Chains
империја
- Член од
- 15 август 2006
- Мислења
- 761
- Поени од реакции
- 678
Со обид да не звучам претенциозно, ќе пробам да ја дадам мојата гледна точка.
Балканецот нема работна навика. Навистина нема. Особено новите генерации израснати во закрила на презаштитнички настроени родители. И затоа имаме вакви случаи "podobro ke ziveam so mama i tato i nema da plakjam nitu kirija nitu hrana". Од моите искуства на страна, моментално учам и работам во Берлин, постои голема разлика во младината на Балканот и во Европа (во САД не сум бил неможам да зборам). Имено тука, во Германија, тинејџерите за летен распуст веднаш бараат летна работа, шетање кучиња, давање часови математика на мали деца, работа во кафуле, шетаат туристи за беспари (на база на бакшиш) и ред други работи. Кај нас, секоја чест на исклучоци, по завршување на школска година, прва работа што се договара е 10 дена на Халкидики, Закинтос и останато. И мене ми е криво, но ова е вистината. Многу мал процент од децата подработуваат нешто во своите тинејџ години, баш кога се создава таа работна навика. И имаме ситуации кога од додипломски скокаш право на магистратура, и на 26 години ти немаш тронка работна навика. Тука е проблемот.
Мојот пример е следниов. Во Август минатата година пристигнав на студии тука на стипендија од DAAD која изнесува 1000 евра месечно и ми ги покрива студиите и киријата. Активно почнав да барам работа втората недела одкако дојдов. Во октомври веќе почнав со работа во голем онлајн инкубатор во business development одделот. Тука мора да додадам дека зборувам течно германски. Луѓето во фирмата беа обзирни и ми понудија working student договор, т.е кога имам часови на факултет работам 4 часа дневно, а помеѓу семестри и лето ќе работам полно работно време. Платата ми е 8 евра од час нето, плата која е на долниот дел на скалата кога зборуваме за професии кој бараат универзитетска диплома.
И стигнуваме до тоа како работат луѓево овдека. Ми беше многу тешко да се прилагодам на тој ритам. Имено во петок 6 ипол часот, јас прв си одам од канцеларија. Така функционира тоа овдека. Но затоа секој има 40 дена платен одмор, шетаат секој викенд по скијање во Австрија, (колега еден во Перу ми текна да иде, зема една недела одмор и трк) . Тоа е живот. Работиш напорно, но обезбеден си, имаш за комфорен живот.
Не велам дека е совршено, никаде не е. Но имаш едно онака, поразително чувство во себе, кога ќе ти текне како се живее дома.