Колку и како се провоцирате?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
За да ме испровоцираш мене ќе треба прво тој сто сака да ме испровоцира да пукне од нервоза зошто многу е тешко да се испровоцирам
 
Мене човек да ме испровоцира е мнооогу тешко. Се си прифаќам смирено дури понекогаш луѓето се чудат. Ама шо ги тркалам... Здравјето пред се... Неможам да се нервирам за се и сешто.
 
Може најлесно да се изнервирам кога мајка ми ми тврди нешто за што знам дека не е така, или кога некој лаже за нешто за што сум сигурна дека е вистина. Навистина излегувам од такт во овие две ситуации. Викам и се дерам се додека не го докажам спротивното од она што го зборуваат.
 
ме нервираат ''шофери'' влезени у јаки коли и праат циркуз на улициве...ме вадат од шарка
 
Флегма сум у душа. Има некои работи што ме нервираат како површноста и неозбилноста при вршењето работа но физички не манифестирам нервоза
 
Лесно се провоцирам.
Посебно кога некој се обидува да ми докаже нешто за кое сум сигурна дека сум во право и користи навредливи зборови затоа што очигледно нема аргументи.
 
Проба ли да ме испровоцираш нема да си поминеш многу лесно, ти враќам во поголема мера или само си седам мирно.
Ме испровоцира ли е тогаш уште полошо...
 
Па тешко некој да ме испровоцира до таа мера во која нема да можам да се контролирам. Колку и да сум изнервирана се контролирам и гледам да останам ладна и не се приметува. Ама потоа враќам со иста мера:toe:
 
Нерва сум во последно време и лесно може некој да ме испровоцира...ме нервираат старцине у 3 саат на пладне во автбус,ме нервираат искомплексиранине баби по шалтери(оние што работат),ме нервираат медицинскине сестри без грам памет,искомплексирани особи исто така....терам се у ПМ ама некогаш знам да преќутам...е после тоа враќам дупло доколку можам...
 
Не се провоцирам лесно..треба да ме погодиш ептен во слаба точка па да ме испровоцираш...
Ама ако ме испровоцира некој..незнам што ли не кажувам..
Вревам по мајки по сестри особено на другарите..
Еве сега ке ви раскажам една случка...
Имав еден другар, другари бевме 8 години и во последните 2 години веке ми скурчи од него....нонстоп наогаше шанси да ме понижи пред другите..оговараше зад грб....одкако влезе во нашето друштво почна да дели на Сиромашни и Богати (а и он самиот беше бетер од циганите) живееше во едно кукиче под кирија цело во влага...ај да не влегувам во детали можете да замислите, и еден ден во училиште ни кажаа за екскурзија во Семково во Бугарија и кој сака да се пријави...
И он стана и почна да расправа за сите дека ова била проклета стаја дека никој немал пари ....е од ова ми пукна филмот станав и пред сите го исцрнив му ги кажав и најголемите тајни пред сите што ми ги имаше доверено..едноставно го направив понадоле и од куче.
Е то е то драги мои...такви работи ме провоцираат......ај толку од мене оти уште сега вријам.
 
Прилично лесно се провоцирам и многу бурно реагирам.Не ми текнува некој конкретен пример во моментов.
За што највеќе се провоцирам.Па нема баш нешто посебно одредено,зависи од темата на пример на зборење,можам многу да се испровоцирам.
 
ретко кој може да ме изневира...обично не се нервирам за глупости...ама еве на пример има некои луге со некој тежок карактер и цело време тераат по нивно независно дали прават со тоа добро или лошо на лугето...ова е само една од причините...
 
Во вакви ситуацији функционирам на принцип I wish I had an ignore button. Игнорирам. Физички ретко манифестирам нервоза, додека внатре сум спремен да експлодирам. Зависно од темата, може лесно да се испровоцирам, ама ги бирам зборовите за да не го заплеткам соговорникот па да тресне нешто што не треба. Тогаш се вклучува мојот сарказам. Сума сумарум, лесно се провоцирам, ама не се гледа тоа.
 
Ми се чини дека човек што се провоцира повеќе од мене не постои . Ми треба мала искра за да пламнам . посебно кога играм фудбал . другарите намерно ме провоцираат и после не можам да играм туку само летам ко мува без глава .
 
Тешко може да ме испровоцира некој пошто сум горе-доле толерантен и трпелив со луѓето..на шалтери,и други такви места каде што горат живци имам чамено бајаги ми доаѓало да правам испади али ја мерам ситуацијата и сваќам дека на крај нема да завршам работа ако поулавувам и си викам ''како за сите овде така и за мене'' стално ја проценувам ситуацијата и секоаш ја земам во предвид состојбата на другата страна..
Онака еден на еден имам само 2-3 ствари што не сакам народ да се фаќа/сере за нив за се останато сум тешко избувлив и смирен ,толеранцијата и самоконтролата мислам дека на секој човек можат да му донесат поубаво секојдневие треба сите да ги практикуваме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom