависи од очите на секој човек. Јас забележувам голема промена на дисплејот при промена на Hz. Лесно поднесувам 60 и 80 Hz но не можам 65,70,75... Незнам зошто така.

За логиката, најнормално ти се развива, исто како и кога решаваш математички задачи... Сега не велам за Бубле Бубле, туку за некои игри кои стварно ти го чепкат мозокот. Пр... Syberia, Still Life.......

И доста толку... мислам.. :)
 
Немат никакво значење игрите, немам слушнато човек да постигне нешто играјки игри. Али добри се за тепање време, е сеа зависи од човекот што ќе прави во слободно време, дали ќе го помине надвор или ќе игра игри.
 
Немат никакво значење игрите, немам слушнато човек да постигне нешто играјки игри.

Не бе не, затоа гејминг индустријата е меѓу најпрофитабилните во светот, и оние кои што работат со игри имаат огромни плати. Не бе, не се постигнува ништо! (сарказам)
 
Ама баш ич не е изплатливо да си game developer. Многу малку пари.... За 2007 година, просекот на плата на развивачите, во Америка (само во Америка, и да не ги сметаме независните развивачи и оние што имат плата помала од 10000$ и поголема од 200000$) изнесува 75630$. Е сега размисли дали не може ништо да постигнеш.

Прашај ги Мајк и Френк од Blizzard колку пари зимат. :)
 
Не бе не, затоа гејминг индустријата е меѓу најпрофитабилните во светот, и оние кои што работат со игри имаат огромни плати. Не бе, не се постигнува ништо! (сарказам)

Велам за тие што седат дома и играат игри... не за тие што професија им е да прават игри и да ги продаваат.
 
Дадена ти е слобода да праиш скоро се што сакаш, јас на пример можам од досадна ситуација да направам нешто интересно, како на пример да си го облечам тролот во невестински фустан и да им се удварам на поповите у Scarlet Monastery, дур остатокот од групата паѓа од смеење, или на Crysis да фатам Кореанец за гуша и да го влечкам низ цело ниво........

Во реалност можеш многу покреативни работи да правиш. Повеќе слобода = повеќе креативност, така? (Твојата теорија)

А асалните RPG игри си имаат културен речник од кој можеш многу убаво да си научиш англиски (не зборам тука за Диабло и слични глупости, туку за игри од FF калибар)

Да не си го повторувам претходниот пост.

Воопшто не ги мешам, модератор сум на хардвер, и многу добро ја знам разликата и плус имам многу осетливи и факт-ап очи, така да со сигурност можам да потврдам дека откако си купив LCD, веќе не ме болат очи и глава, а диоптерот ми се поправи за 0.25(малце е ама има напредок)

Епа ако не ги мешаш ќе видиш дека јас прашав кои се тие НОВИ монитори, а не кои монитори се подобри за очи. Знам дека LCD се подобри за очи, но не беше тоа прашањето.

Има голема врска, но не кај секој човек, јас на пример сум премногу осетлив на овие работи и ептен лесно ја приметувам разликата дури и во инкременти од 5 херци. Мајка ми на пример воопшто не осеќаше разлика меѓу 59-60(ТВ) и мојот стар ЦРТ(75)

Исто и за фпс, бидејќи сум закоравен конзолаш, неможам да трпам некоја игра да вози под 50-60 фпс, ми врши тортура.

Се осеќа разликата, но дали таа разлика стварно штети, или те нервира затоа што не Refresh-ува толку брзо, па од пуста нервоза се заморуваш.

тоа си е докажано нема што тука да збориш ... прецизната графика и добрата резулуција се многу попријатни за очите отколку замаглени површини кај што ќе те заболат очите доколку зјапаш во нив

Не зборувам дали е попријатно за очи туку дали ти изострува вид. Зашто мешате работи?

а ако се игра MMORPG се развива логика
Каде жити се ја гледаш логиката во "ако се игра MMORPG се развива логика"?
За логиката, најнормално ти се развива, исто како и кога решаваш математички задачи... Сега не велам за Бубле Бубле, туку за некои игри кои стварно ти го чепкат мозокот. Пр... Syberia, Still Life.......

Syberia и Still Life се MMORPG?

Немат никакво значење игрите, немам слушнато човек да постигне нешто играјки игри.
Не бе не, затоа гејминг индустријата е меѓу најпрофитабилните во светот, и оние кои што работат со игри имаат огромни плати. Не бе, не се постигнува ништо! (сарказам)

Постигнуваат тие што прават игри, а не тие што ги играат. Убаво се изрази LaVista. Тие што прават игри не седеле само пред компјутер и играле, туку учеле за тоа, работеле на тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom