- Член од
- 31 јануари 2014
- Мислења
- 5.169
- Поени од реакции
- 2.272
Следам форумски трендови и менувам став. Следниве две недели се недели на максимално хејтање.Ова некоа заебанција треба да биде?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Следам форумски трендови и менувам став. Следниве две недели се недели на максимално хејтање.Ова некоа заебанција треба да биде?
Е ај сега ќе побарам, сепак никогаш не би ја нарекол сопствената држава вукојебина. Освен ако не се чувствувам како гомно, а фала богу не се чувствувам така а на моето расположение не влијаат одлуките на извршната власт.Не е хејтање, се е факти црно на бело.
Слободно побиј ме ако има нешто во што не сме на дното на европа, дали е животен стандард, вработеност, квалитет на живот, загадување, било што, најди и кажи ми.
...на моето расположение не влијаат одлуките на извршната власт.
Јас кажав дека ми пречи зборот што го употреби за држававаНит сум бил ниту планирам да одам во САД, си ја сакам јас државата, но тоа не го менува фактот дека е на европското дно, а ти смири си ги малце хормоните.
Брутус, ако си малце писмен, ќе прочиташе јас не зборував само за сегашиот период, ако воздухот е загаден (конкрениот случај) ќе коментирам за тоа и имам право на тоа без оглед сега или за 40 години, кој и да бил на власт.
Не, туку затоа што сам си ја креирам својата судбина а овие други одлуки имаат индкретно влијание и не се толку битни за мојата лична среќа. На пример, од 1945 навака имаш случаи на партиски вработувања и тоа ме нервира и мислам дека треба да се смени, но не можам да кажам дека секој вработен е партиски влезен (затоа што лично познавам луѓе што работат во државни институции кои се опозиционери (нормално во кафана не партиски активисти), квалитетни луѓе, луѓе влезени со роднини, преку партија и тн. Исто така целата ситуација не ме засега до толку затоа што никогаш себеси не се гледав/м во администрација. Така да логичен заклучок е дека тие што врескаат и користат секоја можност да зборат за администрација и да плукаат се всушност извисени апликанти за работно место или опозициски членови кои чекаат прилика да влезат. Тие не го критикуваат системот туку само сакаат да бидат на местото на другите. Такви се 95% од претходноспоменатите луѓе. Но ај да не ја шириме темата да се вратиме на воздухот.
Еве еден објективен член рече дека сме вукојебина бидејќи бил загаден воздухот. Се разбира и во 90тите беше загаден и пред 90ти ама тогаш веројатно бевме епицентар на светот. Загадувањето е глобален проблем кој не може да се оправи на форум![]()
Ајде да речеме помирен сум донекаде, нормално треба да се врши притисок ама на вистински места. Во овој случај можеби кон главните загадувачи и до инспекторатите мада пак ќе кажам десет да затвориш од нив ради загадување имаш пад на инд. производство од 20-30%Изгледа не се разбравме. Пошто јас те прашував во контекст на темава, а ти разврза за нешто друго.
Нејсе. Ајде за последните пар реченици да поразговараме, пошто само тие се во контекст на темата на дискусијата...
Кога ќе кажеш "загадувањето е глобален проблем„ тоа за мене е симплифицирање и одбегнување на соочување со работите. Темава е за воздушното загадување, а тоа загадување иако има глобален аспект -сепак токму локалниот аспект е најизразен.
Зошто не е исто загадувањето и на две екстремно блиски локации како во Скопје и на Водно... а воопшто и да не се обидуваме да правиме споредби на Скопје со локации кои имаат и уште помал број на жители, и загадувачи, по метар квадратен.
Значи, колку и да се обидуваш да ја прикажеш работава во глобален аспект -и со тоа да ја разводниш одговорноста за загадувањето... тоа никако не може да ти успее. Загадувањето е најизразено токму локално окулу најголемите загадувачи.
Дека сум во право, покажуваат фактите: Во Скопје имаа најголема концентрација на загадувачи, и тоа го покажуваат и мерењата на загадувањето.
http://www.numbeo.com/pollution/region_rankings_current.jsp?region=150
Ете ти го Скопје цела зима на прво место.
Исто така велиш дека проблемите не можат да се „оправат на форум„. Освен што (донекаде) можат.
Работата е во градењето на критичката свест кај граѓаните. Кога ќе достигне критична маса на бројот граѓани кои се свесни за одреден проблем, во случајов загадувањето, тогаш „извршната власт„ (чии одлуки тебе ете не те замараат) ќе мора да се справи со тој проблем.
Наместо да го игнорира загадувањето и да го нарекува „глобален проблем„.
Види за некои работи мора да се зголеми свеста а и може да се зголеми. Порано ја мислам 90% од луѓето фрлаа ѓубре кај стигнат (зборам за ѓубре у смисла опаковки од мастики, чоколади сковои) денес мислам дека не е такаИ јас се надеавам дека ќе се преземат мерки, а на зголемување на совеста на фирмите и граѓаните не сметам никако. И нема зошто да чекам на нечија совест, кога си постојат закони и регулации и истите треба да се почитуваат... се разбира преку нивното совесно спроведување на извршната власт (што сега извесно не е случај).
Впрочем, законите и регулациите треба и понатаму да се продлабочат за да ги опфатат новите индустриски трендови во светот. Нешто што не се произведува овде (па нема загадување од производниот процес), не значи и дека тоа нешто не се увезува... а сепак треба да биде безбедно и регулирано со закон (пример, ГМО храна).
Нејсе, да не дигресираме од темата...
ОК. Да. Ама како да се зголеми свеста?Види за некои работи мора да се зголеми свеста а и може да се зголеми...